fbpx

Зошто правилната ХИДРИРАНОСТ е клучна за здравјето на БУБРЕЗИТЕ?

tonus

Една од најчестите здравствени препораки е правилната хидрираност, односно пиењето на доволно вода. Водата е вклучена директно или индиректно во речиси секој процес во нашето тело. Таа има незаменлива улога за функцијата на секој орган, а особено е поврзана и влијателна на бубрезите. Во продолжение ќе зборуваме токму на оваа тема – влијанието на хидрираноста врз здравјето на бубрезите.

 

Што им се случува на бубрезите кога сме дехидрирани?

Кога сме дехидрирани, клетките праќаат сигнали до хипоталамусот (централен дел од мозокот), кој ослободува хормон наречен вазопресин, познат како антидиуретичен хормон (ADH). Овој хормон им сигнализира на бубрезите да извлекуваат што помалку вода од крвта, што води до намалено мокрење и потемна и пононцентрирана урина. За урината како индикатор на дехридрираноста, повеќе прочитајте тука.

Бубрезите се филтерот на крвта и без доволни количества вода, тие не се во можност целосно да си ја извршуваат функцијата, односно да го отстрануваат природниот метаболитички ,,отпад”, но и различните токсини.

"“Online”/

При долготрајна состојба на дехидрираност, бубрезите постојано треба да работат со максимален напор, што може да води до акутни повреди, состојби кои потоа се ризик за одредени бубрежни заболувања.

Дополнително, постојаниот недостаток од течности во бубрезите може да биде клучен поттикнувач на камчиња во бубрезите.

 

Зошто правилната хидрираност е клучна за здравјето на бубрезите?

Правилната хидратација е исклучително важна за одржување на оптимално здравје и функција на бубрезите. Како што споменавме, бубрезите играат клучна улога во филтрирањето на отпадните материи, токсините и вишокот течности од крвотокот. Кога телото е доволно хидрирано, бубрезите можат ефикасно да го извршат овој процес на филтрирање, успешно отстранувајќи го отпадот и одржувајќи здрава рамнотежа на електролити и течности во телото. 

Но, честата дехидрираност може да ги оптовари бубрезите, со што ја нарушува нивната способност да функционираат ефикасно. Продолжената, редовна дехидрација може да доведе до формирање на камења во бубрезите, инфекции на уринарниот тракт и уште потешки состојби како што се акутни бубрежни оштетувања или хронична бубрежна болест. Дополнително, недоволната хидратација може да резултира со концентрирање на урината, што ја прави покисела и потенцијално иритирачка за уринарниот тракт.

За поддршка на здравјето на бубрезите, се препорачува да се пие соодветна количина на течности во текот на денот, а водата е секако најдобар избор. Општите препораки за внес на вода се движат во опсегот од околу 2 литри на ден. Секако, оваа бројка е општа и не може да ги отслика потребите на секоја индивидуа. Луѓето што се физички активни, што често се надвор на топлото време, имаат значително поголеми потреби за вода. Исто така, бремените жени како и постарите лица, треба да внимаваат на тоа колку вода внесуваат дневно. Треба да напоменеме дека водата доаѓа и од храната, па така зеленчуците, овошјето, готвените јадења, кафето, чајот – се секако извор на значителни количини вода. Важно е да се следат и знаците на нашето тело: чувство на жед или суви усни, чувство на уморно, блага главоболка, надразливост, потешкотии со концентрацијата и сл. Сето ова може да биде знак дека имаме потреба од вода и дека имаме благ или умерен степен на дехидрираност.  

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор