fbpx

Дали ГЕСТАЦИСКИОТ ДИЈАБЕТ го зголемува ризикот за дијабет ТИП 2 подоцна во животот?

tonus

Дијабетот е сериозен проблем на денешницата за кој многу често зборуваме на нашиот блог. Во најголема мера имаме дискутирано за дијабет тип 2 митов, како и за дијабетот тип 1, но поретко за гестацискиот дијабет или дијабетот за време на бременоста. Поради тоа, денес ќе се задржиме на истражувања кои покажуваат дека овој тип на дијабет може да го зголеми ризикот за појава на дијабет тип 2 подоцна во животот, но ќе видиме и одредени превентивни мерки кои можат ваквиот ризик значително да го намалат.

 

Што претставува дијабетот?

Дијабетот претставува состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова најчесто е поради недоволно количество или поради не ефективност на хормонот – инсулин. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија.

Постојат повеќе типови на дијабет – тип 1, тип 2, преддијабетна состојба, како и гестацискиот дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчестите се: генетски, прекумерна телесна тежина, возраста, слаба физичка активност, останати здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

"“Online”/

Покрај лекарствата кои може да помогнат при третирање на било кој тип на дијабетна состојба, промени во животните навики исто така може да имаат исклучително позитивен ефект. Регулирање на телесната тежина, поредовна физичка активност, добра хигиена на спиење, избегнување и контролирање на стресот и секако здрава исхрана се дел од најчестите препораки за подобро справување, па дури и превенција на дијабетот.

 

Што претставува гестацискиот дијабет?

Се смета дека речиси секоја 10-та жена страда од гестациски дијабет, тип на дијабет кој се јавува исклучиво во периодот на бременост. Иако точните причини за појавата на оваа состојба се непознати, доминантната теорија вели дека плацентата – органот што обезбедува вода и нутриенти за фетусот и го заштитува од имуниот одговор на мајката – продуцира хормони што влијаат негативно на искористувањето на инсулинот од страна на мајката. Инсулинот е хормон што му е неопходен на организмот за конвертирање на глукозата или шеќерот во енерија што може да ја искористи. Кога нивото на инсулин е ниско, или телото не може ефикасно да го користи поради развиената отпорост на инсулин, доаѓа до зголемувања на нивото на глукоза во крвта.

За разлика од другите типови на дијабет, гестацискиот не е постојан, односно во повеќето случаи тој исчезнува по пораѓањето. Сепак, жените што го имале овој проблем, имаат зголемен ризик од развивање на дијабет во иднина.

Ризик-факторите за гестациски дијабет вклучуваат:

  • Возраст над 40 години
  • Претходно искуство со гестациски дијабет, во претходна бременост
  • Покачена телесна тежина или обезност (жени што биле со покачена телесна тежина кога забремениле или додале килограми за време на самата бременост)
  • Семејна историја поврзано со дијабетични заболувања
  • Претходни абортуси или предвремено породување

Околу 90% од бремените жени имаат барем еден ризик-фактор за дијабет, но одредени фактори се значително повлијателни од другите.

 

Може ли гестацискиот дијабет да го зголеми ризикот за дијабет подоцна во животот?

Иако нивото на шеќер најверојатно ќе се врати во нормала по бременоста, гестацискиот дијабет сепак се смета дека го зголемува ризикот за низа на други можни заболувања подоцна во животот, меѓу кои: дијабет тип 1 и 2, метаболичен синдром, кардиоваскуларни заболувања и сл.

Поради тоа, жените кои имале гестациски дијабет се препорачува редовно да го следат шеќерот, како и да прават редовни здравствени прегледи.

Една конкретна студија ја проучувала зависноста меѓу гестацискиот дијабет и појавата на дијабет тип 2 подоцна во животот. Како пет најчести „променливи“ ризик фактори биле опфатени:

  • Прекумерната тежина
  • Здрава исхрана
  • Редовна физичка активност
  • Лимитирање на внесот на алкохол
  • Не користење на цигари

Под „променливи“ ризик фактори подразбираме промени кои се целосно во наша контрола и може да ги подобриме или промениме.

Инаку, во студијата биле вклучени над 4000 испитанички. Нивното здравје било следено во период од речиси 28 години, а во овој период околу 900 од нив развиле дијабет тип 2. Истражувањето покажало дека оние жени кои имале најдобри резултати во овие пет категории, имале за 90% помал ризик од појава на дијабет тип 2. За намалување на ризикот не е неопходно да се подобар сите пет фактори одеднаш. Секое дополнително подобрување на одреден ризик фактор се смета дека значително го намалува ризикот. Ова важело и за жените кои сепак биле со прекумерна тежина или имале генетски предиспозиции за појава на дијабет.

Ваквите резултати би значеле дека појавата на гестациски дијабет не значи загарантирана појава и на дијабет тип 2, но таа значително може да го зголеми ваквиот ризик. Сепак, со соодветни промени во начинот на живот (за време и по бременоста) ние имаме голем дел од контролата врз нашето здравје.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор