fbpx

Зошто СЛАБЕЕЊЕТО е еден од најдобрите начини да се НАМАЛИ ХОЛЕСТЕРОЛОТ?

tonus

Денес ќе зборуваме за покачениот холестерол, состојба која за жал е присутна кај огромен дел од популацијата. Поконкретно, ќе ја погледнеме поврзаноста меѓу слабеењето и нивото на холестерол. Дали слабеењето впрочем може да е еден од наједноставните начини да се намали нивото на холестерол?

 

Дебелината – меѓу најзастапената здравствена состојба на денешницата

Прекумерната тежина е дефинирана како состојба кога телото има абнормални, односно прекумерни резерви и наслаги од масти. BMI (Body mass index) е еден начин на кој лесно може да се провери нашата моментална состојба во поглед на телесната тежина. Секако, поради својата едноставност, ваквиот метод е доста општ и не секогаш целосно прецизен и објективен.

Во светски рамки, САД е на првото место како држава со најголема гојазност. Но, се проценува дека во периодот од 1975 па до денес, на глобално ниво, прекумерната тежина кај популацијата е за три пати позастапена. Таа исто така претставува најпревентабилна причина за предвремена смртност. Истата е поврзана и со бројни други заболувања, како што се: дијабет, кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и др.

"“Online”/

Во 2016 година, повеќе од 1,9 милијарди возрасни луѓе (над 18 години) ширум светот, имале прекумерна тежина.

Загрижувачки е што ваквиот пораст е забележан и кај децата и тинејџерите. Едно истражување покажало дека гојазноста кај оваа група е зголема за 10 пати од 1975 година до денес. Во 2016 бројот на деца и тинејџери со прекумерна тежина бил 124 милиони, наспроти 11 милиони во 1975.

 

Дали регулирање на телесната тежина може да значи и регулирање на нивото на холестерол?

Покачената тежина и холестеролот одат рака по рака, а за ова веќе имаме зборувано ви претходна статија.  Научните студии постојано покажуваат дека ослободувањето од вишокот на телесна тежина преку модификации на начинот на живот, како што се промените во исхраната и зголемената физичка активност, доведува до значително подобрување на липидниот профил. Вишокот на масти, особено висцералните масти, се тесно поврзани со дислипидемијата која се карактеризира со покачени нивоа на вкупен холестерол, LDL холестерол и триглицериди, заедно со намалени нивоа на HDL. Намалување на тежината, не само што доведува до намалување на вкупниот и LDL холестеролот, туку исто така придонесува и за нормализирање на нивоата на триглицериди и покачување на концентрациите на HDL холестеролот. Ова едноставно се должи на намалување на нивото на липиди во организмот преку намалување на тежината.

Губењето на тежината влијае на липидниот метаболизам преку подобрување на инсулинската сензитивност, зголемена оксидација на масните киселини и модулирање на активноста на клучните ензими вклучени во синтезата и транспортот на холестерол. Покрај тоа, подобрените нивоа на холестерол како резултат на намалената тежина се придружени и со намалување на воспалението и оксидативниот стрес во организмот, нешто што дополнително го ублажува и намалува ризикот од  кардиоваскуларни проблеми. 

Без сомнеж може да кажеме дека намалување на прекумерната тежина останува една од наједноставните и најкорисни превентивни, но и активни мерки за справување и менаџирање на покачениот холестерол. Здравата телесна тежина го намалува целокупниот кардиоваскуларен ризик, не само преку нивото на холестерол, туку и преку крвниот притисок и триглицеридите.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор