fbpx

Препроцесирана храна – особено штетна за луѓето со нарушено срцево здравје!

tonus

Како и сите други индустрии, така и прехранбената бележи континуирант раст и напредок. Но, истата е понекогаш и производител на особено нездрави и штетни намирници и храна. Па така, високо процесираната храна е нешто што секоја здравствена препорака советува да се избегнува. Истата има сиромашен нутритивен состав, нешто за што ќе зборуваме во продолжение. Покрај тоа, одредени истражувања покажуваат дека овој тип на храна е особено штетна за кардиоваскуларното здравје и го зголемува ризикот за срцев удар.

Што претставува процесираната и високо процесираната храна?

Под процесирана храна се подразбира било кој тип на храна или намирница кои трпи некој начин на обработкафизички или хемиски. Најчесто тоа се процесите на миење, сецкање, димење, термички обработки (пастеризирање, мрзнење, печење), ферментирање или пак додавање на одредени конзерванси.

Ваквите обработки не се ништо ново и човекот ги употребува веќе илјадници години. Тие се одличен начин да се заштити храната од расипување, а и често  се користат и за полесен транспорт и подолго складирање. Во некои случаи (како мрзнењето и ферментирањето) нутритивниот состав на храната сосем малку се променува, па некогаш дури и се подобрува и зачувува.

"“Online”/

Но, проблемот настанува со високо процесираната храна, односно храна која е преполна со шеќери, сол, масти и конзерванси. За ваквата храна е потребно сосем малку или не е потребно воопшто било каква подготовка, односно таа е веднаш погодна за консумирање. Во овој тип на храна се вбројуваат :

  • Кондиторските производи (чоколади, бомбони, смоки, слатки и сл.)
  • Пржените производи – пример чипсот
  • Процесираните месни производи
  • Сладоледи, торти и слични слатки производи
  • Безалкохолни пијалоци
  • Низа на млечни продукти со додаден шеќер

Зошто ваквата храна е проблематична?

Консумацијата на ваквите производи е константно во пораст, а тоа е алармантно бидејќи истата може значително да допринесе кон зголемен внес на калории, а со тоа и до зголемена телесна тежина. Покрај тежината, составот на ваквата храна (големи количини шеќер, сол, заситени и транс масти) го зголемува ризикот и од бројни други заболувања – дијабет, срцеви заболувања, покачен холестерол и триглицериди и сл.

Една студија покажува дека за секој 10% пораст во употребата на високо-процесираната храна кај популацијата, ризикот за предвремена смрт се зголемува за 14%. Друга студија ја утврдила поврзаноста меѓу консумацијата на ваквата храна и гојазноста кај децата и тинејџерите.

Некои истражувања ја испитувале и поврзаноста меѓу доминантноста на ваквата храна на пазарот и дебелината на населението. Биле проучувани и споредувани стапките на гојазност и застапеноста на ваквата храна во различни држави. Утврдена била позитивна корелација помеѓу достапноста и консумацијата на високо-процесираната храна и покачената телесна тежина кај населението. Во Англија, стапката на прекумерна тежина била 24,5% (највисока во истражувањето) и достапноста до ваква храна исто така била најголема за Англичаните – односно 50,4% од нив имале лесно достапна процесирана храна.

Штетноста на процесираните намирници во однос на кардиоваскуларното здравје

Освен штетеноста на овој тип на храна за здравата популација, истата е особено штетна и опасна за лицата кои веќе имаат нарушено кардиоваскуларно здравје или пак имале срцев или мозочен удар во минатото.

Едно неодамнешно истражување покажува дека високо процесираната храна е извор на голем број непосакувани состојки, а содржи сосем мала нутритивна вредност. Исто така, истражувањето покажува дека овој тип на храна е особено штетна во поглед на кардиоваскуларното здравје. Тимот научници согледал дека оние кои имале претходен проблем со кардиоваскуларнот здравје (срцев или мозочен удар), а притоа почесто консумирале високо процесирана храна, имале за над 60% поголем ризик за втор мозочен удар или инфаркт. Исто така, вториот ваков инцидент би бил со поголем ризик за смртност. Дополнително, ризикот за смртност поради други здравствени причини исто така се зголемил за над 40%.

Научниците апелираат дека при изборот на храна, луѓето не треба да се фокусираат само на калориите. Важно е да се согледаат намирниците кои се искористени и да се воочи колкав дел од нив се процесирани. Секако, процесираната храна е дел од нашиот живот и истата може да се употребува повремено и во мали количини. Но, важно е да се знае опасноста од нејзино често и прекумерно консумирање. Треба да се тежнее кон употребата на свежи намирници, кои се сосем малку термички обработени. Покрај тоа, треба да се внимава на употребата на маслата, солта и шеќерот при готвењето – компоненти со кои процесираната храна изобилува. Во тој поглед, лицата со веќе компромитирано кардиоваскуларно здравје, навистина треба да настојуваат целосно или барем што е можно повеќе да ја избегнуваат високо процесираната храна.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор