fbpx

Која ХРАНА делува ПОЗИТИВНО, а која НЕГАТИВНО кај лицата со нарушена ТИРОИДНА ФУНКЦИЈА?

tonus

Денес ќе зборуваме за здравјето и функцијата на тироидната жлезда, односно за начинот на кој исхраната може да влијае. Поконкретно, ќе зборуваме за неколку намирници кои треба да се избегнуваат бидејќи делуваат особено негативно врз тироидната жлезда, а ќе зборуваме и за типот на храна кој се препорачува.

 

Која е функцијата на тироидната жлезда?

Тироидната или штитна жлезда е  мала жлезда во облик на пеперутка, сместена во централниот, преден дел на вратот. Иако многу мала, таа игра екстремно значајни метаболитички улоги преку излачените тироидни хормони кои низ крвотокот се пренесуваат до секоја клетка.

Тироидната жлезда ги лачи хормоните T3 и T4. Овие хормони во крвта се јавуваат во слободен облик, како fT3 и fT4 и се врзани за транспортните протеини, тироксин – врзувачки глобулин, преалбумин и албумин.

"“Online”/

Околу 0,3% од вкупниот Т3 циркулира kako fT3 и околу 0,04% како fT4. Овие форми се биолошки активни.

Излачувањето на хормоните од штитната жлезда е под влијание на TSH (тиреостилуматорен хормон) кој го лачи хипофизата.

Всушност, овие хормони го регулираат катаболизмот, односно делот од метаболитичките патишта на создавање енергија од внесената храна. Исто така, овие хормони го помагаат контролирањето на растот на клетките, нивното обновнување и метаболизмот. На тој начин, оваа жлезда е доста значајна во регулирањето на работата на срцето, мозокот и регулирањето на телесната температура.

Значи, ако нивото на тироидните хормони опадне (хипотироидизам), телото на некој начин успорува, односно не е во можност да создаде доволно енергија од која има потреба. Но, чест случај е и претераната продукција на тироидни хормони или хипертироидизам.

Според статистиката, ваквите нарушувања почесто се случуваат кај жените, а во светот некакво нарушување на тироидната жлезда имаат над 200 милиони луѓе.

 

Која исхрана треба да ја избегнуваме, а која повеќе да ја јадеме кога имаме проблем со тироидната жлезда?

Оние кои имаат проблем со тироидната жлезда треба да внимаваат на нивниот избор на исхрана, бидејќи истата може да ја подобри, но и влоши состојбата. Постои група на зеленчуци која се смета дека може да влијаат негативно, односно да ја попречи синтезата на тироидни хормони. Тука ги вбројуваме: т.н „круциферозни“ зеленчуци – брокула, зелка, кељ, карфиол и сл. Сепак, за тие да ги сметаме за проблематични, истите треба се консумираат долг период, во поголеми количини и во сирова форма.  Готвењето на овие зеленчуци може да помогне да се деактивираат непожелните соединенија, што ги прави поздрави. 

Производите базирани на соја, како соја трошки, тофу и соја сос, треба да се ограничат бидејќи содржат соединенија кои може да го инхибираат производството и апсорпцијата на тироидните хормони. 

Од друга страна, храната богата со јод, како што се морските плодови, рибата, јајцата и млечните продукти, се неопходни за здравјето на тироидната жлезда, бидејќи јодот е клучна компонента на тироидните хормони. Вклучување и на храна која е добар извори на селен, како што се бразилските ореви, јајцата и семките од сончоглед, е исто така важно бидејќи селенот игра клучна улога во метаболизмот на тироидните хормони и може да помогне да се намали воспалението кое е поврзано со нарушувања на тироидната жлезда. Секако, овие намирници треба се консумираат умерено и според препораки на вашиот лекар. Генерално, се препорачува и т.н „анти-инфламаторна“ исхрана, односно намирници кои не предизвикуваат дополнително воспаление во организмот. Тука спаѓа медитеранската исхрана, а генерално се исклучуваат процесираните намирници, брзата и пржена храна, кондиторските производи и сл.

Доколку зборуваме за целокупната здравствена состојба и одржување на здрава телесна тежина кај лицата со нарушена тироидна функција, медитеранскиот тип на исхрана е одлично место за почеток. Тука ги вбројуваме овошјето, зеленчукот, храната богата со протеини (пилешко,мисиркино,риба), јатките, семките и полнозрнестите житарки. Овие намирници се извор на минерали, витамини и антиоксиданси, неопходни за оптимална функција на тироидната жлезда, но и на целокупното здравје. Сепак, се препорачува консултација со лекар или специјалист за персонализирани препораки за исхрана и за правилно водење и третирање на ваквата состојба. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор