fbpx

Зошто СТАРЕЕЊЕТО не треба да се асоцира со намалена УМСТВЕНА СПОСОБНОСТ?

tonus

Добро ни е познато дека редовната физичка активност, здравата исхрана и целокупното здраво живеење ќе ни помогне да бидеме витални и енергични дури и во староста. Постојат голем број студии, но и примери за луѓе кои имаат над 60,70 па дури и над 80 години, а се витални, здрави и полни со живот. Секако, тука се вклучени повеќе фактори, меѓу кои и некои врз кои немаме контрола – како што е генетиката. Но, дали истите правила важат и за одржување на менталното здравје и нормалната функција на мозокот. Знаеме дека когнитивните способности слабеат како што старееме, но што би можело да ги одржи во добра форма? Токму тоа било целта на едно ново истражување за кое ќе зборуваме малку повеќе во продолжение.

 

Што претставува когнитивното здравје?

Когнитивното здравје или когнитивните функции, се еден аспект и дел од здравиот мозок. Како основни когнитивни функции се сметаат:

  • Вниманието
  • Успешно извршување на сложени движења
  • Говорот
  • Процесирање на визуелни и просторни сигнали
  • Учење на нови работи и вештини
  • Меморијата
  • Социјалната интеракција
  • Контролата врз емоциите

 

Ова се дел од „задачите“ што би требало човек со добро когнитивно здравје да ги извршува без никаков проблем. Тоа значи и нормално функционирање во општеството, добра интеракција и комуникација со луѓето од средината, способност за извршување на работата и обврските и сл. Врз когнитивното здравје може да влијаат повеќе фактори, меѓу кои е и возраста. Но, дали е возраста односно стареењето виновно само по себе или вината лежи и во начинот на кој и ние се менуваме со стареењето? Дали исклучувањето на одредени активности и откажувањето од нови задачи може да влијае негативно на нашиот мозок? Истражувањето кое го издвојуваме денес вели – да.

"“Online”/

 

Истражување – човечкиот мозок не губи од својата функција сe до 60-тите години

Една нова германска студија ја истражувала поврзаноста меѓу стареењето и намалените способности и функција на човечкиот мозок. Иако се верува дека стареењето ја намалува и отежнува функцијата на нашиот мозок, студијата вели дека ова се должи повеќе на надворешните фактори, а не на самото здравје на човекот. Истражувачите велат дека начинот на живеење, активностите и секојдневието имаат далеку поголемо влијание отколку самото стареење.

Во истражувањето биле вклучени над 1,2 милиони испитаници чии когнитивни функции биле мерени преку соодветен тест. Главно било мерено нивното време на реакција, а резултатите покажале дека побавно реагирале лицата од 60 години па нагоре. Ваквите резултати покажуваат дека умствената функција и здравје не се исклучиво поврзани со возраста, туку и со начинот на кој луѓето се однесуваат со стареењето. Научниците сметаат дека кога се луѓето повозрасни, тие се повнимателни со своите одлуки и често се неодлучни, што може да се забележи и преку резултатите на тестот.

Слични резултати од други истражувања веќе постојат и оваа студија само ги потврдува ваквите факти. Други научници сметаат дека човечкиот мозок може да остане здрав и целосно функционален во тек на целиот живот. Тие велат дека недоволната умствена активност и повторувачкото секојдневие е она што ја намалува и влошува функцијата на мозокот, а не самото стареење.

 

Што се препорачува за одржување на здравјето на мозокот?

1 . Нови задачи и активности за мозокот – кога мозокот го подложуваме на некаква нова активност или задача, доаѓа до стимул и создавање на нови поврзувања во мозочните клетки. Покрај тоа, се смета дека доаѓа и до создавање на нови клетки и нивна помала деградација во иднина. Било каков тип на активност ќе има позитивен и стимулирачки ефект на мозокот. Тоа може да биде читање на нова книга, решавање на крстозбор, или некој друг тип на мисловна активност.

2 . Социјализација и интеракција со луѓе – комуникацијата со други луѓе преку различни социјални активности може да помогне и да го одржи мозокот поактивен и поздрав. Ваквите активности може да ја намалат изолираноста и осаменоста, кои се особено штетни за когнитивното здравје.

3 . Физичка активност – истражувањата покажуваат дека редовната физичка активност го зголемува бројот на малите крвни садови што носат крв богата со кислород до мозокот. Исто така, вежбањето може да помогне во создавањето на нови нервни клетки и да ја подобри и зголеми поврзаноста меѓу нив. Дополнително, вежбањето индиректно помага на здравјето на мозокот преку намалување на крвниот притисок, нивоата на холестерол, шеќер во крвта и стресот. Исто така, редовното вежбање може да го намали ризикот за појава на Алцхајмерова болест и за над 50%.

4 . Здрава, балансирана исхрана – Здравата исхрана го снабдува нашето тело со сите потребни нутриенти и овозможува негово оптимално функционирање. Таа исто така може да го подобри нашето ниво на енергија, нашето расположение, квалитетот на спиењето и сл. Сето ова влијае и врз когнитивното здравје. Постојат одредени истражувања кои ја утврдиле поврзаноста меѓу медитеранскиот начин на исхрана и намалениот ризик од појава на Алцхајмеровата болест.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор