fbpx

Дали ДЕЦАТА со прекумерна тежина имаат зголемен ризик од ОБЕЗНОСТ како ВОЗРАСНИ?

tonus

Можеби една од најчестите здравствени состојби на денешницата е покачената телесна тежина. Статистиката е алармантна и се очекува таа само да се влошува. Но, кога зборуваме за прекумерна тежина, тука ги вклучуваме и децата, каде таа особено може негативно да се одрази. Дополнително, обезност уште од рана возраст може да значи и проблем за менаџирање на тежината подоцна во животот. Денес ќе зборуваме токму на оваа тема – зошто обезноста кај децата може да значи потешко одржување на тежината кога ќе пораснат.

 

Прекумерна телесна тежина – една од најзастапените здравствени состојби на денешницата

Прекумерната тежина е дефинирана како состојба кога телото има абнормални, односно прекумерни резерви и наслаги од масти. BMI (Body mass index) е еден начин на кој лесно може да се провери нашата моментална состојба во поглед на телесната тежина. Секако, поради својата едноставност, ваквиот метод е доста општ и не секогаш целосно прецизен и објективен.

Во светски рамки, САД е на првото место како држава со најголема гојазност. Но, се проценува дека во периодот од 1975 па до денес, на глобално ниво, прекумерната тежина кај популацијата е за три пати позастапена. Таа исто така претставува најпревентабилна причина за предвремена смртност. Истата е поврзана и со бројни други заболувања, како што се: дијабет, кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и др.

"“Online”/

Во 2016 година, повеќе од 1,9 милијарди возрасни луѓе (над 18 години) ширум светот, имале прекумерна тежина.

Загрижувачки е што ваквиот пораст е забележан и кај децата и тинејџерите. Едно истражување покажало дека гојазноста кај оваа група е зголема за 10 пати од 1975 година до денес. Во 2016 бројот на деца и тинејџери со прекумерна тежина бил 124 милиони, наспроти 11 милиони во 1975.

 

Зошто обезноста кај помладите може да биде проблематична во иднина?

Дебелината кај децата е значајна грижа и проблем по јавното здравје. Научните истражувања постојано покажуваат дека децата со прекумерна тежина имаат значително поголем ризик да продолжат со зголемена тежина во иднина, споредено со нивните врсници кои одржуваат здрава тежина во текот на детството. Ова „опстојување„ или континуираност на дебелината од детството до зрелоста се препишува на повеќе различни фактори: генетски, метаболитички, фактори од средината и бихевиорални фактори. 

Физиолошки, дебелината во рана фаза од развојот може да доведе до промени во метаболичката функција, како што е намалена инсулинска сензитивност, дислипидемија и покачено, хронично воспаление – услови кои ги прават децата предиспонирани кон задржување на тежината. Исто така, се зголемува и отпорот и тежината за успешно слабеење во иднина. Згора на тоа, децата со зголемена тежина често развиваат нездрави навики во исхраната и седентарен начин на живот – навики што може да опстојат и  во иднина, кои дополнително го влошуваат нивниот ризик од компликации поврзани со дебелината.

Психосоцијалните фактори исто така играат значајна улога, бидејќи дебелината во детството е поврзана со пониска самодоверба, зголемен ризик од депресија и социјална стигматизација, а сето тоа може негативно да влијае на менталното здравје. Ваквите негативни последици може да се одразат и на сликата која децата ќе ја имаат за самите себе во иднина, како и за мотивацијата и решителноста да имаат здрава телесна тежина.

Поради ова, навремено справување и евентуална превенција е најважно за спречување на долгорочните последици од дебелината кои може да се јават кај децата. Исто така, самиот пристап кон овој проблем треба да  биде соодветен и да не го предизвика спротивниот ефект кај детето. Преку умерени, континуирани промени во исхраната, наоѓање начин за природен поттик кон зголемена физичка активност преку игра или дружба, како и промена на пристапот на децата кон храната, може да се постигнат трајни и здрави навики кон храната, но и кон здрава телесна тежина.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор