fbpx

Истражување – МАСЛИНОВОТО МАСЛО го продолжува животниот век

tonus

Во последните неколку години, сè почесто слушаме за т.н „здрави масти“ и за нивните позитивни ефекти. Полека но сигурно се побива стигмата и верувањето дека сите масти се штетни и дека се асоцираат со што треба да се избегнува.

Во поглед на „здравите масти“ една намирница има можеби најголем удел за оваа популарност и прочуеност, а тоа е маслиновото масло. Тоа се смета за едно од најдобрите и најздрави растителни масла и е одлично за употреба во свежи салати и сосови, но и за готвење, бидејќи содржи масти кои се стабилни на топлина.

За маслиновото масло постојат голем број студии и истражувања кои ги покажале неговите позитивни карактеристики, а токму една неодамнешна студија од универзитетот Харвард, укажува дека маслиновото масло всушност може да го продолжи животниот век. Повеќе за истражувањето во продолжение.

"“Online”/

 

Маслиновото масло – еден од најздравите извори на масти

 

Маслиновото масло има централна позиција во медитеранската исхрана. Тоа редовно се користи во медитеранските рецепти, а се смета и дека голем дел од здравствените придобивки кои се асоцирани со овој начин на исхрана се директно поврзани со маслиновото масло. Тоа претставува извор на особено здрави – незаситени масти во чија градба спаѓаат и омега-6 и омега-3 масните киселини.

Главната масна киселина претставува мононезаситената олеинска киселина – со околу 73% од вкупните липиди. Оваа масна киселина има докажани позитивни ефекти за човековото здравје – анти-воспалително дејство, го намалува холестеролот, го подобрува кардиоваскуларното здравје и сл. Маслиновото масло е исто така и одличен извор на низа антиоксиданти, а ги содржи во умерени количини и витамините Е и К.

Присуството на овие витамини и антиоксиданти допринесува за бројни корисни ефекти на маслиновото масло врз нашето здравје. Особено се смета како корисно за одржување на здравјето на мозокот, кардиоваскуларното здравје, а може да биде корисно и за превенција од прекумерна телесна тежина и појава на дијабет тип 2.

Сепак, иако е особено здраво и корисно, маслиновото масло треба да се консумира умерено, бидејќи како сите масла – истото е доста калорично. Во еден грам маслиново масло се содржат 9 калории, па така голема супена лажица од 10-15g би содржела од 90 па до 135 калории. Затоа, маслиновото масло се препорачува да се употребува редовно и секојдневно, но во умерени, помали количини.

 

[Поврзано: ЛАДНО ЦЕДЕНО наспроти „ОБИЧНО“ маслиново масло – во што лежи разликата?]

 

Истражување – маслиновото масло се поврзува и со подолг животен век

 

Веќе споменавме дел од позитивните ефекти на маслиновото масло врз нашето здравје. Според една понова студија од универзитетот Харвард, овие придобивки се асоцираат и со подолг животен век, односно намален ризик од предвремена смрт. Се смета дека ризикот за кардиоваскуларни заболувања, канцер, па дури и невродегенеративни заболувања значително се намалува.

Ова се смета за прва долгорочна студија во САД која ја проучувала поврзаноста меѓу внесот на маслиновото масло и ризикот за овие заболувања. Имено, познато ни е дека САД е меѓу водечките држави во поглед на прекумерната телесна тежина, дијабетот и низа на други здравствени проблеми.

Тоа најмногу се препишува на т.н „западна“ исхрана која вклучува консумирање на големи количества процесирана храна – богата со заситени и транс масти, но и прекумерни количества на сол и шеќер. Исто така, заболувањата од овој тип се поврзуваат и со седечкиот начин на живеење, кој навистина е веќе долго време присутен и кај нас.

 

Што точно покажале резултатите?

 

Резултатите од истражувањето покажале дека замената на масти од животинско потекло со маслиново масло е клучот за намалување на ризикот од бројни заболувања. Под ова не подразбираме само на употребата на животински масти при готвењето (пр. свинската маст) туку и на редовната употреба на месо во исхраната.

Од над 90,000 испитаници, оние кои најмногу користеле маслиново масло (околу 7g на ден) имале за 19% помал ризик од смрт поврзана со  кардиоваскуларно заболување, 17% помал ризик од смрт поради појава на канцер и за дури 29% помал ризик од смрт поврзана со невродегенеративни заболувања. Споредено со путерот, маргаринот, мајонезот или храна која содржи млечни масти – маслиновото масло во секој поглед го намалува ризикот за набројаните заболувања.

Ова е доказ дека особено за држави како САД каде владее „брзата храна“, маслиновото масло може навистина да го подобри здравјето на населението. Тоа важи и за нас, бидејќи таквата „брза“ исхрана, нажалост, наоѓа сè почеста примена, а тоа се одразува и преку здравјето на луѓето – особено кардиоваскуларното и здравата телесна тежина.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор