fbpx

Дали одржувањето на СТАБИЛНА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА е клучот за ДОЛГОВЕЧНОСТ?

tonus

Покачената телесна тежина е сериозен проблем на денешницата и нажалост е сè почеста, претставувајќи значителен и сериозен проблем по јавното здравје. Таа се поврзува со низа на други здравствени проблеми и речиси нема здравствен аспект кој не е засегнат од неа. Тоа би значело дека телесната тежина директно влијае на нашето целокупно здравје и долговечност. Денес, ќе се задржиме токму на оваа тема и ќе зборуваме за една студија која ја согледала поврзансота меѓу здравата, константна телесна тежина и долговечноста.

 

Дебелината – меѓу најзастапената здравствена состојба на денешницата

Прекумерната тежина е дефинирана како состојба кога телото има абнормални, односно прекумерни резерви и наслаги од масти. BMI (Body mass index) е еден начин на кој лесно може да се провери нашата моментална состојба во поглед на телесната тежина. Секако, поради својата едноставност, ваквиот метод е доста општ и не секогаш целосно прецизен и објективен.

Во светски рамки, САД е на првото место како држава со најголема гојазност. Но, се проценува дека во периодот од 1975 па до денес, на глобално ниво, прекумерната тежина кај популацијата е за три пати позастапена. Таа исто така претставува најпревентабилна причина за предвремена смртност. Истата е поврзана и со бројни други заболувања, како што се: дијабет, кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и др.

"“Online”/

Во 2016 година, повеќе од 1,9 милијарди возрасни луѓе (над 18 години) ширум светот, имале прекумерна тежина.

Загрижувачки е што ваквиот пораст е забележан и кај децата и тинејџерите. Едно истражување покажало дека гојазноста кај оваа група е зголема за 10 пати од 1975 година до денес. Во 2016 бројот на деца и тинејџери со прекумерна тежина бил 124 милиони, наспроти 11 милиони во 1975.

 

Како влијае тежината на долговечноста?

Во оваа студија фокусот бил ставен на повозрасни жени и веројатноста тие да доживеат возраст од 90, 95 или 100 години – возраст која научниците ја нарекле исклучителна долговечност. Во студијата биле вклучени над 54.000 жени, а научниците ги следеле нивните краткорочни и долгорочни промени во телесната тежина. 

Студијата покажала дека оние жени кои одржувале стабилна телесна тежина над 60-тата година, живееле подолго и имале поголеми шанси да го прослават својот 90-ти роденден. Оние кои имале ненамерно покачување на тежината, имале за 51% помали шанси да доживеат длабока старост. Интересно е што ни слабеењето не се асоцира со долговечност, ниту пак зголемување на тежината за над 5%. Ова укажува на важноста од стабилност и континуитет во одржување на телесната тежина

Во студијата биле вклучени жени на возраст од 61-81 година, а биле земени предвид информации како: телесна тежина, здравствена состојба, консумација на алкохол, пушење и сл. После 3 и 10 години, биле повторно анализирани и категоризирани:

  • Жени кои имале стабилна тежина – помалку од 5% промена на тежината
  • Жени кои слабееле – намалување на тежината за над 5%
  • Жени кои ја покачиле тежината – покачување на тежината за 5%

Резултатите покажале дека 56,3% од жените кои одржале стабилна телесна тежина живееле барем до нивната 90-та година. Кај оние каде дошло до намалување на тежината, шансите за живеење до 90-тата година се намалиле за 33%. Ваквите резултати се исклучително важни бидејќи ја нагласуваат потребата од константност. Во студијата исто така било земено предвид и дали промената на телесната тежина била намерна или ненамерна. Кога била ненамерна, без разлика дали се покачувала или намалувала, долговечноста се намалувала. Ова укажува дека тежината силно е зависна и од останати фактори: стрес, заболувања, лекарства, физичка активност и сл. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор