fbpx

Кој е МЕХАНИЗМОТ на АНТИ-СТРЕС дејството на АШВАГАНДА?

tonus

Стресот е неизбежен дел од секојдневието, а секој има различен начин за справување со него. Меѓутоа, на секој од нас повремено му е потребна мала помош, односно начин за полесно и поуспешно справување со стрес, особено кога тој е зачестен и значително изразен. Еден од најдобрите и најкористените природни суплементи за оваа намена е ашвагандата. Таа се смета за растение/билка со најдобар т.н „адаптоген ефект“. Во продолжение ќе го погледнеме точниот механизам и ефект на оваа билка врз нашиот организам, односно начинот на кој таа го регулира и намалува стресот

 

Што значи терминот „адаптоген ефект“?

Супстанците со адаптогено својство или т.н „древни билки“, во кои спаѓа и ашвагандата, се користат ширум светот за нивното смирувачко и анти-стресно дејство. Покрај справувањето со стрес, тие може да помогнат и при анксиозност, замор и целокупно да ја подобрат нашата благосостојба. Се смета дека тие регулираат одредени реакции во телото со што му помагаат истото да се доближи до некоја форма на рамнотежа и смиреност. Во тој поглед, Ашвагандата се смета дека има корисно и позитивно дејство врз ендокриниот, нервниот, имуниот и кардиоваскуларниот систем. Таа учествува во регулирање на метаболизмот и му помага на мозокот при изложеноста и одговорот кон некаква стресна ситуација. Дополнително, таа има антиоксидативно и анти-воспалително дејство, со што ги заштитува нашите клетки од оштетување кое може да биде особено нагласено при хроничен стрес.

За некое растение да се смета за адаптогено, тоа мора да задоволни три различни критериуми:

"“Online”/
  • Да нема токсично дејство кога се користи во препишаните, точно утврдени дози
  • Да му помага на организмот подобро да се справува со стрес
  • Да му овозможи на телото да се врати во одредена рамнотежа (хомеостаза)

Ашвагандата е докажан и потврден адаптоген и како таква може да помогне при секојдневната изложеност на стрес и анксиозност. Секако, таа не е трајно решение и наша задача е да пронајдеме соодветен начин за справување со стресот, особено долгорочно.

Денес, адаптогените билки се користат како додаток на исхраната (суплементи), најчесто како екстракти во форма на капсули или прав.

 

Кој е механизмот позади дејството на ашвагандата?

Витанолидите, група природни соединенија кои се наоѓаат првенствено во растенијата од семејството Solanaceae, особено ашвагандата (Withania somnifera), се доста проучувани и популарни поради нивните потенцијални анти-стрес ефекти и регулацијата на кортизолот (стрес хормон). Механизмот на нивното влијание вклучува модулација на оската хипоталамус-хипофиза-надбубрежна жлезда, клучен систем кој ја регулира реакцијата на телото кон стрес. Истражувањата сугерираат дека витанолидите делуваат на повеќе нивоа во рамките на оваа оска. Прво, се чини дека тие влијаат на хипоталамусот, намалувајќи го ослободувањето на кортикотропин-ослободувачки хормон (CRH), кој ја иницира реакцијата што води до создавање на кортизол. 

Второ, се верува дека витанолидите делуваат и на хипофизата, инхибирајќи го лачењето на адренокортикотропен хормон (ACTH) кој го стимулира ослободувањето на кортизол од надбубрежните жлезди. Дополнително, се смета дека витанолидите директно влијаат на самите надбубрежни жлезди, намалувајќи ја нивната чувствителност на ACTH и со тоа впрочем ја намалуваат синтезата и секрецијата на кортизол

Исто така, витанолидите поседуваат и антиоксидантни својства, кои ги штитат клетките од оксидативен стрес, предизвикан од хроничното покачување на кортизолот. Покрај тоа, откриено е дека тие ја модулираат и експресијата на гените вклучени во механизмите за одговор на организмот кон стрес, промовирајќи отпорност и адаптација на стрес фактори.

Да сумираме – витанолидите преку нивните повеќеслојни дејства на оската HPA и другите клеточни процеси, покажуваат потенцијал за природен начин на ублажување на стресот и регулирање на нивото на кортизол.

Многу повеќе информации, како и начин за нарачување на АШВАГАНДА може да најдете на следниот ЛИНК.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор