fbpx

Магнезиум комплекс за ОСТЕОПОРОЗА

tonus

Со напредокот на медицината, лекарствата и терапиите за разни заболувања, животниот век на човекот значително е продолжен. Но, ова со себе носи и повеќе предизвици. Помеѓу нив посебно се издвојува проблемот со остеопорозата – многу често заболување кај повозрасната популација.

Се проценува дека моментално од остеопороза страдаат над 200 милиони луѓе ширум светот. Според статистиките на Интернационалната фондација за остеопороза (IOF), се проценува дека во иднина, на глобално ниво, дури 33% од жените и 20% од  мажите ќе се соочат од оваа непријатна дијагноза.

Што всушност претставува остеопорозата?

Остеопорозата е заболување што се карактеризира со намалена коскена маса, намалена густина на коските и влошување на коскеното ткиво и структура.

"“Online”/

Бидејќи коскеното ткиво е живо и постојано се обновува, остеопорозата се смета за состојба при која има недоволно формирање на ново ткиво, односно има несоодветна рамнотежа меѓу новосоздаденото и старото ткиво.

Ризикот од ова заболување природно се зголемува со стареењето, бидејќи доаѓа до промени во самата структура на коските. По триесеттата година, се смета дека брзината на разградба на старото коскено ткиво е веќе поголема, отколку брзината со која тоа се обновува. Ова може да доведе до намалена цврстина на коските и зголемен ризик за кршеници.

Постојат разни фактори што влијаат врз ризикот од појава на остеопороза. Дел од нив се генетски, но дел се и директно или индиректно определни од нашиот начин на живеење.

Фактори врз кои не можеме да влијаеме се:

  • Полот – остеопорозата е позастапена кај жените, а особено по педесеттата година
  • Возраста – со стареењето ризикот од остеопороза се зголемува
  • Раса – луѓето со Азијско потекло имаат поголем ризик
  • Семејна историја – доколку некој од родителите имал остеопороза, ризикот се зголемува
  • Градба на тело – луѓето со помала градба имаат поголем ризик од остеопороза

Постојат повеќе пристапи со кои можеме да си го намалиме ризикот и да си помогнеме при остеопороза, односно да го забавиме нејзиниот развој. Во еден од претходните текстови зборувавме токму на оваа тема. Со оставањето на цигарите, намалената употреба на алкохолот, вежбањето (особено со тежини) и правилната исхрана, значително го забавуваме губењето на коскеното ткиво.

Проблемот со исхраната кај повозрасните луѓе

Како што веќе рековме, развојот на остеопорозата доаѓа со текот на годините, а ризикот и проблемите поврзани со неа помеѓу останатото силно се поврзани со исхраната. Повозрасните луѓе кои имаат зголемен ризик од остеопороза, исто така имаат зголемен ризик од недостаток на одредени нутриенти многу важни за коскеното ткиво. Ваквата состојба се поврзува пред се’ со недоволниот општ внес на калории и хранливи материи, но и со фактори како нарушена апсорпција на хранливите материи (состојба почеста кај повозрасните помеѓу нас).

Нарушените навики за исхрана водат кон различни недостатоци од хранливи материи коишто тешко можат да се надоместат без одредена суплементација.

Магнезиум комплекс за остеопороза?

Магнезиумот претставува есенцијален минерал за одржување на цврсти и здрави коски. Тој игра клучна улога во одржувањето на оптимална густина на коските и во самото формирање на ткивото. Дополнително, овој минерал помага во регулацијата на метаболизмот на калциумот, а помага и во неговото депонирање во коскеното ткиво, на тој начин придонесува за посилни коски, помалку склони кон фрактури и напукнувања.

Магнезиум комплексот на Д-р Митов претставува уникатна комбинација на есенцијални нутриенти коишто заедно функционираат во насока на поддршка на здравјето на коските. Покрај внесениот магнезиум, со земањето на комплексот внесуваме истовремено и калциум и витамин Д3 (за подобрена апсорпција на споменатите минерали, а самиот витамин е исто така клучен за коскеното ткиво), особено важни хранливи материи за коските и тоа во концентрации коишто ќе го гарантираат позитивниот ефект.

Освен позитивен ефект при спречувањето на развојот на веќе постоечката остеопороза, доволното внесување на минералите за кои зборувавме е уште поважно ако сте во некоја од ризичните групи, а се’ уште немате проблем со коските.

Повеќе информации околу Mагнезиум комплексот на Д-р Митов, прочитајте на нашиот веб сајт, следејќи го следниот линк: https://shop.drmitov.mk/p/mg-magnezium-kompleks/#tab-description

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор