fbpx

Лаксативите создаваат ЗАВИСНОСТ, кои се природните решенија?

tonus

Ако нездравата исхрана се разгледува како проблем на јавното здравје, постојат повеќе аспекти коишто треба да се земат предвид. Веројатно главниот проблем што се јавува помеѓу популацијата заради лошите навики за исхрана е вишокот телесна тежина. Сепак, постојат и други аспекти што се не помалку значајни. Меѓу нив се издвојува проблемот со застапеноста на растителните влакна или уште наречени фибер во нашата исхрана.

[Поврзано: Растителни влакна – како да препознаеме дека ни фалат?]

Најголемиот недостаток во исхраната за којшто ретко се зборува!

Ваквиот недостаток е особено изразен и може слободно да се каже дека помеѓу хранливите материи што се дефицитарни во модерната исхрана, растителните влакна се на самиот врв. За жал, ова воопшто не е добро искомуницирано со јавноста. 

Истражувањата и статистиките недвосмислено покажуваат дека процентот од популацијата којашто не внесува доволно растителни влакна е дури и до над 80%. Состојбата е условена пред се’ од намалениот внес на свежа (овошје и зеленчук) и полнозрнеста храна во исхраната. Проблемите што можат да се јават поради овој дефицит се најразлични – вишок телесна тежина, нарушена состојба во микробиомот или микрофлората, проблеми со дигестијата итн.

"“Online”/

Опстипација или запек – проблем на модерното време

Во продолжение ќе зборуваме за проблемот со дигестијата што предизвикува отежнато празнење, односно за лекарставата кои се употребуваат да се контролира ваквата состојба и опасноста или несаканите ефекти од нив. Станува збор за состојба наречена опстипација или запек. Во најголемиот дел од случаите, проблемот со запекот е директна причина од недоволниот внес на фибер преку исхраната. Многу често, луѓето не ја знаат или ја занемаруваат самата суштина на причините поради кои се јавува овој проблем. Решението исто така многу често се бара во лекарствата наречени лаксативи.

[Поврзано: Запек – Кои се причините и кое е најелегантното РЕШЕНИЕ?]

Лаксативи – решение кое на долг рок доаѓа по многу висока цена

Лаксативите се супстанции или медикаменти што се користат за поттикнување на придвижувањето на цревата и олеснување на констипацијата. Тие функционираат според различни механизми, како омекнување на столицата, зголемување на интестиналната мускулна контракција (придвижување) или носење на повеќе вода во цревата. Иако овие лекарстава се доста ефективни и ефикасни, тие пред се’ мораат да се земаат додека сме под детален надзор од стручно медицинско лице. Зошто? Несоодветната и продолжена употреба на лаксативите има силен потенцијал да води кон различни проблеми. Веројатно најважниот несакан ефект е зависноста што ја поттикнуваат.

Биологијата зад зависноста од лаксативит

Биолошкиот механизам зад зависноста од лаксативите е комплексен и вклучува неколку физиолошки, но и психолошки фактори.

Физиолошка зависност

Kога некој редовно употребува стимулирачки лаксативи, што го иритира тенкото црево за да се раздвижува, рецепторите во тенкото црево можат да станат помалку респонсивни или помалку да одговараат на дразбата со текот на времето. Ова води кон намален ефект од самата употреба на лекот, што резултира со потреба од повисоки дози за да се достигне посакуваното раздвижување на цревата.

Продолжената употреба на лаксативите може да го наруши природниот механизам на организмот за регулирање на движењето на цревата. Всушност, телото може да почне да се потпира единствено на лаксативите во намерата да стимулира движење на цревата и на тој начин да ја изгуби својата природна функција во отсуство на лекарствата.

Чувството на надуеност може да се јави како причина за оваа загубена способност на цревата, па луѓето чувствуваат потреба за да ги смират цревата повторно да се напијат од лаксативите. Се работи за еден тип на циклус.

Електролитен дисбаланс

Лаксативите можат да предизвикаат загуба на електролитите (калиум, натриум, магнезиум) преку дијареата што може да се предизвика. Електролитниот дисбаланс може да има од полесни, па се до посериозни последици.

[Поврзано: 6 совети за ЕЛЕКТРОЛИТЕН БАЛАНС!]

Прекумерната употреба  на лаксативите може да води до значителна загуба и на водата.

Психолошки фактори и навика

Психолошкиот фактор може да игра клучна улога кога станува збор за зависноста од лаксативите. Луѓето што редовно употребуваат вакви лекарства можат да развијат психолошка зависност од нив. Може да веруваат дека им требаат лаксативи за да се чувствуваат ,,чисто и олеснето”, но во некои случаи и да им создадат чувство дека ја контролираат телесната тежина.

Едноставно формираната навика во комбинација со биолошкиот механизам што го објаснивме погоре, ефектот = зависност. 

Во однос на третирањето на оваа зависност, потребно е да се консултирате со лекар. Постојат повеќе достапни опции, а во перспектива можете да користите природни лаксативи и секако, да ја смените исхраната која е во самиот корен на проблемот со опстипацијата (најчесто).

Природните лаксативи не создаваат зависност, а имаат сличен ефект без речиси никакви несакани дејства

Постојат повеќе природни решенија за олеснување на констипацијата, без несакани ефекти. Иако ефектот знае да биде и индивидуален, сепак истражувањата и статистиките укажуваат дека природните лаксативи значително помагаат, а неретко и го решаваат проблемот со запек. Постојат повеќе храни и пробиотски храни што се од помош (кефир, јогурт, суви сливи, киви итн.), но најпотентен ефект имаат суплементите од фибер. 

За најдобар се смета псилиумот, составен од водорастворливи растителни влакна. Нашиот производ ФИБРОГЕЛ е составен од токму ваков псилиум, со висок степен на чистина. Многу повеќе околу ФИБРОГЕЛОТ и неговите многубројни ефекти, прочитајте на следниот линк: https://shop.drmitov.mk/p/fibrogel/

[Поврзано: 6 природни решенија за ЗАПЕК]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор