fbpx

Како анксиозноста го попречува слабеењето?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Секој што има намера да слабее знае дека менувањето на исхраната кон правилна и здрава треба да биде основната промена. Сепак, во минатата статија зборувавме и за други клучни моменти кои се дел од процесот на слабеење, како физичката активност, мотивот, истрајноста и позитивниот пристап, добриот сон, но и успешното контролирање на стресот.

Во продолжение, нешто повеќе околу тоа како стресот влијае негативно на процесот слабеење.

Стресно јадење

Во периодите на стрес, многумина посегнуваат по храна со силни вкусови карактеристики, храна која ќе им понуди чувство на задоволство и бегство од реалноста, барем за момент. Всушност, задоволството кое може да ни го понуди храната, го користиме како механизам за справување со стресот.

"“Online”/

Периодов со пандемија на коронавирусот е уште една причина за стрес, период кога многумина се чувствуваат исплашено, но и осамено, безенергично итн. Студиите кои ќе се прават за овој период, ќе ни дадат и повеќе корисни информации за врската помеѓу стресот и исхраната, но што веќе знаеме?

Зошто стресот кој води кон анкзиозност води и кон повишување на телесната тежина?

Кога јадењето е ,,механизам” за справување со хроничниот стрес, луѓето не посегнуваат по здрава и свежа храна, како брокулата на пример. Во вакви ситуации, како по правило се избира храна со интензивни вкусови карактеристики, силно зачинета храна богата со заситени маснотии и шеќери, храна која дава многу пријатно чувство на заситеност, но на само на краток период – потоа повторно исто, посегнување по истата храна, како циклус.

Дополнително, кога сме под стрес, телото лачи одредени хормони кои не ,,насочуваат” кон нездравата и вкусна храна. Кортизолот или стресниот хормон, стимулира лачење на повеќе инсулин што може да води кон воспалителни процеси и покачување на телесната тежина. Ова е природен механизам на телото, според кој тоа си помага за полесно активирање на ,,бори се или бегај” одговорот, односно за полесно доаѓање до неопходната енергија потребна за акција.

Fibro Gel

Но, кога ,,опасноста” е ментална, овој процес може да биде штетен и да води кон чести прејадувања, а ова пак кон гојазност.


Како да се справувате со анксиозноста?


Ако сте склони на стресни прејадувања во овој период на пандемија, обидете се да ги искористите следните совети:

• Вратете го редот во секојдневнието


Во овој период на пандемија веројатно се чувствувате исплашено, но и загубено, седејќи дома наместо да одите на работа, лежејќи во кревет наместо да одите во теретана или избегнувате физичка активност на отворено итн. Создавањето на распоред за обврски и активности во секојдневието, може да биде од значителна помош во справувањето со анксиозноста.

Искористете го слободното време кое сега најверојатно го имате повеќе од било кога за да пробате некои нов, здрав рецепт, да се едуцирате малку повеќе околу исхраната и здравјето и останете виртуелно поврзани со блиските и пријателите.

• Вратете се на физичката активност или ако не сте биле редовно физички активни, активирајте се!


Умерената физичка активност на отворено, особено ако сме сами или со некој близок, претставува мала опасност за заразување со вирусот. Дополнително, можете да вежбате и дома.

Студиите покажуваат дека физичката активност може да го поправи расположението и значително да помогне во справувањето со депресијата и анксиозноста. Ендрофините се хормоните кои се излачуваат за време на вежбањето и промовираат чувство на пријатност.

• Добриот сон мора да биде еден од приоритетите

Немањето доволно сон се поврзува со повишување на телесната тежина, што би значело дека добрите навики за спиење се значајни и во овој контекст.

• Бидете искрени со себе и научете да си простувате

Прифатете го фактот дека периодов можеби не ги правите здравите избори во однос на храната кои инаку доследно ги следите. Овие ,,исклучоци” не значат дека вашата идеја за здрава исхрана е пропадната! Не се обидувајте да бидете перфекционисти и најдете добар баланс помеѓу здравата исхрана и обидите да бидете перфекционисти.

• Најдете си механизам за справување со стресот кој вам најмногу ви одговара


Можеби за некого тоа е пиењето чај и кафе, за некого јогата и медитацијата, за друг молитвата итн. Но, за некого тоа се и цигарите, но тие пак се поголема опасност за здравјето отколку прејадувањето.

• Пред да јадете, прашајте се зошто јадете 


Дали сте навистина гладни или се обидувате со вкусната, но нездрава храна, да си приредите кратко ослободување од стресот.


• Кога чувствувате потреба за храна, а свесни сте дека телото не е гладно, обидете се да најдете некаква дистракција од ситуацијата

  • Никогаш не прескокнувајте оброци, особено не доручекот

 

  • На крајот, многу важно, доколку чувствувате потреба, побарајте стручна помош 

    И психолошките состојби се болест и нема ништо страшно и срамно во тоа што токму вас ве погодиле, тоа воопшто не значи дека сте слаба личност.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X