fbpx

Карфиолот никогаш не бил толку ВКУСЕН – Кус-кус со карфиол (РЕЦЕПТ)!

tonus

Карфиолот се смета за еден од најздравите зеленчуци кои можат да се најдат на пазарите, а за тоа постојат низа добри причини за кои ќе зборуваме во продолжение.

Карфиолот е дел од истото семејство (Brassica oleracea) растенија со брокулите, зелката, прокељот и други поретки билки. Можеби звучи неверојатно, но утврдени се над 80 различни видови карфиол.

Карфиолот може да се приготвува на навистина многу различни начини – карфиол на пареа во комбинација со пробиотски јогурт, во комбинација со ориз, печен карфиол со различни сосови (хумус), како подобрувач на текстурата во различни рецепти (,,брашно од карфиол”), свежи салати со карфиол итн.

"“Online”/

Во 100g карфиол се содржат само околу 25kcal, од 5,3g јаглехидрати (половината од тоа фибер), 2g протеини и 0,1g масти.

Кога станува збор за микронутритивниот состав, свежиот карфиол во истата количина содржи:

◦ 50mg витамин Ц или 77% од ДП (за возрасен човек со просечна тежина)

◦ 16mcg витамин К или 20% од ДП

57mcg витамин Б9 или 15% од ДП

Очигледно е дека ваквиот состав го прави карфиолот исклучително ниско калорична намирница со импресивен нутритивен состав.

[Поврзано: Кои се најважните причини да јадеме полнозрнеста или интегрална храна и житарки, како што е кус-кусот?]

Кус-кус со карфиол

Потребни намирници:

  • Половина глава карфиол
  • Половина чашка свеж магдонос
  • ¼ чашка свежо нане
  • Половина домат, исецкан на ситно
  • Половина главица ситно сецкан црвен кромид
  • Неколку каламата маслинки
  • Малку ладно цедено маслиново масло
  • 1 чешне лук, ситно исецкан
  • ¼ чашка лимонов сок
  • Сол и бибер
  • Кумин, буковка,

Начин на подготовка:

  1. Исецкајте го карфиолот, а потоа ставете го во блендер. Пулсирајте неколку пати додека не добиете содржина која е налик ориз. Ставете го вака подготвениот карфиол во подлабока чинија.
  2. Фино исецкајте го магдоносот и нането (можете исто така да користите блендер). Додајте ги зачините во садот со карфиол, заедно со свежите зачини.
  3. Додајте ги останатите намирници, па добро промешајте. Зачинете. Вака подготвениот кус-кус со карфиол можете да го користите 2-3 денови чувајќи го во фрижидер.
  • Овој оброк прави 2 порции.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор