fbpx

Како ИМУНИТЕТОТ е поврзан со животниот стил?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Периодов акутелно е заболувањето предизвикано од корона вирусот. Имајќи во предвид дека здравствените системи ширум светот сè уште немаат најдено ефективна вакцина или пак третман за ова заболување, единствено што ни преостанува е да се потпреме на сопствениот имунитет.

"“Online”/

Имуниот систем всушност претставува нашиот одбранбен механизам против сите несакани инфективни заболувања (предизвикани од различните микроорганизми), но и малку поопшто. Тоа е нашиот одбранбен систем кој треба да го одржи организмот во една т.н. состојба на баланс.

Имунитетот не е важен само за борбата со вирусните инфекции и другите заболувања за кои сè уште немаме пронајдено соодветен начин на лекување. Тој е доста значаен и општо, за она што се нарекува квалитет на живот. Колку често ќе бидеме болни, како ќе се чувствуваме, какви последици ќе имаме по заболувањата итн..

Се наметнува прашањето, дали ние можеме со нашите постапки, односно со нашиот животен стил, да му ,,помогнеме” на имунитетот во неговото соодветно функционирање.

Што е тоа што можеме да го направиме за оваа цел?

Науката сè уште нема целосно потврдено дека ние на некаков начин можеме да влијаеме на подобрувањето на имуниот систем преку животниот стил. Велиме систем, имунитетот е комплексен систем, а не единечен ентитет. Всушност затоа сè уште е мошне сложено да се докаже директното влијание на животниот стил врз него.

Но, постојат соодветни индикации (назнаки) кои ги поттикнуваат научниците да прават студии, односно да истражуваат во таа насока. Затоа, како што практикувањето на здрав животен стил е потврден начин со кој се подобрува општото здравје, така е и добар начин да се даде ,,подлога” за добро функционирање на имуниот систем.

Fibro Gel

,,Здрави начини” на зајакнување на имунитетот

Првата одбранбена линија е да избереме здрав животен стил. Следејќи ги добрите совети за водење на здрав живот, правилна исхрана, физичка активност и менаџирање со стресот, може да си помогнеме во одржување на силен и здрав имун систем. Секој дел од телото, па така и имуниот систем, функционира подобро кога е заштитен од надворешните напади и е поттикнат од здравите животни навики, како:

– Непушењето
– Она што се подразбира под здрава, балансирана исхрана
– Редовна физичка активност
– Одржување на нормална телесна тежина
– Слабо консумирање на алкохол
– Добар, квалитетен сон
– Избегнување на инфекциите преку миење на рацете и соодветна термичка обработка на ризичните храни
– Минимизирање на стресот

Магични производи кои го ,,зајакнуваат имунитетот”

Многу производители на пазарот тврдат дека консумирањето на одреден нивен производ може да го ,,зајакне” имунитетот. Овие тврдења се без голема научна поткрепа. Зошто?
Имунитетот, како што кажавме е систем кој што е составен од огромен број на клетки од различен вид кои функционираат на различен начин и во различни ситуации (во борба со различни видови на микроорганизми кои предизвикуваат инфекции од различен тип).

Исто така, постојано се менува бројот на овие клетки, едни изумираат, други се синтетизираат. Оттука се поставува прашањето: синтетизирањето на кои клетки треба да се стимулира и до кој број? Науката го нема одговорот заради претходно наведеното. Никој не може да каже колку имуни клетки се потребни и во каква комбинација за да имунитетот функционира најдобро.

Од друга страна, се знае дека бета глуканите може позитивно да влијаат, а тие се присутни најчесто во печурките.

Имунитетот и возраста

Како што старееме, капацитетите на имуниот систем се намалуваат, што понатаму води до поголема подложност на инфекции и развор на канцер. Како што се зголемува животниот век, така се почести се заболувањата поврзани со староста.

Заклучокот од повеќе студии е дека, споредено со помладите луѓе, повозрасните имаат поголема веројатност за добивање на инфекции од различен тип, но и зголемени шанси за смртен исход од нив. Такви инфекции се на пример: инфлуенцата, разните респираторни заболувања од бактериски тип, пневмонија итн. Актуелна сега е и зголемената опасност од корона вирусот. Повозрасните се особено ризична категорија.
Ова се главните причини за смртноста на луѓето над 65 години.

Сè уште нема целосно релевантни информации зошто ова се случува, но како главна причина зошто ова е случај кај постарите луѓе е намалувањето на бројот на т.н. Т имуни клетки поради атрофирање на тимусот со текот на годините, што резултира со намалена синтеза на ваквите клетки.

Повеќе испитувања укажуваат на поврзаноста меѓу имунитетот и исхраната кај повозрасните лица. Форми на малнутриција (неправилна исхрана) се изненадувачки доста присутни кај овие лица. Обично ова се изразува како недостаток на микронутриенти, односно витамини и минерали. Постарите луѓе јадат помалку разновидна храна и општо, помалку во количини. Прашање е дали земањето на суплементи (микронутриенти преку таблети) би можело да помогне. Освен тоа, сигурно е дека во зависност од индивидуата и зачестеноста на употребата, некои суплементи можат да бидат и штетни.

Сепак, исхраната богата со свежа и полнозрнеста храна е многу подобро решение. Физичката активноста исто така е од помош.

Исхраната и имунитетот

Како и сите клетки, така и имуните имаат потреба од соодветни хранливи материи за правилно да функционираат. Научниците потврдуваат дека луѓето кои живеат во сиромаштија и се неухранети, се поранливи и поподложни на инфекциите. Иако директното влијание на исхраната врз имунитетот не е целосно потврдено, постојат докази дека недостатокот од некои микронутриенти може да му создаде проблеми на организмот. Тие микронутриенти можат да бидат цинк, бакар, железо, селен, фолна киселина, витамин А, витамин C, B6 и Е. Суплементите можат да бидат од помош, но може да предизвикаат и разни проблеми, доколку се претера. Затоа е значајно во исхраната да внесуваме свежи и полнозрнасти производи кои се богати со есенцијални микронутриенти.

Како влијаат ниските температури на имунитетот?

Уште од деца знаеме како нашите родители се постојано загрижени дали сме доволно облечени. Луѓето често го поврзуваат ладното време со зголемениот ризик од ,,разболување” или инфекција. Некои истражувања кои за испитаници имале спортисти од зимските спортови укажуваат на тоа дека некои од нив имале зголемени инфекции на горните респираторни патишта, за разлика од оние кои не им се колеги. Но, нема докази дали овој факт се должи токму на ладното време или на комбинација од други фактори.

Сепак, науката вели дека од умерената изложеност на ладно не влијае на имунитетот, па со тоа не влијае и на зголемување на ризикот од инфекции. Дали треба да се облекуваме топло? Секако, ако така се чувствуваме попријатно, но сепак не треба да се грижиме за имунитетот поради изложеност на ладно.

Влијанието на стресот врз имуниот систем

Модерната медицина се повеќе се интересира за влијанието на стресот, општо врз човековиот организам, па и врз имуниот систем. Односно за поврзаноста помеѓу умот и телото.

Повеќе непријатни здравствени состојби како стомачни болки, aлергии, па дури и срцеви заболувања се поврзуваат со ефектот на емотивниот стрес. И покрај сложеноста, научниците активно се трудат да ја утврдат релацијата помеѓу стресот и имуниот систем.

Стресот дури е тежок како поим за дефинирање – на пример она што е стресна ситуација за некого, за друг не е. Кога луѓето се изложени на стресни ситуации, тешко е да се дефинира ,,количински”, со колкав стрес тие се справуваат. Единствениот начин на кој научниците можат да го ,,измерат” стресот е бројот на срцеви отчукувања во минута, но тоа може да биде и резултат на други фактор. Сепак, научниците се позаинтересирани за влијанието на имунитетот на хроничниот стрес, односно стресот кој е предизвикан од лошите односи со семејството, партнерот, пријателите, соработниците или од предизвиците со кои постојано се соочуваме во една средина.

Да се водат вакви истражувања е особено тешко поради многу фактори, но и покрај тоа научниците се обидуваат да дојдат до резултати и имаат напредок во тие обиди. Резултатите ќе бидат видливи во наредните години.

Тоа е од научниот аспект, искуствено, генерално може да се каже дека хроничниот стрес влијае на нашето ментално здравје, што значително влијае на квалитетот на животот. Но, како што споменавме често забележани се и некои физички забележливи состојби како алергии, стомачни болки и главоболки. Затоа треба да му посветиме должно внимание и на нашето ментално здравје. Редовната физичка активност може да биде од помош.

Како влијае физичката активност на имунитетот?

Редовното вежбање е една од основите на она што значи здрав начин на живот. Докажано го подобрува кардиоваскуларното здравје, го намалува крвниот притисок, помага во регулирање на телесната тежина и не штити од различни други заболувања.
Но, дали помага во зајакнувањето на имунитетот?

Како и здравата исхрана, вежбањето може да помогне во општата здравствена состојба на организмот, а преку тоа и на имуниот систем. Може да помогне и на подиректен начин и тоа преку зголемување на циркулацијата, овозможувајќи им на имуните клетките и другите имуни супстанции полесно да се движат насекаде низ телото и со тоа полесно да си ја вршат работата. Оттука може да се заклучи дека редовната физичка активност треба да се практикува.

Што е перспективата на истражувањата околу влијанието на животниот стил врз функционирањето на имунитетот?

Еден пристап кој се користи во последно време може да им помогне на истражувачите во полесното утврдување на влијанието на животниот стил врз функционирањето на имунитетот. Тоа е испитувањето на гените, односно секвенционирањето на човековиот геном. На ова веќе се работи, а ќе се работи уште повеќе во блиската иднина.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X