fbpx

ЦИТРУЛИН за подобар крвоток. Каде може да го најдеме?

tonus

Во денешната статија ќе ги разгледаме својствата на една интересна не-есенцијална аминокиселинацитрулин. Терминот не-есенцијална значи дека нашето тело може самостојно да ја создаде и таа не е непоходно да се внесува преку исхраната. Но, таа е доста застапена во некои типови храна, а особено во некои намирници карактеристични за летото. Со консумирање на ваквите намирници, може да ги зголемиме природно присутните нивоа на цитрулин во организмот.

Во продолжение ќе погледнеме што претставува оваа аминокиселина, какви се нејзините придобивки за нашето здравје и во кои намирници најлесно може да ја најдеме.

 

Што претставува цитрулинот?

 

Цитрулинот, како што веќе споменавме, претставува аминокиселина. Аминокиселините се исклучително важни соединенија и всушност сите протеини во човековото тело се изградени од 20 различни аминокиселини. Цитрулинот не припаѓа на ваквата група, но е природно застапена во разни намирници и сепак има одредени функции во човековото тело. Оваа аминокиселина се создава во црниот дроб и цревата. Таа во бубрезите може да биде конвертирана во друга аминокиселина – аргинин и исто така во соединението – азотен оксид. Ваквата конверзија на цитрулинот е делумно заслужна за разните позитивни ефекти.

"“Online”/

 

Кои се функциите и бенефитите од цитрулинот?

 

Азотниот оксид, соединението кое се добива по конвертирањето на цитрулинот во аминокиселината аргинин, има повеќе различни ефекти во организмот.

Имено, истото помага при релаксирањето и подобрување на функционирањето на артериите, со што се подобрува и крвотокот. Интересно е што некои студии покажале дека консумирањето на цитрулин доведува до зголемени нивоа на аминокиселината аргинин во телтоо, отколку самиот директен внес на аргинин. Ова се должи на различниот начин на кој телото ги метаболизира и апсорбира овие две аминокиселини.

Инаку, ваквиот ефект врз крвните садови кој индиректно го има цитрулинот при неговата конверзија во азотен оксид, е доста популарен и искористен од луѓето кои вежбаат. Дополнително, одредени студии покажуваат дека, иако цитрулниот не е поврзан со градбата на протеините, истиот може да допринесе за нивна зголемена синтеза преку стимулирање на клучен метаболички пат за создавање на истите.

 

Може да помогне со намалување на крвниот притисок

 

Зголемен внес на цитрулин, особено преку суплементи, се покажал како ефективен начин за регулација на крвниот притисок, особено кај луѓе со хипертензија.

Студии што вклучувале помал број на испитаници (30-40), покажале дека по осум неделно користење на ваквите суплементи, вредностите за крвниот притисок кај испитаниците се намалиле за 4-15%.

Во друга студија во која биле вклучени 12 испитаници, резултатите покажале намалување на вредностите за крвен притисок од 6-16% по само 7 дена.

 

Може да влијае врз кондицијата и вежбањето

 

Поради ефектот кој го има врз крвотокот, цутрулинот е доста истражуван во поглед на кондиционите и вежбите поврзани со сила и тежина.

Во поглед на кондиционите или вежбите за изджливостстудиите покажале дека земањето на цитрулниот како суплемент не довел до промена во потрошувачката на кислород при вежбањето. Но, резултатите покажале дека доаѓа до зголемување на нивото на кислород во самото мускулно ткиво.

Ваквите резултати покажуваат дека, иако цитрулниот не доведува до зголемена потрошувачка на кислород во телото при вежбањето, истиот може да ја подобри искористеноста на кислородот во мускулите. Ова може да доведе до подобар перформанс.

Во една студија, велосипедистите кои земале цитрулин како суплемент, возеле 12% подолго, отколку оние кои не го земале суплементот.

Во поглед на вежбите со тежина – во една студија која вклучувала 41 маж, биле согледувани и испитувани ефектите на цитрулинот (во форма на цитрулин малат) кај вежбите со тежина и бројот на нивните повторувања. Испитаниците кои го земале цитрулинот како суплемент, можеле да направат 53% повеќе повторувања, отколку оние кои добиле плацебо. Дополнително, два дена по вежбањето, воспалението во мускулите кај нив било за 40% помало.

Друга студија исто така покажала дека цитрулин малатот, го намалува уморот и го подобрува перформансот при вежбање.

 

Намирници кои го содржат цитрулинот

 

Самото име на цитрулинот, доаѓа од латинскиот израз за лубеницата „citrullus“. Ова ни укажува дека намирницата во која оваа аминокиселина е можеби најзастапена е токму лубеницата – овошјето карактеристично за топлите летни денови.

Покрај неа, останати намирници кои ги има на нашите простори, а го содржат цитрулинот се :

  • Тиква
  • Јаткаски плодови
  • Наут
  • Краставица
  • Мешунки

 

Како што веќе споменавме, телото само го создава цитрулинот и тој не е неопходен да се внесува преку исхраната. Но, со консумирање на овие намирници  може да ги зголемиме природно постоечките нивоа во организмот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор