fbpx

Дали има вистина позади изреката – „ЈАДЕМЕ СО ОЧИТЕ“?

tonus

Една од главните улоги и потреби на мозокот е да обезбеди и препознае храна која ќе ги задоволи потребите на организмот. Ова мозокот го прави со помош на сетилата. Средината во која човечкиот мозок еволуирал во минатото била многу порзалична од денешната реалност. Нутриентите и калориите тогаш биле многу помалку достапни и мозокот се приспособил да ја препознае и искористи секоја можна прилика за хранење.

Денес, ваквиот недостиг од храна за поголемиот дел од популацијата не постои. Дури се јавува и еден вид на пандемија на прекумерна телесна тежина.

Но, како нашите сетила влијаат и ја определуваат потребата од храна? Од нашите пет сетила, мозокот преку допирот, видот и слухот добива физички информации, додека преку сетилото за вкус и мирис добива информации за хемискиот состав на храната. Ваквата слика која ја градат сетилата ни дава информации дали некоја храна е калорична, вкусна и погодна за консумирање.

"“Online”/

Во денешната статија ќе се задржиме токму на видот како сетило кое има централна улога при нашите одлуки и избор на храна.

 

Како сетилото за вид влијае врз нашата исхрана?

Уште на самиот старт би требало да нагласиме дека сетилото за вид не влијае самостојно, односно директно врз нашата потреба од храна. Тоа претставува само една алатка која мозокот ја користи за да добие информации за својата средина или во случајов за храната.

Се смета дека постојат 2 типови на глад кои ги сигнализира мозокот. Едниот е кога сме навистина гладни, односно нашиот желудник е празен, а другиот тип е кога мозокот детектира некоја калорична храна и смета дека истата може да послужи како понатамошна резерва.

Овој втор тип на глад е помалку проучен и разбран, а всушност може да се поврзе со внесувањето на прекумерни калории. Па така, кога нашите очи ќе забележат нешто што ни делува вкусно, нутритивно или нешто што претходно сме го јаделе и ни се допаднало, нашиот мозок е известен преку сетилото за вид.

Иако можеби не сме гладни во моментот, бидејќи во минатото човекот бил навикнат на помалку достапна храна, мозокот гледа прилика да си обезбеди дополнителни калории како еден вид резерва.

 

Како секојдневието влијае врз потребата од храна преку сетилото за вид?

Постојат литературни податоци што укажуваат дека секојдневната изложеност на слики од храна, може да поттикне инхибиторно однесување. Ова значи дека вложуваме труд да одолееме на искушението на вкусна храна, со цел да ја одржиме нашата фигура и да одржиме здрава телесна тежина. Ова може негативно да влијае на нашето расположение, ментално здравје и самодоверба. Ваквите рестрикции особено може да се проблематични и штетни кај луѓето кои имаат поголема склоност кон прекумерен внес на храна. Исто така, кај луѓето кои имаат некакво нарушување поврзано со исхраната (пр. булимија) се јавуваат посилни реакции, односно сигнали во мозокот, кога гледаат слики од вкусна, калорична храна. Кај луѓето со прекумерна тежина има обратен ефект, нивните регии во мозокот поврзани со глад и возбуденост околу храна се помалку активирани од вакви слики.

 

Која храна го „буди“ сетилото за вид?

Во едно истражување, научниците искористиле низа на слики кои биле слични во нивната композиција, но прикажувале јадења кои се богати со масти, како и јадења кои немаат толку масти. Биле мерени и испитувани сигналите кои се јавуваат во мозокот кај испитаниците, како резултат на сликите. Било потврдено дека храната која била повеќе масна била различно регистрирана од страна на мозокот преку сетилото за вид.

Постојат и други студии кои го потврдуваат истото. Луѓето брзо (за неколку стотина милисекунди) ја распознаваат и проценуваат висококалоричната (богата со јахлехидрати и масти) храна. Исто така, очекувањата за вксуот и пријатноста која ќе ги пружи таа храна се исто така брзо проценети од страна на мозокот.

Слични студии се направени и со храна богата со јаглехидрати, пришто се добиле слични резултати.

[Поврзано: Како БЛАГОТО влијае на мозокот и создавањето на зависност?]

Бидејќи храната со поголема содржина на масти и/или јаглехидрати се асоцира со вкусна и пријатна, се смета дека таа предизвикува различна реакција, односно еден вид на „спремност“ кај мозокот дека истата е добар извор на калории и можеби не треба да се пропушти.

 

Како сетилото за вид може да ја поттикне здравата исхрана?

Сетилото за вид може да доведе до доста импулсивно и непотребно внесување на калории и храна која е прилично нездрава. Но, тоа не мора да е секогаш така. Иако, визуелниот ефект на храната врз мозокот е помалку или повеќе автоматски и е надвор од наша контрола, постојат бројни ситуации кога ваквиот стимул може да има посакувани и позитивни ефекти.

Кај децата, подготвувањето на рецепти со зеленчуци кои изгледаат примамливо и вкусно, како и изложеноста кон слики на кои здравата храна е прикажана на вкусен начин, може да ја зголеми нивната желба и апетит кон истата.

Исто така, изгледот на порцијата која ја јадеме може да влијае врз нашето чувство на заситеност. Големи порции со здрава храна (салати, чорби, печени зеленчуци, печурки и сл.) имаат релативно малку калории, а релативно се обемни и заситувачки. Но, самиот нивен изглед (голема порција), може да му сигнализира на мозокот дека овој оброк ќе нé засити, без разлика на бројот на калории во него. Ова е особено важно, бидејќи на овој начин лесно може да се контролира внесот на калории кој е клучен за здравата телесна тежина.

Обидете се и наредниот пат декорирајте ја салатата, супата или оброкот, бидејќи позитивниот визуелен сигнал од јадењето може да ви го зголеми уживањето во истото, а ова до допринесе кон полесен и поголем внес на здрава, вкусна храна.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор