fbpx

АНТИОКСИДАНТИТЕ помагаат да се одржи ВИТАЛНОСТА кај повозрасната популација!

tonus

Добро знаеме дека овошјето и зеленчукот се едни од најдобрите извори на т.н микронутриенти – минерали и витамини кои се неопходни за нашето здравје. Овие нутриенти се потребни во точно познати, мали количини и имаат разни ефекти во организмот кои се добро проучени и познати на науката. Но, свежите намирници се извор и на еден друг тип соединенија, кои не се вбројуваат во групата на микронутриенти, но исто така имаат важна и силна улога во организмот – антиоксидантите. За разлика од микронутриентите, антиоксидантите имаат нешто помалку дефинирана улога, па така нивното целосно дејство и потенцијал сè уште се истражуваат. Во оваа денешна статија накратко ќе зборуваме за група на антиоксиданти познати како флавоноли и ќе погледнеме како се истите корисни за одржување на здравјето кај повозрасните. 

 

Што се всушност антиоксидантите?

Во секој момент во организмот се одвиваат огромен број на метаболитички процеси преку кои храната се претвора во енергија. Во овие процеси, како ,,нус“ продукти или наречени уште и метаболитички отпад, се создаваат молекулите на слободните радикали.

Негативните дејства на слободните радикали се поврзуваат со кардиоваскуларните и малигните заболувања, артритисот, со забрзаниот процес на стареење итн.

"“Online”/

Антиоксидантите се вид на „ловци“, односно неутрализатори на слободните радикали. Всушност, ваквото неутрализирачко дејство го остваруваат преку донирањето на електрони на слободните радикали. Така, претходно силно реактивните молекули, веќе ја немаат таа ,,моќ” да реагираат и да ги оштетуваат молекулите во нивната околина – односно стануваат стабилни молекули.

Антиоксидантите се молекули кои во одредена мера се синтетизираат во организмот (глутатион, убикинол, урична киселина, одредени ензими итн.), но треба да ги внесуваме и преку здравата и разновидна исхрана.

Во периодот на детството, телото продуцира највеќе антиоксидатни, а нивните нивоа опаѓаат со текот на стареењето, па на тој начин растат и потребите за нивно поголемо внесување преку исхраната.

Најдобро познатите антиоксиданти се витаминот Е, витаминот Ц и каротеноидите. Витаминот Е е важен маснорастворлив антиоксидант во клеточните мембрани. Витаминот Ц е водорастворлив антиоксидант, а бета-каротенот е главниот антиоксидант-прекурсор за создавање на витамин А во организмот. Доколку не постои баланс помеѓу создадените количества слободни радикали и присутните антиоксиданти, започнуваат процеси познати под името ,,оксидативен стрес”. Ваквите процеси се причинители на различни клеточни, ткивни, па и органски оштетувања.

 

Како антиоксидантите може да го одржуваат нашето здравје при стареењето?

Едно ново истражување се фокусирало на групата антиоксиданти познати како флавоноли и флавоноиди и нивниот ефект врз здравјето кај повозрасните. Поконкретно, кверцетинот како антиоксидант бил проучуван. Во оваа студија бил согледан ефектот на овие антиоксиданти во поглед на појавата на слабост и изнемоштеност кај повозрасните. Било утврдено дека поголем внес на антиоксиданти преку исхраната значи и помали шанси за појава на овие состојби кај повозрасните. Резултатите покажале дека некои видови на антиоксиданти се особено корисни во поглед на задржување на силата и општото здравје

Под кревкост, слабост и изнемоштеност се мисли на поширок спектар на состојби кои го зголемуваат ризикот за хоспитализација, неподвижност, повреда или пад или фрактури кај повозрасните. 

Резултатите од студијата покажале дека за секои 10mg зголемен внес на флавоноли (антиоксиданти) дневно, ризикот за слабост и кревкост кај повозрасните се намалува за 20%. За контекст, едно јаболко со средна големина е доволно за внес на оваа количина на антиоксиданти. 

Оваа студија се надоврзува на нешто што е веќе добро познато, а тоа е дека исхраната го чува и продолжува здравјето и тоа особено е нагласено во староста. Покрај антиоксидантите, протеините се сметаат за исто така клучни нутриенти кои го одржуваат мускулниот тонус кај возрасните. Витаминот Д и калциумот се неопходни за здравјето на коските. Внесот на калории и разновидноста во исхраната е исто така важно за возрасните. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор