fbpx

Правилна ХИДРИРАНОСТ – важна за подобри резултати од ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ!

tonus

За искористување на целосниот капацитет и придобивки од редовната физичка активност, потребна е соодветна исхрана, но и целосно здрав и умерен начин на живот. Тука подразбираме разновидност во исхраната, квалитетен сон и одмор, но и соодветен внес на течности и вода. Денес, ќе зборуваме накратко за важноста на водата при самиот физички перформанс, но и за времето на закрепнување и целосната физичка подготвеност. 

 

Зошто е толку важно да се внесуваат течности?

Нашето тело во просек е изградено од околу 60% вода. Водата има клучна функционална, но и структурна улога во организмот. Таа е главниот агенс за прочистување на телото, но и средина во која се одвиваат повеќето физиолошки процеси. Така, водата е неопходна за секоја една клетка од телото и е потребна за телото да може да се ослободи од сите токсини кои ги вдишуваме или внесуваме преку устата.

Секое едно ткиво и орган во телото имаат потреба од вода за правилно да функционираат. Регулацијата на температурата, отстранувањето на непотребните материи, подмачкувањето на зглобовите, сите тие се процеси кои имаат потреба од вода.

"“Online”/

Под поимот хидрација, подразбираме внес на течности од храната и од пијалоците. Препорачаниот дневен внес за вода е околу 2,7 литри за жени и 3,7 литри за мажи. Тоа не значи дека целото потребно количество мора да го внесуваме преку обичната вода, но препорачливо е да се избегнуваат пијалоците кои прават повеќе штета во телото, отколку што нè хидрираат. Како такви може да ги издвоиме пијалоците богати со додадени шеќери

 

Зошто правилна хидрираност е важна при физичка активност?

Пиењето доволно вода игра клучна улога во перформансот и физичката подготвеност, како и во последователните процеси на закрепнување. За време на физичката активност, особено при повисок интензитет, телото губи вода преку потењето за да ја регулира температурата и да ја одржи хомеостазата. Дехидрацијата, дефинирана како дефицит на течности што надминува 2% од телесната тежина, може да го загрози квалитетот на вежбањето, да ја наруши терморегулацијата и да го зголеми ризикот од компликации со здравјето. Соодветната хидрираност обезбедува оптимален волумен на крв, олеснувајќи го транспортот на кислород и хранливи материи до мускулите, додека паралелно тече и отстранувањето на метаболичките нуспроизводи. Згора на тоа, одржувањето на правилен баланс на течности ја поддржува кардиоваскуларната функција, мускулната контракција и нервната сигнализација – фактори кои се основни за одлични перформанси при вежбањето. 

По вежбањето, рехидратацијата е од суштинско значење за надополнување на изгубените течности, резервите на гликоген и правилна „репарација“ на оштетеното мускулно ткиво. Балансот на електролити, особено натриум, калиум и магнезиум, е од клучно значење за задржување на течностите, но и за функцијата на нервите и мускулите. Затоа, спортистите и сите оние кои се физички активни мора да внимаваат на правилната хидратација, приспособувајќи ја на сопствените потреби, земајќи ги предвид факторите како што се степенот на потење, времетраењето и интензитетот на вежбањето, условите при вежбањето и сл. Со давање важност и приоритет на правилната хидратацијата пред, за време и по физичката активност, секој може да ги подобри и перформансите на вежбањето, но и резултатите и времето за закрепнување.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор