fbpx

Студија: Не мора да сте од Медитеранот за да ги искористите придобивките од МЕДИТЕРАНСКАТА ИСХРАНА!

tonus

Доколку сте редовни читатели на нашиот блог, досега веќе добро знаете дека редовно зборуваме и ја нагласуваме корисноста и бројните придобивки од медитеранската исхрана. Всушност таа е во центарот на нашиот принцип на работа, а тоа се должи на бројните студии и научни докази кои ја потврдуваат нејзината корисност. Токму за ова ќе зборуваме и денес, во оваа денешна статија. Ќе се задржиме на една студија која покажува дека дури и популацијата која не е од Медитеранот, може да ги искористи сите придобивки од оваа исхрана, намалувајќи го драстично ризикот од смртност од разни заболувања.

 

Кои се основните принципи на медитеранската исхрана?

За разлика од другите начини на исхрана или т.н „диети“ – медитеранската кујна и исхрана речиси нема никакви рестрикции и строго определени правила. Таа се засонва на принципи кои се лесни за следење и кои може да се користат и на долги патеки. Како што споменавме тие воглавно се:

  • Редовно консумирање на зеленчуци и овошје од секаков тип и во секаква форма (салати, супи, готвени јадења, смути, намази, зимници и сл.)
  • Замена на нездравите масти (заситени и транс масти) со здрави алтернативи – риба, јатки, семки, ладно цедени растителни масла (првенствено маслиновото) и сл.
  • Честа употреба на полнозрнестите житарки
  • Употреба на нискомаслено млеко и млечни продукти
  • Умерена употреба на месото (особено на црвеното месо и месните преработки) – се препорачува употребата на пилешкото или мисиркиното месо
  • Редовна употреба на мешунките (грав, боранија, грашок и сл.)
  • Јадење на риба барем 1-2 пати неделно

Воочливо е дека препораките се базираат врз употреба на разновидна исхрана со вклучување на што е можно повеќе свежи намирници во секојдневните рецепти, а сепак избегнување на сосем малку нездрави алтернативи. Иако се смета за исхрана без голем број рестрикции, се препорачува целосно или делумно избегнување на процесираната храна – односно намирниците кои се сиромашни со нутриенти, а имаат огромен број на калории. Тука спаѓа брзата храна, слатките, тортите, сладоледот, кондиторските производи, чипсот, соковите и сл.

"“Online”/

 

Истражување: медитеранската исхрана е корисна за сите, значајно намалувајќи го ризикот од смртност од разни заболувања

Голем број истражувања го имаат проучувано ефектот на медитеранската исхрана врз здравјето, но повеќето од нив се спроведени во области кои се близу или во самиот медитерански регион. Оваа студија се фокусирала на популација која не е од Медитеранот, а целта била да се покаже дека независно од местото на живеење, медитеранскиот начин на живот и исхрана може да делуваат позитивно. Бидејќи самите намирници ќе се разликуваат, целта е да се задржат принципте на самата кујна – свежи, локални и сезонски намирници, минимален внес на процесирана храна, помал внес на црвено месо и сл.

 

Што покажале резултатите?

Во студијата биле анализирани навиките на над 110.000 испитаници од Обединетото Кралство. Бил користен т.н MEDLIFE индекс кој зема предвид начин на живот и исхрана на испитаниците преку прашалници. Испитаниците биле на возраст од 40 до 75 години. Преку прашалниците тие одговориле колку често јаделе овошје, зеленчук, житарки, потоа дали се придржувале до некои од принципите на медитеранската исхрана, а биле анализирани и нивните нивоа на физичка активност, одмор и социјализација. Времето на следење било 9 години, каде на крајот било целосно анализирано здравјето на испитаниците. За тоа време, над 4.000 испитаници починале од различни причини – најмногу од карцином и кардиоваскуларни заболувања. Кога овие резултати биле анализирани заедно со оние од прашалниците, научниците можеле да потврдат дека оние испитаници кои имале повисоки оцени од самиот прашалник, имале за 29% помал ризик од смртност од разни состојби и 28% помал ризик од смртност од карцином. Според прашалникот, најголемо влијание врз ваквите резултати научниците сметаат дека има степенот на физичка активност, одморот и социјализацијата.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор