fbpx

Два МЕДИТЕРАНСКИ рецепти со МЕСО!

tonus

Во една од претходните статии зборувавме за хранливата вредност на мисиркиното месо. Денес, еден конкретен пример, рецепт за вкусен оброк со мисиркино месо (+ медитерански рецепт и со пилешко!).

Овој тип на месо ќе ви овозможи внес на повеќе квалитетни протеини (добар извор на сите есенцијални аминокиселини), без притоа да внесете многу маснотии, особено не заситени масти.

[Поврзано: Кои масти се добри, кои лоши, а кои најлоши?]

"“Online”/

Подетално за предностите на мисиркиното месо пред останатите типови месо, прочитајте на следниот линк: Зошто мисиркиното е веројатно најздравото месо?

Извонредна хранливост

Иако мисиркиното месо не е толку популарно во нашата средина, тоа може да се најде низ маркетите во најразлични облици, како смрзнато или свежо. Доста често овој тип на месо се користи и за подготвување на готови сендивичи, салати итн. Токму на овие процесирани продукти треба да се внимава, бидејќи тие не можат да се сметаат за здрава храна само поради присуството на мисиркино месо. Во нив најчесто се содржат додадени маснотии и многу сол, а неретко и нездрави конзерванси.

Ако воопшто немате навика за користење на ова месо, а често во исхраната користите месни производи, најдобро е да почнете да го користите намето црвеното месо.

Особено е значајно конзервираните месни продукти да ги исклучите комплетно од исхраната (разни паштети, виршли, колбаси итн.). Ова не го вели било кој, туку релевантни светски здравствени институции.

Мисиркиното месо не само што има разновидна и силна нутритивност (видете нутритивна табела подолу), туку има и специфични, богати вкусови карактеристики.

[Поврзано: Што вели Медитеранската исхрана за месото?]

Има мала концентрација на маснотии и заситени маснотии и следствено – мала калориска вредност, особено ако се споредува со црвените меса, на пример. Од друга страна, мисиркиното месо е исклучително добар извор на квалитетни протеини, но и други микронутриенти, како селен, фосфор, рибофлавин и други витамини од Б групата, потоа железо, цинккалиум итн.

Мисиркино месо со зеленчуци и сирење

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 1 главица кромид, исецкана
  • 400g мелено мисиркино месо
  • 100g рикота сирење
  • 2 тиквички
  • 2 чешниња лук
  • 300g пасирани домати или доматно пире
  • 100g фета сирење
  • Маслиново масло
  • Сол, бибер, куркума, кари и други зачини по желба

Подготовка:

  1. Во тавче, ставете малку маслиново масло и додајте го мисиркиното месо. Раздробете го со дрвена лажица и гответе го околу 3-5 минути, односно додека истото не потемни. Префрлете го во друг сад.
  2. Тиквичките исечкајте ги на кругови, а потоа тие исечкајте ги на половинки. Во тавчето каде го подготвивте мисиркиното месо, додајте повторно малку маслиново масло и додајте ги тиквичките и исецканата главица кромид. Мешајќи, гответе 4-5 минути, а потоа кон нив додајте го мисиркиното месо, доматите, половина чаша вода, лукот и зачинете. Ваквата смеса доведете ја до вриење, а потоа врз неа додајте го рикота сирењето.
  3. Тавчето ставете го во рерна и печете околу 10 минути на 200 степени.
  4. Кога ќе го извадите од рерната, додајте го фета сирењето и оставете го околу 3 минути за истото да омекне и да се стопи.
  5. Послужете со свежа салата.

*Овој рецепт прави 2 порции.

Нутритивна вредност на 1 порција:

КалорииЈаглехидрати [g]Протеини [g]Масти [g]
840 28g (7g фибер)               67g52g

Овој оброк е особено богат со следните микронутриенти: витамини од Б групата,  витамините А,Ц, К потоа фосфор, магнезиум, железо, цинк, бакар, селен, калиум.

 Пилешко со грав на медитерански начин

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 2 лажици сенаменско брашно
  • 1 килограм пилешко месо (најдобро во форма на копани, со отстранета кожа)
  • Маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • 1 конзерва подготвен грав
  • 2 свежи пасирани домати (може и една конзерва цели домати)
  • Малку рендан пармезан
  • Сол, бибер, сушен лук, рузмарин, кари и други зачини по желба

Подготовка:

  1. Во сад, измешајте ги брашното, лукот во прав, рузмаринот и бибер. Извалкајте ги парчињата пилешко месо во ваквиот прав.
  2. Во поголемо тавче, ставете малку маслиново масло. Оставете го да се загрее, а потоа додајте ги парчињата пилешко месо и гответе ги 4-5 минути на секоја страна, односно додека не добијат кафена нијанса.
  3. Додајте ги гравот, доматите и лукот и доведете ја смесата до вриење (ако е потребно додајте и малку топла вода). Потоа намалете го огнот, покријте со капак и оставете ја смесата да врие околу 20-25 минути.
  4. Тргнете го од оган тавчето и послужете го пилешкото со малку рендан пармезан одозгора.

*Овој рецепт е доволен за 3 порции.

Нутритивна вредност на 1 порција:

КалорииЈаглехидрати [g]Протеини [g]Масти [g]
750 27g (8g фибер)               100g21g

Овој оброк е особено богат со следните микронутриенти: витамини од Б групата,  витамините А,Ц, К потоа фосфор, магнезиум, железо, цинк, бакар, селен, калиум.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор