Дијабетесот бара дисциплина. Колку помалку има дисциплина – толку повеќе растат ризиците од мошне сериозни компликации! Дијабетесот бара:
- Дисциплина во исхраната,
- Дисциплина во физичката активност,
- Дисциплина во земањето терапија,
- Дисциплина во редовните тестови и контроли!
- Гликолизиран хемоглобин. Овој тест е основа на следењето на состојбата кај пациентот. Барем 2 пати во годината, според Американската Асоцијација за Дијабет.
- Редовно мерење крвен притисок. Покачениот крвен притисок е секако опасен, но особено е опасен кај пациенти со дијабет. Мора да го мерите и мора го ставите под контрола.
- Холестерол во крвта. Најголем дел од фаталните случаи кај дијабет се токму од кардиоваскуларните болести. Знаејќи ја оваа статистика, холестеролот не смее да ја надмине горната граница кај дијабетичари.
- Проверка на стапалата. И самите редовно одржувајте хигиена, секојдневно, и следете ја состојбата на стапалата. Користете само удобни обувки. И при најмала раничка – веднаш на лекар.
- Контроли на очите. Вашиот лекар ќе ве упати на редовни годишни контроли на очите, практикувајте ги бидејќи може да ви го спасат видот.
- Тест за бубрежната функција. Соодносот на албумин и креатинин е исто така еден од важните тестови за работата на бубрезите. Не го заборавајте овој тест. Бубрезите не даваат предупредувачки знаци, пред да биде предоцна!
- Прегледа кај стоматолог. Ако се појават оштетувања на жлебнината, можно е да се накалемат инфекции. Зада не дојде до тоа, водете редовна лична хигиена на забите и одете на стоматолог.
- ЕКГ. Можноста од нарушено здравје на срцето е релативно голема кај пациентите со дијабетес. Особено над 50 годишна возраст – работата на срцето мора редовно да се следи.