fbpx

Доволен внес на ВОДА – главна ПРЕВЕНЦИЈА против појава на КАМЧИЊА ВО БУБРЕЗИТЕ!

tonus

Добро ни е познато дека покрај храната, соодветниот внес на течности е подеднаков важен за здравјето. Секако, зборуваме за течности кои се здрави: вода, чај, кафе, лимонада, кефир, јогурт итн. Поголемиот дел од овие течности содржат макро и микронутриенти, но и разни антиоксидативни соединенија. Но, тие се важни и поради нивната содржина на вода, односно како средства за хидрирање. Внесот на вода и течности е исклучително важен, особено во летните, топли денови.

Денес ќе се задржиме на една тема, односно аспект од здравјето кој е директно поврзан со хидрираноста, а тоа е создавањето на бубрежни камчиња.

 

Зошто е толку важно да се внесуваат течности?

Нашето тело во просек е изградено од околу 60% вода. Водата има клучна функционална, но и структурна улога во организмот. Таа е главниот агенс за прочистување на телото, но и средина во која се одвиваат повеќето физиолошки процеси. Така, водата е неопходна за секоја една клетка од телото и е потребна за телото да може да се ослободи од сите токсини кои ги вдишуваме или внесуваме преку устата.

"“Online”/

Секое едно ткиво и орган во телото имаат потреба од вода за правилно да функционираат. Регулацијата на температурата, отстранувањето на непотребните материи, подмачкувањето на зглобовите, сите тие се процеси кои имаат потреба од вода.

Под поимот хидрација, подразбираме внес на течности од храната и од пијалоците. Препорачаниот дневен внес за вода е околу 2,7 литри за жени и 3,7 литри за мажи. Тоа не значи дека целото потребно количество мора да го внесуваме преку обичната вода, но препорачливо е да се избегнуваат пијалоците кои прават повеќе штета во телото, отколку што нè хидрираат. Како такви може да ги издвоиме пијалоците богати со додадени шеќери

 

Причини за појава на камчиња во бубрезите

Бубрежните камчиња се цврсти депозити или наслаги во бубрезите, кои имаат потенцијал да кристализираат, односно да преминат во камчиња со различен дијаметар и облик (шилест, поправилен топчест итн), но најчесто се работи за помали обеми.

Можат да се формираат на неколку начини, од кои најчести се два. Првиот начин е преку комбинирање на калциумот со одредени соединенија од урината – оксалати или фосфор. Ова се случува кога споменатите компоненти се доста концентрирани во урината.

Другиот начин е преку таложење на уричната киселина, што најчесто се случува поради метаболизмот на протеините, односно преголемото внесување на прехранбени производи од животинско потекло.

Условите кои дополнително придонесуваат и го забрзуваат формирањето на камчиња во бубрезите се: недоволната хидрираност (непиење доволно вода) и намалена pH вредност (што се случува при концентрирањето на уричната киселина).

 

Зошто правилната хидрираност го намалува ризикот за појава на камења во бубрезите?

Одредена статистика вели дека секој единаесетти човек во САД, во даден момент од животот ќе се соочи со бубрежни камења. Самата состојба се смета за доста честа, но и лесно превентивна. Исто така, луѓето кои веќе имале проблем со ваквите камчиња, според некои статистики, имаат 50% шанси за повторна нивна појава доколку не превземат соодветни, превентивни чекори. 

Еден превентивен и едноставен чекор е внесот на доволно течности. Принципот е доста едноставен – внесот на поголем волумен на течности доведува до поголем волумен и на создадена урина и нејзино разредување. Со други зборови, течностите, односно водата ја намалува концентрацијата на минералите кои се заслужни за формирањето на камчињата. Дехидрираноста, односно недоволниот внес на вода го има спротивниот ефект – ги концетрира минералите и останатите соединенија кои потоа може да прераснат во камчиња. Впрочем, дехидрираноста се смета за еден од најчестите и главни ризик фактори за појава на камчиња во бубрезите. 

Количеството на вода кое ни е потребно, како што знаеме, ќе зависи од периодот од годината, телесната тежина, степенот на физичка активност и сл. Добра појдовна точка е придржување до општите препораки за внес на вода, кои ги споменавме погоре. Доколку веќе имате позната склоност кон формирање на камчиња, тогаш правилната хидрираност е уште понагласена за вас.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор