fbpx

Екстрактот од лист на бела дудинка помага и за ПРИТИСОК, ХОЛЕСТЕРОЛ И МАСНОТИИ?

tonus

     Менаџирањето или регулирањето на крвниот шеќер е особено важна работа за секој поединец, а посебно за лицата со предијабет и дијабет. Кај лицата со предијабет на пример, може да биде причина за превенција од преминување на состојбата во дијабет тип 2!

[Поврзано: Како до подобра контрола при дијабет тип 2]

                       Регулирањето на шеќерот во својата основа се базира на добрите навики за исхрана и редовната физичка активност. Сепак, постојат и одредени природни начини да си помогнеме во оваа цел. Веројатно најпознатиот и најпризнат начин е суплементирањето со екстрактот од лист на бела дудинка. Во повеќе од претходните статии зборувавме токму на оваа тема. Објасниве зошто белата дудинка е толку потентна и кои се тие основни биолошки механизми зад силното дејство. Поделатно за тоа на кој начин екстрактот од лист на бела дудинка помага во регулацијата на глукозата (но и на инсулинот!), прочитајте на следниот линк: Гликобаланс – Кога шеќерот не е во рамнотежа!

"“Online”/

[Поврзано: Хиперинсулинемија – силно предупредување за нужноста од промени во животниот стил!]

Главни ризик-фактори за појава на најчестите заболувања на денешницата!

                     Покрај нарушениот шеќер, помеѓу најчестите метаболитички проблеми кои инаку се најсилен ризик фактор за појава на најчестите болести на денешницата, се вбројуваат и состојбите како нарушени маснотии и холестерол во крвта, покачен крвен притисок, зголемена телесна тежина и процесите на хронично воспаление (екстрактот од лист на бела дудинка содржи концентрирана доза на антиоксидативни материи, како флавоноидите):.

Екстрактот од лист на бела дудинка помага и при други метаболитички проблеми, неретко поврзани со шеќерот!

                       Одредени истражувања сугерираат дека намалувајќи го нивото на холестерол во крвта, екстрактот од листовите на белата дудинка може да го подобри здравјето на срцето. Дополнително, во оваа насока значајна улога игра и намалувањето на крвниот притисок и на воспалителни процеси во организмот. На тој начин доаѓа до спречување на атеросклероза – таложење на наслаги во артериите што може да доведе до сериозни срцеви проблеми.

                        Едно истражување подразбирало давање на 280mg суплемент од екстракт на листови од дудинка, 3 пати дневно. Експериментот бил спроведен на 23 лица со висок холестерол. По 12 недели, нивниот LDL (лош) холестерол се намалил за 5,6%, додека нивниот HDL (добар) холестерол се зголеми за 19,7%!

                        Друга 12-неделна студија забележала дека 10 луѓе со високи триглицериди кои земале дневни додатоци од листовите на белата дудинка, со содржина од 36 mg DNJ, ги намалиле нивните нивоа на овој маркер, во просек за 50 mg/dL.

                       Дополнително, резултатите од анималните студии, исто така покажуваат дека овој суплемент поседува солиден потенцијал за нашето здравје, односно потенцијал да спречи атеросклероза, да го намали клеточното оштетување и високиот крвен притисок – силни фактори на ризик за различни срцеви заболувања.

                      Многу повеќе за биолошките механизми и зад овие извонредени ефекти, во некоја од наредните статии!

Повеќе информации за ГЛИКОБАЛАНСОТ, прочитајте на нашаиот веб сајт: https://shop.drmitov.mk/p/glikobalans/

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор