fbpx

Кои се НАЈЧЕСТИТЕ СИМПТОМИ на интолеранција на ГЛУТЕН?

tonus

Глутенот е протеин, кој речиси секојдневно е застапен во нашата исхрана. Голем дел од популацијата нема проблем со неговата дигестија, но кај дел може да се јави одредена интолеранција, па дури и целосна неподносливост на глутен. Во продолжение ќе ги погледнеме најчестите симптоми, како правилно да ги препознаеме и кое би било најсоодветното решение.

 

Што всушност претставува глутенот?

Глутенот е протеин кој е присутен кај повеќето житарки: пченица, рж, јачмен итн. Поради ваквата застапеност, тој често се наоѓа и во многу секојдневни намирници: леб, тестенини, житарки и многу други производи. Глутенот не е есенцијална хранлива материја. Кај лицата со целијакија (интолеранција на овој протеин) имуниот систем се активира кога во организмот ќе биде внесен глутенот. Овие лица кога консумираат храна во која глутенот е присутен, развиваат воспаленија, па во полош случај и оштетувања на цревата и други делови од организмот. Значи целијакијата е вид на автоимуно заболување, а се јавува при внес на глутен со исхраната. Интолеранцијата од друга страна, не вклучува имун одговор, туку се карактеризира со непријатни симптоми поради неможноста на организмот да го дигестира ова соединение.

Последните истражувања покажуваат дека 1% од популацијата ја има оваа состојба. Безглутенската исхрана е неопходна за оваа категорија на луѓе да може да ги избегне воспалителните процеси и симптомите воопшто, симптоми кои можат да бидат доста непријатни. Заради овие причини добро е тоа што во последно време има се повеќе ,,опции” на оброци и прехранбени производи кои се безглутенски.

"“Online”/

Инаку, постојат и житарки кои не го содржат глутенот, а тие се: хељдата, пченката, просото, овесот, киноата, кафеавиот ориз и др. Овие житарки се сосем безбедни за употреба од страна на луѓе кои имаат блага или силна интолеранција на глутен.

 

Кои се најчестите симптоми на интолеранција на глутен?

Симптомите на интолеранција, кои може да се јават неколку часа до неколку денови по внесот на глутен, најчесто се:

  • Абдоминални болки
  • Подуеност
  • Дијареа или констипација
  • Замор
  • Главоболки
  • Лошење и повраќање
  • Осип на кожата
  • Анемија итн.

Во последно време се појавува и терминот „чувствитеност” на глутен. Тестовите за целијакија на луѓето кои се сметаат себеси за припадници на оваа категорија се негативни (нормални), но сепак тие чувствуваат симптоми како повраќање, дијареа, болки во стомакот при консумирање на храна која содржи глутен. Една можност е овие луѓе да имаат алергија на житарки, нарушување кое може да се дијагностицира со кожен тест, но во повеќето случаи за ова „чувствителност” дијагностицирањето останува несигурно. Некои ваквата состојба ја нарекуваат и нецелијарна глутенска хиперсензитивност, а за неа се уште нема соодветни истражувања и докази.

Значи, избегнувањето на глутенска храна има смисла за луѓето со целијакија, алергија на житарки или оние кои имаат нецелијарна глутенска хиперсензитивност.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор