fbpx

ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ помага да имаме здрави и силни ЗГЛОБОВИ!

tonus

На нашиот блог редовно зборуваме за бројните бенефити од редовната физичка активност, а денес поконкретно ќе се задржиме на здравјето на зглобовите. Ќе зборуваме зошто редовното движење или вежбање помага зглобовите да останат силни и здрави.

 

Зошто е важно да сме физички активни?

Редовната физичка активност, покрај здравата исхрана, е можеби една од наједноставните, а сепак најефикасни алатки за одржување на нашето здравје и виталност. Како здрава навика, вежбањето може значително да допринесе кон подобрување на нашето физичко, но и ментално здравје.

Дел од придобивките кои физичката активност ги дава се:

"“Online”/
  • Одржување на телесната тежина – физичката активност помага да ја одржиме, па и намалиме телесната тежина, бидејќи таа ја зголемува потрошувачката на калории. Било кој тип на активност, во било кој период може да ви помогне да потрошите неколку дополнителни калории.
  • Подобрено срцево здравје и намален ризик од заболувања – вежбањето е добар начин да се регулира „лошиот“ LDL холестерол, а да се подобри нивото на т.н „добар“ холестерол. Редовната физичка активност го намалува ризикот за: мозочен удар, срцев удар, хипертензија, тип 2 дијабет и сл.
  • Подобар и поквалитетен сон – физичката активност е еден од најдобрите начини за да го подобриме квалитетот на нашето спиење. Повеќе на оваа тема може да прочитате во една од нашите претходни статии, која можете да ја најдете тука.
  • Подобрена физичка подготвеност, градење ново мускулно ткиво и поздрави и посилни коски.
  • Подобрено расположение – вежбањето и движењето доведуваат до лачење на одредени хормони – ендорфини, адреналин и сл. Тие се сметаат за заслужни за ефектот на подобрување на расположението кој го има физичката активност и токму за ова ќе зборуваме во продолжение.

Поврзано: ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ го продолжува животот на ВОЗРАСНАТА ПОПУЛАЦИЈА!]

 

Како влијае физичката активност и редовното вежбање на здравјето на зглобовите?

Редовната физичка активност и вежбањето играат клучна улога во одржувањето на оптималното здравје на зглобовите,а ова е потврдено од безброј научни докази и студии. Редовната физичка активност помага да се зајакнат мускулите кои ги опкружуваат зглобовите, а со тоа добиваме и поголема поддршка, рамнотежа и стабилност. Дополнително, вежбањето придонесува за одржување на здрава густина на коските, клучна за структурата и отпорноста на зглобовите, особено против некои дегенеративни состојби како што е остеоартритисот. Вежбите со тежина, особено делуваат позитивно на структурата и цврстината на коските, што може да помогне да се спречи остеопорозата и да се намали ризикот од фрактури.

Исто така, вежбањето го промовира и производството на синовијална течност, вид на „подмачкувач“ во зглобовите, кој го олеснува непреченото движење и го намалува триењето. Студиите покажуваат дека луѓето кои се редовно физички активни, имаат помалку болки во зглобовите и вкочанетост, во споредба со оние кои претежно имаат седентарен начин на живот. 

Важно е да напоменеме дека вежбањето воопшто не мора да биде со висок интензитет и напор за да биде корисно, напротив, и активности како што се пливањето и возењето велосипед можат да обезбедат значителни здравствени придобивки за зглобовите. Тие се исто така препорачливи за луѓето кои веќе имаат некаков проблем со зглобовите, имаат некаква повреда или едноставно немаат доволна физичка подготвеност за некоја понапорна физичка активност.

Но, без разлика на типот на активноста, сосем јасно е дека редовната активност помага зглобовите, но и коските да ги одржиме здрави, а тоа секако ќе се одрази на нашата целокупна виталност и квалитет на живот.

[Поврзано: Редовната, умерена ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ е исклучително корисна за лицата со АРТРИТИС!]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор