fbpx

ПРЕКУМЕРНА ТЕЖИНА – една од главните причини за ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ!

tonus

Зголемената и прекумерна телесна тежина е нажалост доста чест и сериозен проблем со кој многумина се соочуваат. Тоа е повеќе од само „естетски проблем“ и впрочем претставува сериозна здравствена состојба која е значителен ризик фактор за голем број други заболувања и проблеми со здравјето. Еден ваков проблем кој неретко се јавува е замастувањето на црниот дроб. Тоа претставува сериозна состојба која никако не смее да се игнорира. Во денешната статија, ќе се задржиме малку повеќе на поврзаноста меѓу покачената тежина и замастување на црниот дроб.

 

Што претставува замастувањето на црниот дроб?

Црниот дроб претставува вториот најголем орган во телото и е заслужен за огромен број функции. Неговото здравје и оптимално функционирање ќе се рефлектира и на нашето целокупно здравје. Неговото замастување значи дека ваквата оптимална функција е нарушена, а тоа може сериозно да се рефлектира врз повеќе аспекти од општото здравје. Но, што всушност претставува ваквото замастување?

Како што ни кажува и самото име, замастениот црн дроб има вишок на складирани и акумулирани масти. Кај некои луѓе ваквата акумулација може да не предизвика симптоми или проблеми, но кај многумина може да се јави и оштетување на самиот орган. Прекумерните масни наслаги може да предизвикаат воспаление кај црниот дроб, што пак може дополнително да го оштети ткивото.

"“Online”/

Постојат два типа на замастување – алкохолно и не-алкохолно замастување. Според некои статистики, околу 25-30% од случаите се вбројуваат во не-алкохолното замастување. Во продолжение ќе зборуваме токму за овој тип на состојба и ќе видиме зошто најчесто се јавува кај лицата со прекумерна тежина.

 

Зошто се јавува овој тип на замастување на црниот дроб?

За разлика од алкохолното замастување, овој тип на замастување е забележан кај лица кои не внесуваат алкохол во прекумерни количини. Но, кај нив се најчесто присутни состојби како: прекумерна телесна тежина, хипертензија, покачен холестерол, дијабет и сл. Доколку ваквата состојба не се третира навремено, кај некои пациенти може да дојде до трајно оштетување на ткивото од црниот дроб – состојба позната како цироза.

Главните ризик фактори за развивање на замастен црн дроб се:

  • Зголемена телесна тежина и гојазност
  • Инсулинска резистентност (состојба при која клетките слабо реагираат на инсулинот)
  • Високи вредности на глукоза во крвта, предијабет и дијабетес тип 2
  • Високо ниво на триглицериди и холестерол во крвта

Останати помали ризик фактори:

  • бременост
  • пребрзо губење на телесната тежина
  • некои видови на инфекции на црниот дроб, како хепатит Ц
  • несакани дејства на некои медикаменти
  • преголема изложеност на некои токсини
  • генетски фактори

Дијагностицирањето на оваа состојба може да биде со физички преглед или со соодветна анализа на крвта. За посериозните состојби може да се спроведе и биопсија. Во почетните фази на замастувањето, главно нема јасни и препознатливи симптоми. Затоа, ваквата состојба е особено опасна и штетна бидејќи луѓето може со години да живеат без соодветна дијагноза. Доколку замастувањето е во нешто понапредна фаза, може да се јават симптоми како:

  • Болка во десниот дел од стомакот, под ребрата
  • Изнемоштеност и умор
  • Нагло слабеење, без очигледни причини
  • Слабост и недостиг на енергија

 

Зошто прекумерната тежина се смета за еден од главните ризик фактори?

Прекумерната тежина е главен ризик фактор за не-алкохолното замастување на црниот дроб, бидејќи истата е синоним за вишок маснотии присутни во организмот. Ваквиот вишок се складира на повеќе места во телото, а едно од нив е и црниот дроб. Затоа, обезноста, во комбинација со дијабетот, хипертензија и покачен холестерол – значително го зголемуваат ризикот од замастување на црниот дроб. Во овој случај, најдобра првична препорака е континуирано, здраво и постепено да се намалат килограмите. Ова секако се препорачува да биде преку промени во начинот на исхрана, зголемена физичка активност, воведување на здрави секојдневни навики и сл. Доколку се намали тежината, доаѓа до намалување и во масните наслаги, триглицеридите во крвта, подобра можност телото да го регулира нивото на шеќер во крвта, зголемена сензитивност кон хормонот инсулин и сл. Воглавно, студии покажуваат дека понекогаш само 10% намалување на тежината е доволно за подобра функција на црниот дроб, неговите ензими и намалување на воспалението. Во одредени случаи, употребата на лекарства во текот на овој процес е неизбежна. За најпрецизна дијагноза и препорака, секако обратете се кон медицинско лице кое ќе ве води и насочи низ процесот на слабеење и третирање на замастениот црн дроб.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор