fbpx

Гестациски дијабет – што е, како се испитува и како се третира?

tonus

Речиси секоја 10-та жена страда од гестациски дијабет, форма на глукозна интолерантност која може да влијае на здравјето и на мајката и на детето. Всушност, тоа е еден посебен тип дијабет, кој за првпат се јавува при бременоста. За жал, не само што станува збор за заболување кое е често, туку и за заболување што е во постојан подем.

[Поврзано: Што секој од нас би требало да знае за ДИЈАБЕТЕС?]

Иако дијагнозата можеби звучи доста сериозно и застрашувачки, особено заради тоа што е во исклучително чувствителен период за жените, ако се ,,фати” навремено, проблемите можат успешно да се менаџираат без да има одредени негативни последици по здравјето.

"“Online”/

[Поврзано: Како до подобра контрола кај дијабет?]

 

Што е гестациски дијабет?


Гестациски дијабетес мелитус се јавува, како што веќе споменавме, исклучиво во периодот на бременост. Иако точните причините за појавата на ова заболување се непознати, доминантната теорија вели дека плацентата – органот што обезбедува вода и нутриенти за фетусот и го заштитува од имуниот одговор на мајката – продуцира хормони што влијаат негативно на искористувањето на инсулинот од страна на мајката.

Инсулинот е хормон што му е неопходен на организмот за конвертирање на глукозата или шеќерот во енерија што може да ја искористи.

[Поврзано: Инсулинска резистентност – сè почест проблем!]

Кога нивото на инсулин е ниско, или телото не може ефикасно да го користи поради развиената отпорост на инсулин, доаѓа до зголемувања на нивото на глукозата во крвта.

За разлика од другите типови на дијабет, гестацискиот не е постојан, односно во повеќето случаи тој исчезнува по пораѓањето. Сепак, жените што го имале овој проблем, имаат зголемен ризик од развивање на друг вид дијабет во иднина.

[Поврзано: Дијабет тип 2 може да се излекува?]

Кои лица се во посебен ризик?

Ризик-факторите за гестациски дијабет вклучуваат:

  • Возраст над 40 години
  • Претходно искуство со гестациски дијабет, во претходна бременост
  • Покачена телесна тежина или обезност (жени што биле со покачена телесна тежина кога забремениле или додале килограми за време на самата бременост)
  • Семејна историја поврзано со дијабетични заболувања
  • Претходни абортуси или предвремено породување

 

Околу 90% од бремените жени имаат барем еден ризик-фактор за дијабет, но одредени фактори се значително повлијателни од другите.

 

Кои се можните симптоми?

 

Најчесто, жените што страдаат од гестациски дијабет немаат никакви забележителни симптоми. Всушност, тоа е и еден од најголемите проблеми со овој тип на дијабет. Заради овие причини, голем дел од жените остануваат недијагностицирани.

Кога се појавуваат, симптомите најчесто вклучуваат:

  • Жед која е невообичаена
  • Зачестено мокрење (иако и самото зачестено мокрење е типично за периодот на бременоста)
  • Хроничен замор, што понекогаш тешко се разликува од вообичаенито замор при бременоста
  • Покачено ниво на глукоза во урината, откриено при рутински тест на урина

[Поврзано: БОЈАТА на урината кажува многу за вашето здравје!]


Кој треба да се тестира за гестациски дијабет?


Поради тоа што огромниот број од жените имаат некој од ризик-факторите за развој на ова заболување, скринингот се препорачува кај секоја жена во периодот на бременоста.

Всушност, станува збор за oGTT (oral glucose tolerance test), тест за толеранција на глукоза.

Се препорачува да се прави помеѓу 24-тата и 28-та недела од бременоста, иако може да се направи и порано ако се присутни одредени симптоми на дијабет или пациентката има одредена историја со гестацискиот дијабетес.

Пред тестирањето, пациентките треба да имаат умерена, балансирана исхрана, особено во однос на јаглехидратната храна и да не се изложуваат на понапорна физичка работа. Неколку денови пред тестирањето не треба да се земаат лекови што имаат влијание на метаболизмот на глукозата, како кортикостериоиди и диуретици. Секако, сето ова се прави во консултација со лекарот што ве следи.

12-14 часови пред тестирањето не треба да се јаде. Тестот трае околу 2 часа и се одвива според насоките на соодветните лица од лабораторијата.

Најпрво се зема примерок крв за одредување на глукозата во серумот, на гладно. Откако ќе се определи тоа, на пациентот му се дава да испие подготвен раствор со шеќер, со позната концентрација на глукоза, па потоа се мери нивото на глукоза во крвта во одредени временски интервали (по 1 час и по 2 часа). За целото ова време на изведување на тестот, пациентот е потребно да мирува и да седи.

 

Како се третира гестацискиот дијабет?

 

Главната цел на третманот е да се спречи преголем раст на фетусот, што може да доведе до проблеми за мајката, но и за самиот плод. Пациентките мораат да направат одредени промени во начинот на исхрана и да научат да ги следат своите нивоа на шеќер во крвта. Кај одредени случаи, можна е потреба од примање инсулин или одредена орална терапија.

Сепак, како прва линија на одбрана е начинот на исхрана. Неопходно е следење од медицинско лице и менување на исхраната кое воглавно подразбира:

  • Избегнување на продукти со додадени шеќери, како различни слатки, газирани сокови, сладоледи, торти итн.

  • Јадење најмалку неколку порции овошки и зеленчуци во текот на денот.

  • Преферирање на полнозрнести житарки и нивни продукти, пред рафинираните.

  • Избегнување масна храна и преферирање здрави маснотии
  • Избегнување на масни и црвени месни продукти, како и на млечните продукти.

Гестацискиот дијабет за среќа најчесто се ,,повлекува” по пораѓањето, но важно е ваквите навики да ги задржиме трајно.

Нетретирањето на овој тип дијабет може да води и кон посериозни компликации, како преклампсиа (хипертензија во текот на бременоста), проблем со самото пораѓање и неопходност од царски рез. Преголемиот плод може да води кон посериозни оштетувања кај репродуктивниот систем на мајката.

Дополнително, новороденчето има зголемен ризик од дијабет, обезност и метаболитички проблеми подоцна во животот. Истото важи и за мајката.

[Поврзано: Метаболен синдром – Што треба да знаете?]

 

Здрав животен стил во бременоста

 

Медицината на животен стил (Lifestyle medicine) одредува препораки за здрав живот во различни состојби, и патолошки и физиолошки.   Физиолошка состојба која бара особено внимание е периодот на бременоста. Организмот на мајката проаѓа низ значителни промени и тоа ја менува потребата од нутритивен аспект, но и од аспект на физичка активност и дополнителен внес на одредени минерали и витамини.

[Поврзано: Пушење и бременост]

Кои состојби кај бременоста бараат уште поголемо внимание, од аспект на животен стил?

– Премало или преголемо зголемување на телесната тежина;
– Гестациски дијабет;
– Ниско серумско железо;
– Покачување на крвниот притисок;
– Откривање на разни дефициенции во текот на бременоста.  

Дополнително, важно е да се нагласи дека треба да се намали изложеноста кон токсини кои може да му наштетат на плодот.
Различни видови на производи за лична нега, на пример, се извори на фталати кои можат значително да го нарушат развојот на детето.

Програмата за здрава бременост на д-р Митов е базирана врз сите релевантни медицински препораки и се повикува на медицината базирана на докази. Притоа, акцент се става на: исхраната, физичката активност, потребата од суплементи, менаџирање на стресот и хигиена на сонот, како и намалување на изложеноста од потенцијални токсини. Се’ што и треба на една здрава бременост.

[Поврзано: ГОЈАЗНОСТ во БРЕМЕНОСТ – ризик и за мајката и за бебето!]

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор