fbpx

Зошто практикување на некое ХОБИ се препорачува за ПОВОЗРАСНИТЕ?

tonus

Како што старееме, природно се случуваат низа на процеси во организмот кои ги отежнуваат и ослабнуваат одредени функции и способности. Мозокот не е исклучен од овие процеси, па така сосем нормално се очекува одредено намалување на когнитивните и умствените способности кај постарите. Степенот секако ќе влијае од повеќе фактори, меѓу кои се генетиката и начинот на живот. За среќа, ние имаме целосна контрола врз начинот на кој живееме, па така може да превземеме одредени превентивни мерки со цел да го зачуваме нашето когнитивно здравје. Една таква активност е секако практикување на некакво хоби, нешто за што ќе зборуваме во продолжение. 

 

Што претставува когнитивното здравје?

Когнитивното здравје или когнитивните функции, се еден аспект и дел од здравиот мозок. Како основни когнитивни функции се сметаат:

  • Внимание
  • Успешно извршување на сложени движења
  • Говорење
  • Процесирање на визуелни и просторни сигнали
  • Учење на нови работи и вештини
  • Меморија
  • Социјална интеракција
  • Контрола врз емоциите

Ова се дел од „задачите“ што би требало човек со добро когнитивно здравје да ги извршува без никаков проблем. Тоа значи и нормално функционирање во општеството, добра интеракција и комуникација со луѓето од средината, способност за извршување на работата и обврските и сл. Врз когнитивното здравје се смета дека големо влијание има возраста, па со стареењето истото може да ослабне и да се влоши. Затоа како што старееме, клучно е да го одржуваме и негуваме здравјето на нашиот мозок, а тоа едноставно може да го постигнеме со здрав начин на живот.

"“Online”/

 

Како практикување на некое хоби помага за когнитивното здравје?

Практикувањето на некакво хоби во подоцнежните фази од животот носи повеќе разни придобивки, особено за постарите лица кои имаат за цел да го зачуваат и подобрат своето когнитивно здравје. Менталната стимулација добиена од хобито служи како моќен сојузник против природниот когнитивен „пад“ кој се очекува. Активностите како што се сликањето, градинарството, читањето или дури и учењето нова вештина стимулираат различни региони на мозокот, поттикнувајќи ги нервните врски и промовирајќи подобрени когнитивни функции. Надвор од когнитивната област, хобито обезбедува чувство на цел, исполнетост и остварување, ја зајакнува самодовербата и менталната благосостојба. Социјален тип на хоби, како што се приклучување во клубови или учество во групни активности, нуди можности за социјална интеракција, намалувајќи го ризикот од осаменост и депресија, што се нажалост, често застапени кај повозрасните. 

Исто така, одржувањето на некакво хоби често вклучува решавање на проблеми, стратешко размислување и континуирано учење, кои колективно придонесуваат за зачувување на когнитивните функции. Истражувањата покажуваат дека постарите лица кои постојано се занимаваат со интелектуално стимулирачки активности покажуваат побавна стапка на когнитивно опаѓање и намален ризик од развој на состојби како што е Алцхајмеровата болест. Генерално гледано, негувањето на некое хоби во повозрасните години не само што може да нуди радост и исполнување, туку делува и како проактивен пристап за одржување на когнитивната виталност, промовира подобрена и севкупната ментална кондиција и придонесување за повисок квалитет на живот.

[Поврзано: ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ го продолжува животот на ВОЗРАСНАТА ПОПУЛАЦИЈА!]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор