fbpx

КРВНИОТ ПРИТИСОК редовно треба да се МЕРИ, особено кај лицата со ХИПЕРТЕНЗИЈА!

tonus

Хипертензијата е нажалост многу често застапена, а уште позагрижувачки е што и неретко останува незабележана, па дури и недијагностицирана. Поради тоа, неопходно е да се мери редовно притисокот, нешто за што ќе зборуваме во продолжение.

 

Што претставува хипертензијата и зошто доаѓа до истата?

Крвниот притисок е мерка за силата (притисокот) со кој крвта притиска врз ѕидовите на крвните садови. Тој се мери преку две вредности:

  1. Систолички или т.н горна вредност за крвниот притисок, ја покажува вредноста за притисокот во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул
  2. Диастолички или долната вредност при мерењето, го покажува притисокот во артериите измеѓу две срцеви контракции.

Висок крвен притисок или хипертензија, е состојба кога ваквото притискање врз крвните садови е прекумерно, за време на подолг временски период. Притисокот подложи на промени во текот на денот, во зависност од нашите активности. Но, доколку преку целиот ден имаме покачени вредности за крвен притисок, тоа значи дека е можно да имаме состојба на хипертензија. Најчесто вредносите при кои се смета дека има покачен притисок се 140/90 mmHg.

"“Online”/

Постојат две форми на хипертензија: 

  • Примарна – се појавува со стареењето и за неа нема очигледна причина.
  • Секундарна – се јавува побрзо и нагло и може да биде поизразена и опасна од примарната. Како главни ризик фактори за нејзина појава се:
  • Бубрежни заболувања
  • Опструктивна спиечка апнеа
  • Вродени срцеви заболувања
  • Проблеми со тироидната жлезда
  • Честа употреба на алкохол
  • Проблеми со надбубрежните жлезди

 

Зошто е важно лицата со хипертензија или оние кои имаат благо покачен притисок, редовно да го следат?

Редовното следење на крвниот притисок е од клучно значење за одржување на кардиоваскуларното здравје и спречување на можни компликации поврзани со хипертензијата. Хипертензијата, која често се нарекува „тивок убиец“, може да остане незабележана со години без никакви забележливи симптоми, но сепак значително го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и други сериозни здравствени проблеми. Со редовно следење на крвниот притисок, луѓето можат рано да откријат какви било промени или абнормалности, што овозможува брза интервенција и следливост. 

Научните студии покажуваат дека рутинското следење на крвниот притисок води до подобра контрола, менаџирање и третман на оваа состојба. Ваквата информираност и следење им овозможува и на здравствените лица подобро да го приспособат пристапот според индивидуалните потреби, дали преку модификации на животниот стил, прилагодување на терапијата или нешто слично. Покрај тоа, редовното следење ги прави луѓето активни учесници во управувањето со нивното кардиоваскуларно здравје, поттикнувајќи ја свеста и одговорноста. Со практичноста на домашните апарати за мерење на крвен притисок и поддршката од здравствените работници, редовното следење останува достапна и ефикасна алатка за спречување и управување со хипертензијата.

 

[Поврзано: Што е НАЈДОБРО да се јаде при ПОКАЧЕН КРВЕН ПРИТИСОК?]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор