fbpx

Истражување: ПРЕКУМЕРНАТА ТЕЖИНА влијае на функцијата на МОЗОКОТ!

tonus

Прекумерната тежина е еден од главните загрижувачки проблеми и предизвици на јавното здравје. Таа е широко застапена и нажалост, сè почеста. Во оваа денешна статија, ќе зборуваме за едно ново истражување кое покажува како обезноста влијае на начинот на кој мозокот функционира, особено во поглед на храната и апетитот. 

 

Дебелината – меѓу најзастапената здравствена состојба на денешницата

Прекумерната тежина е дефинирана како состојба кога телото има абнормални, односно прекумерни резерви и наслаги од масти. BMI (Body mass index) е еден начин на кој лесно може да се провери нашата моментална состојба во поглед на телесната тежина. Секако, поради својата едноставност, ваквиот метод е доста општ и не секогаш целосно прецизен и објективен.

Во светски рамки, САД е на првото место како држава со најголема гојазност. Но, се проценува дека во периодот од 1975 па до денес, на глобално ниво, прекумерната тежина кај популацијата е за три пати позастапена. Таа исто така претставува најпревентабилна причина за предвремена смртност. Истата е поврзана и со бројни други заболувања, како што се: дијабет, кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и др.

"“Online”/

Во 2016 година, повеќе од 1,9 милијарди возрасни луѓе (над 18 години) ширум светот, имале прекумерна тежина.

Загрижувачки е што ваквиот пораст е забележан и кај децата и тинејџерите. Едно истражување покажало дека гојазноста кај оваа група е зголема за 10 пати од 1975 година до денес. Во 2016 бројот на деца и тинејџери со прекумерна тежина бил 124 милиони, наспроти 11 милиони во 1975.

 

Што ја предизвикува ваквата состојба?

Главната, фундаментална причина поради која луѓето имаат вишок килограми, е дисбалансот помеѓу внесените и потрошените калории. Со други зборови, јадеме повеќе отколку што имаме потреба. Овој проблем е дополнително влошен кога е зачестена консумацијата на храна богата со масти и шеќери и кога не постои доволна физичка активност.

Ваквиот дисбаланс во нашата исхрана и физичка активност често е предизвикан и е под влијание од обврските, секојдневието, навиките и сл. Недоволното влијание и ангажирање на здравствениот систем во овој поглед, исто така може да се вброи како негативен фактор.

 

Истражување: прекумерната тежина може трајно да влијае на нашиот мозок

Во ова истражување биле вклучени лица со здрава телесна тежина и лица со прекумерна тежина. Кај двете групи бил проучуван одговор на мозокот кон внес на храна која содржи масти и глукоза. Конкретно бил проучуван специфичен дел од мозокот поврзан со исхраната, апетитот и заситеноста. Овој дел од мозокот сигнализира кога е внесено доволно храна и научниците го нарекуваат „калориски сензор“, односно има важна улога во „прилагодување“ на исхраната врз база на нејзината калориска вредност. Исто така, било мерено и нивото на допамин, хормон кој нормално се очекува да се лачи при јадење. 

Резултатите покажале дека кај испитаниците со здрава телесна тежина, оваа област од мозокот по внесот на храната била со намалена активност, а нивоата на допамин се зголемиле. Тоа би значело дека овие лица чувствувале задоволство од оброкот, но и ситост. 

За разлика од нив, лицата со прекумерна тежина имале помали нивоа на допамин кога консумирале масти, а кај нив оваа конкретна регија од мозокот продолжила да биде активна. За разлика од мастите, шеќерите довеле до создавање на позначителни нивоа на допамин кај оваа група. Ова би значело дека луѓето со прекумерна тежина, не го чувствуваат истиот степен на ситост и имаат генерално помало чувство на задоволство по самиот оброк. На некој начин, овие резултати научниците ги објаснуваат како „лоша комуникација“ помеѓу гастроинтестиналниот тракт и мозокот. 

 

Ваквите резултати би можеле делумно да објаснат зошто на лицата со прекумерна тежина им е во некои случаи, навистина тешко да ги намалат килограмите. Студијата секако има свои ограничувања, а научниците не можат со сигурност да одговорат дали овие промени во мозокот се јавуваат како резултат на прекумерната тежина или во дадена мера се причина за појава на истата. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор