fbpx

Исклучително лесни и здрави рецепти со СПАНАЌ

tonus

За здрава храна можеби нема подобра асоцијација од зеленчуците. Тие се ниско калорични, а богати со нутриенти – витамини, минерали, антиоксиданти, растителни влакна и низа на други корисни соединенија. Во тој поглед, еден зеленчук особено се издвојува и важи за една од најкорисните и најздрави опции – спанаќот. Тој е синоним за здрава храна и нешто што го зајакнува нашиот имунитет. Има широка примена и е често достапен, односно го има во поголемиот дел од годината на пазарите, како свеж, но и редовно се наоѓа во маркетите во замрзната форма. Затоа, денес издвојуваме два интересни рецепти кои ќе ве потсетат да подготвите нешто здраво и вкусно со спанаќ.

Спанаќ – еден од најздравите лиснати зеленчуци

Спанаќот се смета за еден од најздравите зеленчуци. Во нашата традиционална кујна спанаќот е застапен во различни рецепти и салати. Тој е одличен извор на микронутриенти, витамини, минерали, па и растителни влакна. Од друга страна има доста ниска калориска вредност.

Во 100g спанаќ се содржат:

"“Online”/
  • 23 калорииl
  • 3,6g јаглехидрати
  • 2,9g протеини
  • 0,4g масти
  • 2,2g растителни влакна
  • 145mcg витамин К или 181% од Дневно Препорачаниот Внес
  • 2813IU витамин А или 56% од ДПВ
  • 58,2mg витамин В9
  • 8,4mg витамин С
  • 0,8mg железо

Дополнително, спанаќот содржи помали количества и на калциум, цинк, селен, бакар, фосфор,витамин В6 и витамин Е. Термички подготвениот спанаќ содржи неколку компоненти во поголема концентрација отколку свежиот.

Сепак, присуството на оксална киселина делува инхибирачки на апсорпцијата на калциум и на железото, па спанаќот има помала биодостапност во однос на нив. Инаку, оксалната киселина преку врзувањето на дел од присутните железо и калциум ја намалува и отежнува нивната апсорпција во организмот.

Медитерански микс од спанаќ и грав

За овој вкусен рецепт за ручек или вечера ќе ви бидат потребни околу 30 минути и се добиваат околу 4 порции

Потребни состојки:

  • 1 главица кромид, ситно исецкан
  • 2-3 чешниња лук, ситно исецкани
  • 1 тегла конзервирани цели парчиња домати (може и 1-2 свежи исецкани домати)
  • 1-2 лажички соја сос-по желба
  • Малку сол и црн бибер
  • Малку мелен црвен пипер
  • 1 пакување конзервиран грав
  • Околу 300g свеж спанаќ
  • Маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Во тавче загрејте го маслиновото масло и пропржете го исецканиот кромид 3-5 минути. Додадете ги и чешнињата лук и пропржете ги дополнително околу 1-2 минути. Додадете ги доматите (свежи или од конзерва), соја сосот и зачинете. Оставете ја смесата да зоврие и продолжете со готвење додека смесата не се згусне, односно дел од течноста испари.
  2. Додадете го гравот од конзерва или тегла и додадете го спанаќот. Гответе околу 5 минути, односно додека не омекне спанаќот. Зачинете и посолете и додадете малку маслиново масло.

Спанаќ салата со наут

За подготовка на овој рецепт потребни ќе ви бидат околу 10-15 минути, а истиот е доволен за 4 лица.

Потребни намирници:

  • 1 конзерва подготвен наут
  • Околу 300g свеж спанаќ
  • 1-2 свежи домати
  • Неколку ротквици
  • Малку младо кромидче
  • Околу 100g фета сирење
  • Сол, бибер и суво оригано

За преливот:

  • 1-2 чешниња лук, ситно исецкани
  • Малку сол
  • Сок од половина лимон (може да се замени со неколку капки балсамико оцет)
  • Малку ладно цедено маслиново масло

Подготовка:

  1. Состојките за преливот ставете ги во мал сад и фино промешајте ги. Оставете го преливот на страна.
  2. Исечете ги доматите, ротквиците и младото кромидче. Спанаќот измијте го и исецкајте го на големина по ваша желба. Додајте го кон останатите зеленчуци во поголем сад.
  3. Додајте го наутот од конзерва кон зеленчуците и малку промешајте ги. Додајте го потоа преливот и фино промешајте. По желба посолете дополнително или додајте зачини.
  4. Салатата послужете ја со издробено фета сирење на врвот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор