fbpx

Повеќе време со телефонот = помалку учење, смиреност и фокус кај децата!

tonus

Како одминува времето, се’ поголем дел од нашите животи се ,,преселува” во дигиталниот, вирутелен свет. Овој процес особено не ги одминува децата. Така, денес времето што децата го минуваат во игра надвор е неспоредливо помало од тоа што го минуваат пред различните екрани.

[Поврзано: Како да препознаете дали имате зависност од вашиот мобилен?

Долната возрасната граница на која најмалите почнуваат да користат мобилни телефони за забава и занимација е сe’ пониска. Интуитивно чувствуваме дека нашите деца имаат многу што да загубат од прекумерното користење на електронските уреди. Во последно време, ова наше ,,чувство” добива се’ поголема научна основа.

"“Online”/

Во продолжение повеќе инфомрации околу едно истражување токму на тематиката.

Што помалку време пред екраните, тоа подобро?

Група истражувачи од Сингапур, утврдуваат дека прекумерното време минато пред екраните во периодот на детството се поврзува со негативни, штетни последици во однос на когнитивните функции, нешто што понатаму се продлабочува и по осмата година.

[Поврзано: Што е когнитивно здравје и како да го подобриме?]

Студијата анализира податоци за 506 деца, собирани од самото нивно раѓање. Кога децата наполниле година, родителите почнале со пополнување на подетален прашалник во врска со должината на времето поминато пред екраните. Децата потоа биле класифицирани во различни групи, во зависност од времето минато пред екраните – група што поминувала помалку од 1 час дневно, 1-2 часови во денот, 2-4 часови и на група што поминувала повеќе од 4 часа дневно пред екран.

6 месеци подоцна, внимателно биле собирани и анализирани податоци за мозочната активност со употреба на специјализирана технологија (EEG), силно прецизна алатка за следење на промените, односно на активноста во мозочното ткиво. Дополнително, спроведени биле и повеќе различни тестирања за мерење на когнитивната способност и можноста за фокусирање, како и контрола врз себеси (на 9 годишна возраст).

Што велат дел од резултатите?

Според анализираните податоци, најдено било дека децата што биле изложени на сина светлина имале поголем обем на мозочни ,,бранови” со ниска фреквенција, состојба што се поврзува со нарушена когнитивна функција.

Утврдено било и дека со текот на времето, зголемувањето на изложеноста на екраните ги зголемува промените во мозочната активност и создава проблеми со когнитивното здравје.

..Извршни” функции

Децата што имаат потешкотии со т.н. ,,извршни” функции, имаат проблеми со контролирањето на импулсите, емоциите, фокусирањето и концентрацијата, процесирањето на информациите.

Мозокот на детето рапидно се зголемува во годините после раѓањето, но сепак делот што ги контролира споменатите извршни функции или префронталниот кортекс, се развива доста позабавено.

Сите претходно наведени карактеристики се од особена важност за перформансот на детете во училиште.

Поентата од споменатото истражување во овој контекст е дека времето минато пред екраните е еден од силните фактори кои можат да го нарушат развојот на ,,извршните” функции.

Детскиот мозок е оптеретен

Времето поминувано пред екранот најчесто значи бомбардирање на детскиот мозок со брзи движења, постојани трепкања на различни бои, брзо менување на сцени и слично.

Сето ова подразбира силен когнитивен ангажман. Така, мозокот станува презаситен, односно ја губи способноста за адекватно насочување на ресурсите со цел правилно когнитивно згреење (помеѓуостанатото и развој на претходно наведените извршни функции).

Заштитете го своето дете

Што порано децата се изложени на ,,искушението“ наречено ,,паметен телефон”, толку порано ќе ја развијат зависноста. Значи, најризичната група се децата и младите, па родителите треба многу повеќе од своето време да посветат на оваа тема. Најдобар начин е ограничувањето на пристапот и времето кое најмалите го поминуваат со овие уреди. 

Постојат низа на други активности што можат да послужат како дистракција и занимација кои се важни за децата, а тие немаат време поради телефонот.

Извор:
Associations Between Infant Screen Use, Electroencephalography Markers, and Cognitive Outcomes, JAMA Pediatr. Published online January 30, 2023

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор