fbpx

Дали ДРЕМКИТЕ може да го „ПОДМЛАДАТ“ мозокот?

tonus

Во оваа денешна статија ќе опфатиме една тема која неретко се наоѓа на нашиот блог, а тоа е спиењето. Поконкретно, ќе зборуваме за дремките и ќе погледнеме едно ново истражување кое покажува дека тие впрочем го „подмладуваат“ мозокот

 

Дали треба да ги практикуваме дремките?

Дремките доколку се направат во точниот дел од денот и траат пократко, може да ни пружат одлична доза на освеженост и енергија. Тие се одлични за:

  •     Релаксиранoст
  •     Ја подобруваат и зголемуваат концентрацијата
  •     Го намалуваат уморот
  •     Ја подобруваат меморијата и нашето расположение

Се смета дека пократките дремките во правилно време од денот се далеку поефикасни и покорисни за нашето тело отколку кафето. Споредено со кофеинот во кафето, дремките реално го намалуваат уморот и ни го даваат чувството на будност, додека ефектот на кафето е привремен и уморот е само маскиран. Практикувањето дремки исто така делува и врз намалувањето на стресот и градењето на посилен имунитет.

"“Online”/

Кај децата дремките се исклучително важни и треба да се практикуваат. Кај нив дури и секојдневни, подолги дремки се преопрачливи и пожелни.

Експертите препорачуваат дремките кај возрасната популација да се порано во денот и да не се практикуваат во приквечерните часови. Исто така, луѓето кои често практикувале дремки, пократко или воопшто не влегувале во фазата на „длабок сон“ и по будењето се осеќале посвежо.

Од друга страна, луѓето кои ретко практикуваат дремки, при истите влегуваат во фазата на „длабок сон“ и се осеќаат уморно и без енергија по будењето. Иако зависи од вашиот ритам на спиење, се смета дека дремките по 15 часот може да влијаат негативно врз ноќното спиење.

Времето за дремка сепак зависи исто така и од тоа колку имате дефицит од сон. Доколку имате сериозен дефицит, дремка порано во денот ќе ви годи повеќе, додека со мал дефицит на сон и дремка малку покасно во денот нема да претставува проблем.

 

Дремките може да го „подмладат“ мозокот?

Едно ново истражување проучувало како влијаат дремките врз здравјето на мозокот, со фокус на лица кои имаат генетски предиспозиции за почесто практикување на попладневни дремки. Поконкретно, бил проучуван т.н волумен на мозокот, познат индикатор за здравјето на мозокот и параметар кој со стареењето ослабнува и се намалува. За целите на студијата биле анализирани податоци од над 370.000 испитаници, на просечна возраст од 57 години. Кај дел од испитаниците биле утврдени околу 92 гени кои науката ги поврзува со редовно практикување на дремки. Дополнително, бил проучуван нивниот мозочен волумен, волумен на хипокампусот, времето на реакција и визуелната меморија. 

Истражувањето покажало дека испитаниците кои ги имале конкретните генетски предиспозиции имале поголем мозочен волумен. Инаку, губиток на ваквиот волумен се асоцира со дегенеративни промени на мозокот. Водечкиот научник на ваквата студија, иако нагласува дека како и сите други студии, така и оваа има свои лимитирачки фактори, смета дека луѓето кои редовно практикуваат дремки, имаат за 2,6 до 6,5 години „помлад“ мозок. Во секој случај, потребно е повеќе истражување на темата за да се утврди конкретна, директна и мерлива поврзаност.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор