fbpx

Исхрана богата со МАСТИ го зголемува ризикот за КОЛОРЕКТАЛЕН КАРЦИНОМ!

tonus

Човечкиот микробиом е извонредно комплексен систем кој науката сè повеќе го асоцира со разни здравствени аспекти. Во оваа денешна статија ќе зборуваме за зголемениот ризик од колоректален карцином кој се јавува како резултат на нарушен микробиом поради исхрана богата со масти.

 

Што всушност претставува микробиомот?

Некои научници проценуваат дека за секоја човечка клетка постојат 10 клетки на микроорганизми во нашето тело. Други научници го поставуваат ваквиот сооднос на 1:1. Во секој случај, очигледна и јасна е застапеноста и важноста на микроорганизмите за нашиот организам. Тие се присутни во огромен број и имаат низа на функции. Голем дел од микроорганизмите ги колонизираат цревата, каде се навистина неопходни и незаменливи.

Ваквата микрофлора во гастроинтестиналниот тракт е уникатна и различна кај сите луѓе. Таа е дом на микроорганизми кои заедно имаат околу 3 милиони гени, односно таа е 150 пати генетски поразновидна од човековото тело. Поединечниот и уникатен состав на микрофлората може да одреди како еден човек ќе ја дигестира храната, ќе се справува со инфекции и болести и сл. Ваквите микроорганизми во цревата имаат и незаменлива улога кога станува збор за искористување на нутриентите од храната. Бактериите помагаат да се разложат сложени соединенија кои се наоѓаат во повеќето намирници, до попрости соединенија кои телото може да ги искористи. Микрофлората е вклучена во дигестијата на сите три макронутриенти – липиди, протеини и јаглехидрати. Здравата цревна микрофлора може да го заштити организмот од размножување на непосакувани и штетни видови на бактерии. Разновидноста на храната значи и  поразновидна микрофлора, а токму тоа ја прави и поефикасна, подобра и поздрава. Како што споменавме, речиси и да нема аспект од нашето здравје кој не е под влијание на функцијата на овој комплексен систем од микроорганизми, па така редовно се истражуваат различни здравствени аспекти и секојдневно науката ја увидува важноста и моќта која микробиомот ја има врз нашето целокупно здравје. 

"“Online”/

 

Студија: исхрана богата со масти го нарушува здравјето на микробиомот и го зголемува ризикот за колоректален карцином

Во оваа студија биле користени лабораториски глувчиња кои имале вештачко создадени генетски фактори за појава на колоректален карцином. Тие имале исхрана богата со масти, а биле следени промените во нивниот микробиом како резултат на ваквата исхрана. Исто така, бил следен составот и лачењето на жолчна киселина која учествува во дигестија на храната. Резултатите покажале дека ваквата исхрана довела до раст на одредени бактерии во микробиомот, кој пак, влијаеле на жолчната киселина и ја зголемиле инфламацијата. Исто така, бил нарушен механизмот на обнова на одредени гастроинтестинални клетки кои се задолжени за санирање, односно репарирање на клеточни оштетувања. Сето ова, довело до зголемен ризик од колоректален карцином. Главниот принцип, научниците сметаат дека се должи на зголемениот раст на одредени бактерии при исхрана богата со масти. Научниците дури утврдиле и за кои бактерии станува збор – Ileibacterium valens и Ruminococcus gnavus. Интересно е што студијата покажала дека ваквата исхрана и нејзиното влијание се сметало за поголем ризик фактор за појава на колоректален карцином, отколку вештачко создадените генетски фактори за појава на оваа состојба. 

Ова само покажува колку е важна разновидната, балансирана исхрана за здравјето на микробиомот, но и колку овие микроорганизми имаат силно влијание врз нашето целокупно здравје. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор