fbpx

ОСУМ намирници за ЗДРАВА КОСА

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Секој сака здрава и црвста коса, а тоа особено станува предизвик со процесот на стареење. Косата обично расте околу 1,3cm месечно или околу 15cm годишно. Но, брзината на растење е определeна од неколку фактори: возраст, здравствена состојба, генетика и ИСХРАНА.

Како што можеме да видиме, единствениот фактор на кој што можеме да влијаеме е исхраната (секако преку неа и на општата здравствена состојба). Факт е дека консумирањето на храна во која недостасуваат некои нутриенти, може да води до послаба коса или дури и до опаѓање на косата.

Во продолжение, неколку типови на храна, богати со хранливи материи многу значајни за здравјето на косата.

"“Online”/

1) Бобесто овошје и секоја храна богата со витамин С

Бобести овошки се боровинките, јагодите шипинките, капините, малините, бобинките итн. Тие се пакувани со низа од микрохранливи материи помеѓу кои и доста од оние значајните за растот и здравјето на косата. Пред сè тука се мисли на витаминот С и останатите компоненти со силно антиоксидативно дејство како антоцијанините на пример.

140g јагоди, покрај низата антиоксиданти, содржат и 140% од дневните потреби за витамин С.

Антиоксидантите ги ,,неутрализираат” слободните радикали во организмот кои предизвикуваат оксидативен стерес. Ваквиот стрес води кон оштетување на клетките и развивање на хронични воспалителни процеси. Во овие процеси страдаат и клетките кои се поврзани со здравјето на косата.

Од друга страна витаминот С е значаен за здрава коса затоа што е значаен во метаболизмот на создавање колаген. Колагенот е најзастапениот протеин во телото, а студиите покажуваат дека тој учествува и во зајакнувањето на косата и превенцијата од нејзина кршливост.

Што е уште поважно витаминот С му помага на организмот во подобрата апсорпција на железо од исхраната. Ниски нивоа на железо во организмот можат да доведат до анемија, која пак според достапните студии е силно поврзана со проблемите и губењето на косата.

2) Пиперката

Знаеме дека пиперката спаѓа меѓу најбогатите извори на витамин С. Неговото значење за здравјето на косата веќе го кажавме. Покрај овој микронутриент, пиперката е богата и со низа од други антиоксидативни компоненти.

3) Спанаќ

Спанаќот е зеленчук кој е богат со значајни микронутриенти за здравјето на косата како витамин С, А, В9, железо итн.

Витаминот А го промовира лачењето на себумот од кожните жлезди. Себумот е масна компонента која превенира од сушење на скалпот и го чува здравјето на косата. Само 30g спанаќ дневно, обезбедува дури 54% од дневните потреби за витамин А. Исто така, добар извор на овој витамин е морковот.

Спанаќот е и еден од најдобарите растителени извори на железо. Овој минерал е еден од најесенцијалните за растот на косата. Железото, како што е познато, им помага на црвените крвни клетки да го пренесат кислородот до сите клетки. Помеѓу нив се секако и клетките кои се поврзани со здравјето и растот на косата. Како што веќе споменавме, повеќе студии укажуваат на релацијата помеѓу недостатокот од железо и губитокот на косата.

4) Храна полна со ,,здрави маснотии”

Една студија правена на 120 жени дава податоци дека земањето на суплементи од омега 3 и омега 6 масните киселини може да ја зголеми густината и растот на косата. Во друга стдија пак, утврдено било дека земањето на суплементи од рибино масло, придонело до зголемен раст на косата кај жените со природно ,,послаба” или истенчена коса.

Потребни се повеќе студии за да се потврди ова дејство, а до тогаш добро е да консумирате храна богата со омега 3 и омега 6 масни киселини, не само поради ова својство туку и поради бројните други бенефити. Богата храна со омега 3 и 6 масни киселини е рибата, лененото семе и разните јаткасти плодови.

Рибите се добар извор и на протеини, селен, витамин D3 и В витамини, кои исто така се важни за здрава и силна коса.

5) Авокадо

Иако е малку застапено, можеме да го најдеме и на нашиот пазар. Неговото позитино дејство на здравјето на косата се должи на поголемата концентрација на витамниот Е во него.

Како и витамино С, витаминот Е има антиоксидативно дејство и ги заштитува површините на кожата, како скалпот, од оксидативен стрес. Оштетената кожа на скалпот може да резултира со лош квалитет на коса и помалку косни фоликули.

Освен витамино Е, авокадото е богато и со есенцијални масни киселини, односно масни киселини кои телото не може да ги продуцира, а се неопходни за клетките. Недостатокот од ваквите масни киселини според научните студии води до загуба на косата.

6) Јатки и семиња

Јатките се богати со микронутриентите кои веќе ги наведовме како значителни за здравјето на косата, односно витамин Е, витамини од В групата, есенцијални масни киселини, но и цинк кој исто така е битен.

Недостатокот од цинк и витамини од В групата исто така може да биде проблем за здравата коса.

7) Семиња

Многу од компонентите на семињата се значајни за косата. Витамин Е, цинк, селен итн.

Само 28g сончоглед нè обезбедува со дури 50% од дневните потреби за витамин Е, а покрај тоа и со омега 3 масни киселини, витамини од В групата исто така значајни за косата.

За најдобри семиња за здравјето на косата се сметаат лененото семе, сончогледот и чиа семето.

8) Мешунки

Мешунките се одличен растителен извор на протеини, што е многу важно за косата. Но, исто така тие се добар извор и на цинк. 100g варен грав обезбедува околу 10% oд дневните потреби за цинк. Освен цинкот тука се и биотинот, витаминот В9 и железото.

Значајно е што мешунките се нискокалорични, богати со макро и микронутриенти, а и растителни влакна, сите значајни за многу функции во организмот. Покрај тоа се и доста ефтини и лесни за додавање во секој оброк, ако веќе не се главен.

Fibro Gel

Некои студии покажуваат и корисно дејство на сојата за здрава коса.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X