fbpx

Дали е потребно многу слободно време за да физичката активност биде ефикасна? – Науката вели и 10 минути се доволни!

tonus

Редовно зборуваме за позитивните ефекти и бенефити кои ги носи физичката активност и редовното раздвижување. Но, често луѓето сметаат дека им е потребно доста слободно време на располагање за да може да ги искористат придобивките од било која физичка активност. Меѓутоа, бројни истражувања го покажуваат токму спротивното. Кратки и мали, но редовни интервали на физичка активност носат исто така бенефити, а истите може да бидат особено корисни за повозрасната популација. Токму на оваа тема ќе зборуваме малку повеќе во оваа денешна статија.

Дел од придобивките кои би ги очекувале доколку сме редовно физички активни

Редовната физичка активност, покрај здравата исхрана, е можеби една од наједноставните, а сепак најефикасни алатки за одржување на нашето здравје и виталност. Како здрава навика, вежбањето може значително да допринесе кон подобрување на нашето физичко, но и ментално здравје.

Дел од придобивките кои физичката активност ги дава се:

"“Online”/

–       Одржување на телесната тежина – физичката активност помага да ја одржиме, па и намалиме телесната тежина, бидејќи таа ја зголемува потрошувачката на калории. Било кој тип на активност, во било кој период може да ви помогне да потрошите неколку дополнителни калории.

–       Подобрено срцево здравје и намален ризик од заболувања – вежбањето е добар начин да се регулира „лошиот“ LDL холестерол, а да се подобри нивото на т.н „добар“ холестерол. Редовната физичка активност го намалува ризикот за: мозочен удар, срцев удар, хипертензија, тип 2 дијабет и сл.

–       Подобар и поквалитетен сон – физичката активност е еден од најдобрите начини за да го подобриме квалитетот на нашето спиење. Повеќе на оваа тема може да прочитате во една од нашите претходни статии, која можете да ја најдете тука.

–       Подобрена физичка подготвеност, градење ново мускулно ткиво и поздрави и посилни коски.

–       Подобрено расположение – вежбањето и движењето доведуваат до лачење на одредени хормони – ендорфини, адреналин и сл. Тие се сметаат за заслужни за ефектот на подобрување на расположението кој го има физичката активност.

Кратката, но редовна активност носи подеднакво корисни придобивки

Едно поново истражување имало за цел да покаже дека и кратката, редовна физичка активност нуди значителни бенефити. Научниците сакале да ја покажат и истакнат важноста на движењето, а тоа да го изразат преку намалениот ризик за предвремена смрт кај населението. Целта е да се согледа дека времето не треба да биде лимитирачки фактор и дека со редовно и континуирано движење можеме значително да го подобриме нашето здравје.

Во студијата биле вклучени 4840 испитаници на возраст од 40 до 85 години. Од нив, 53% биле жени и здравствената состојба на испитаниците била следена во просек од околу 10 години. Целта била испитаниците да ја зголемат својата редовна физичка активност и да додадат нови 10, 20 или 30 минути на раздвижување кон секојдневните активности.

Што покажале резултатите?

Резултатите од студијата биле навистина интересни. Со зголемување на редовната физичка активност за само дополнителни 10 минути (пешачење, брзо одење и сл.) – смртните случаи (на годишно ниво) се намалиле за 6,9%. Кај групата назначена со  20-минутната физичка активност – смртните случаи се намалиле за 13%, додека кај оние со 30-минутна физичка активност за речиси 17%.

Според проценките на научниците, ова би значело дека воведување на само дополнителни 10 минути раздвижување би значело превенција на над 110.000 смртни случаи во САД годишно. Доколку се воведат 20 минути би се избегнале 209.000 смртни случаи, а со 30 минутно движење таа бројка би била околу 270.000.

Ваквите резултати се навистина импресивни, иако студијата има свои ограничувања и ваквите бројки секако би се разликувале во реалноста. Но, истата е добар приказ за ефектите кои може да ги понуди секојдневната, кратка физичка активност.

Други студии покажале дека лицата кои редовно пешачат (помеѓу 7.000 и 12.000 чекори) се генерално поздрави, имаат поздрава телесна тежина и имаат намален ризик за:

  • Обезност
  • Кардиоваскуларни заболувања
  • Деменција
  • Депресија
  • Губење на мускулната маса
  • Падови и повреди
  • Метаболичен синдром и сл.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор