fbpx

Што претставува т.н „ЕМОЦИОНАЛНО ЈАДЕЊЕ“ и зошто може да е штетно?

tonus

Добро знаеме дека храната има голем број функции освен основната – да биде извор на енергија и нутриенти. Таа поседува и културолошки и социјален аспект, а кај многумина таа претставува и еден вид на начин за справување со стрес и проблеми. Тоа е сосем нормално и разбирливо, но проблемот се јавува кога јадењето преминува во главна алатка за справување со потешкотиите, па така тоа често се одразува и врз здравјето и телесната тежина. Затоа, во продолжение накратко ќе позборуваме за предизвиците кои некои луѓе ги имаат со т.н „емоционално јадење“ или јадење при емоционална исцрпеност. 

 

Што претставува емоционалната исцрпеност и кои се првите симптоми?

Емоционалната исцрпеност претставува состојба при која се чувствуваме емоционално потрошени, односно уморни од константната изложеност на стресни ситуации. Луѓето кои проаѓаат низ ваков период често чувствуваат дека немаат контрола врз ситуациите во нивниот живот и имаат чувство на заробеност или заглавеност во проблемите. Доколку ваквата состојба трае подолг период, односно е хронична, може да предизвика сериозна штета врз здравјето – ментално и физичко.

Ниско ниво на енергија, лош сон или намалена мотивација се дел од симптомите, а и од ситуациите кои може да го отежнат пребродувањето на ваквата состојба.

"“Online”/

Дополнителни, чести симптоми се:

  • Надразливост
  • Физички замор
  • Чувство на безнадежност
  • Отсутност
  • Проблеми со концентрацијата
  • Нервоза
  • Намален апетит
  • Апатија

 

Зошто храната служи како алатка при емоционални проблеми и предизвици?

Емоционалното јадење, како што е често наречено, е сложено однесување кое се карактеризира со консумација на храна како одговор на емоционални предизвици, наместо како физиолошка потреба – глад. Овој механизам за справување често вклучува употреба на храната како средство за смирување или потиснување на емоциите како: стрес, тага, анксиозност или досада. Луѓето кои емоционално јадат може да бараат утеха или дистракција од своите чувства преку храната. Дополнителен проблем е типот на храна кој се консумира во ваквите периоди – често станува збор за храна богата со шеќер, масти, сол или општо гледано – нездрава и калорична храна. Емоционалното јадење може да доведе до циклус на вина, срам и фрустрација додека луѓето имаат потешкотии да се справат со последиците од нивните навики во исхраната. Најважно од се е што истото може да предизвика низа на здравствени проблеми како: дијабет, покачена телесна тежина, покачен холестерол, триглицериди и сл.

Целта е да се зборува и разбере проблемот, наместо да се стигматизира и игнорира.  Разбирањето на основните причини позади емоционалното јадење, развивањето на алтернативни механизми за справување и поттикнувањето внимателен пристап кон храната може да бидат суштински чекори за ослободување од овој циклус и усвојување на поздрав однос и пристап кон храната. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор