fbpx

Се пренесува ли корона преку ОБЛЕКА и ОБУВКИ?

tonus

Во последниов, речиси месец сите се обидуваме да излегуваме од дома само кога е навистина неопходно. Дали е тоа излегување за на работа, за набавување на неопходните намирници од маркетите или за обична прошетка.

Дури и покрај соодветното дистанцирање, носењето маска, ракавици и темелното миење раце кога ќе дојдеме дома, сепак многу често нè измачува прашањето: можам ли на некаков друг начин да го внесам вирусот дома, на пример преку облеката или донесените намирници или предмети во домот? Што со чевлите, ќесите? Еве што треба да знаете во врска со ова:

Многу е мала веројатноста за контаминираност на облеката

Доктор Су од инфективната болница во Орландо вели дека вируот е многу нов и сè уште имаме навистина многу непознати, но според досегашното искуство, утринското трчање или брзото пазарење во маркетите е навистина безбедно во однос на заразувањето со Covid-19 преку контаминирана облека. Тој вели дека до овој момент, нема потврдени случаи на корона вирус, пренесени на ваков начин.

"“Online”/

Познато е дека вирусот се шири преку директна или индиректна изложеност на секретни капки (според поновите истражувања и од микрокапки кои подолго се задружваат во воздухот), односно при контакт со лице или контакт со контаминирани површини.

Во зависност од површините, новиот корона вирус може да се задржи на поцврстите површини како метал, пластика подолг период (2-3, па и 5 дена според некои студии). На помеките неколку часа. За облека и намирници сè уште не постојат релевантни податоци.

Д-р Кетлин Џордан вели дека најдобрите истражувања за тоа дали вирусот може да се пренесе преку облеката и обувките се правени на вируси како инфлуенцата и некои други почести вируси. Според добиените податоци, споменатите површини не се добар ,,инкубатор” за испитуваните вируси. Влажноста и релативната влага на воздухот се значаен околински фактор за ширењето на вирусите. Природата на облеката е помека и на еден начин мрежаста, што значи дека многу полесно на неа може да делува струењето на воздухот и влажноста.

Според кажаното, ризикот за пренесувањето на вирусот преку облека и обувки е многу мал, но според научниците постојат неколку сценарија во кои треба да бидеме особено внимателни со облеката

Кога има потенцијален ризик?

Доколку живеете со лице кое е заразено или на било кој друг начин имате контакт со лице кое е позитивно, почестото перење на алиштата и внимавањето со нивната манипулација е од особена важност. Ова важи и за здравствените рабоници од секој профил. Обичните детергенти употребувани во секојдневниото би биле доволни за да го неутрализираат евентуално присутниот вирус.

Друго сценарио според кое треба да се однесуваме повнимателно со хигиената на облеката е доколку знаеме дека не сме биле во можност, при пазарењето на пример, да одржиме дистанца или сме биле во близина на луѓе кои кашлаат или киваат.

Во сите останати случаи, многу позначајно е да се посветиме на личната хигиена (пред сè правилното миење на рацете со сапун и вода) и недопирање на лицето.

Носењето маска во затворени простории како што се маркетите исто така може да придонесе за помал ризик од инфекција, но носењето маска на отворено речиси е бесмислено.

Што со обувките?

Обувките, според природата на нештата се многу повалкани од облеката. Преку нив можно е да се внесат различни микроорганизми од средината. Сепак, експертите се согласни дека ризикот од трансмисија на корона вирусот преку обувките е многу мал. Тоа е така пред се бидејќи традиционално се однесуваме правилно со нив – ги оставаме на прагот на домот, а и многу ретко доаѓаме во контакт со нив, особено со валканиот дел.

Сепак, како дополнителни мерки за превенирање воопшто да дојде до некаква контаминација на обувките е да го ограничиме нашето движење на неопходното и да ги чистиме обувките почесто. Секако, чистењето треба да биде надвор од домот. Ова е добро и за превенцијата од други патогени микроорганизми, особено оние кои се пренесуваат преку прашината.

Краток заклучок

Се работи за вирус кој се пренесува од човек на човек, не од облека на човек или од обувки на човек, барем според досегашните истражувања. Според експертите, минимални се шансите за ваква трансмисија на вирусот, бидејќо досега нема потврдени такви случаи. Но, имајќи во предвид дека ова е сосема нов вирус, добро е да бидеме внимателни, да превземаме што повеќе превентивни мерки, но не смееме да дозволиме да бидеме совладани од паниката и паранојата. Во одредена мера тие можат да бидат и полоши по нашето здравје отколку било кој вирус.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор