fbpx

5 најчести ГРЕШКИ на родителите, што го УСПОРУВААТ развојот на најмалите!

tonus

     Лесно можеме да заклучиме дека секоја наредна генерација помалку се движи во однос на претходната, Според анализите на експертите од областа, веќе од 2005-тата година наваму, може да се каже дека децата поголемиот дел од времето додека се будни го минуваат во својата соба, отколку надвор, во игра. Зошто? Љубопитноста во голема мера се задоволува со интернетот и различните електронски уреди.

[Поврзано: Зависност од електронски уреди, како да препознаеме и да се заштитиме?]

                                Мозокот се развива преку движењето!

                             Растенијата се живи, но не се движат, затоа и немаат потреба од нервен систем. Значи, движењето е карактеристика што се поврзува со сложениот нервен систем. Она што е специфично за детскиот или човековиот мозок како орган – тој се развива преку движењето. Кога велиме движење, се мисли и на физичка активност, но и на секој друг тип на движење на телото. Кога ќе се родиме, немаме ,,зрели” нервни патишта. Всушност, првиот импулс за миелинизација, односно за созревање на нервното ткиво, мозокот го добива преку движењето. Едноставно кажано, кога овој процес ќе стаса до нозете, детето проодува. Кога бебето ќе се роди, гледа речиси сосем матно, а добриот вид се добива преку движето на очите, што поттикнува миелинизација на тие нервни патишта.

"“Online”/

                              Најчести грешки на коишто треба да внимаваме!

                             Како што рековме, најпрво бебето почнува да ги движи очите, а потоа и се’ останато во правецот кон нозете. Најпрво почнува да ја движи главата и вратот, а родителите некогаш користат фиксатори за вратот, со цел да се намалат движењата на главата, односно ризикотот од повреди. Според експертите, тоа е првата грешка. Понатаму, бебињата почнуваат поинтензивно да ги користат рацете, односно да се подигнуваат на раце и да се вртат лево и десно. Родителите многу често употребуваат најразлични релаксатори, во кои ваквите движења се ограничени и бебето не може слободно да се врти. Кога бебето ќе успее да се подигне, веќе тргнува ползењето. 

                              Забранување за ползење и шетање во количка!

                              Во модерно време, родителите се’ помалку дозволуваат бебето да ползи – четвртиот начин на движење. Цела е нели, да го заштитат бебето од работите со кои може да се повреди. Во целта да се ,,избегнат” проблемите со повредување, а и затоа што на родителите им е ,,полесно”, бебињата веќе и до својата 5-та година се шетаат во колички. Проблемот со овие грешки е што не дозволуваат доволно движење за региите во мозокот соодветно да се развијат. Кога бебето или детето повеќе се движи низ просторот, тоа прима милиони различни дразби за мозокот, преку коишто се создаваат нови нервни патишта – што значи мозокот се развива.

                              Центар за ротација и центар за говор

                         Искуствата покажуваат дека различните вежби во кои децата се вртат околу својата оска, значително придонесува во развојот на говорот кај оние што го имаат овој проблем. Претходно во педијатријата се сметало дека вежбите за ротација придонесуваат за говорот поради тоа што центрите во мозокот за овие намени се во близина. Сепак, поновите истражувања велат дека ротацијата ги поврзува сите центри на мозокот. Кога се вртиме, дури 12 кранијани нерви носат податоци во мозокот. Мозокот ги поврзува сите тие импулси и ги поврзува сите мозочни регии. Затоа игрите со вртење во никој случај не треба да ги забрануваме, но секако тие треба да бидат безбедни.

                              Проблемот со меката храна

                                  Друг тип на честа грешка што ја прават родителите е исхрана со пасирана, мека храна и до 3-тата година. Причините се стравот од давење и мислењето дека тоа е добро за бебето. Кога веќе толку долго бебето се учи да јаде таква храна, може да се случи понатаму да не сака да јаде ништо што е поцврсто. Но и во тој случај тоа не значи дека треба ваквата состојба да ја прифатиме. Потребно е да се бараат солуции.

                                Веројатно најчестата грешка што родителите ја прават, поврзана со оброците на дечињата е пуштањето на екран, додека детето јаде. Така, неретко детето не е ни свесно дека јаде, туку само рефлексно џвака додека гледа цртани. Педијатрите се јасни, детето мора свесно да јаде и соодветно да ја соџвакува храната. Главниот проблем со несвесното јадење е претерувањето со храната, односно потребата од многу храна и во таа смисла зголемување на телесната тежина. Но, тоа е само еден од аспектите. Проблемот пак со несоџвакувањето, води кон послаба вилица и ред други проблеми. За почеток, цврстата храна ги чисти забите, а меката се задржува меѓу забите и го зголемува ризикот од кариес. Кариесот неретко води и до потреба од вадење или само испаѓање на забот. Млечните заби не се неважни. Ако имаме недостаток на заб, загризот автоматски се префрлува на страната каде што имаме доволно заби, па доаѓа до неправилно развивање, на инаку силните мускули на лицето. На другата страна можно е хипертрофирање на мускулите и асиметрија на лицето. Но неправилната позиционираност на зглобот на вилицата може да води дури и до повлекување на одредени вратни мускули и неправилна позиционираност на вратот. Тоа потоа води и кон неправилна позиционираност на целиот ‘рбет или сколиоза. Други проблеми од неправилното соџвакување се проблеми со правилното дишење и позиционираноста на носот.

[Поврзано: Како претераното седење го уништува нашето здравје?]

                      Јадењето помека храна води кон лачење на помалку плунка. Зошто плунката ни е значајна? Во неа се содржи имуноглобулин А – прв механизам на заштита. Ова значи дека децата што јадат цврста храна, имаат подобар или поразвиен имунитет. Тоа подразбира и подобра цревна микрофлора, нешто што низ најновите истражување се покажува дека е од особена важност.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор