fbpx

Лековитите својства на маслото од ТЕМЈАН

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Темјанот е ароматична смола што се добива од дрвото од родот Boswellia. Ова дрво е типично за сувите и топли региони во Индија, Африка и Блискиот исток.

При палењето, темјанот развива посебно силен и необично пријатен мирис.

Се користи за религиозни цели, производство на парфеми, ароматерапија и за повеќе намени во традиционалната медицина. За медицинските цели се употребува во облик на масло, чај или преку инхалации. Во модерната медицина и како суплемент во таблети.

"“Online”/

Што вели науката за маслото од темјан?

Постојат повеќе студии на оваа билка и нејзините деривати. Главната утврдена причина заради која може да ги има корисните дејства е босвеличната киселина.

Оваа киселина може да делува на превенирањето од формацијата на леукотриените во организмот, молекули кои се идентификувани како силен фактор или предизвикувач на инфламаторни, односно воспалителни процеси.

Дополнително постојат уште три киселини со слично дејство. Овие киселини ги инхибираат или ја попречуваат работата на ензимите одговорни за синтеза на леукотриените.

Квалитетот на маслото од темјан и другите облици на суплементи, се проценува според неговата концентрацијата на босвелична киселина.

Науката утврдила потенцијални ефекти на темјанот кај:


Остеоартритис
Според повеќе истражувања екстрактот од темјанот може да ги намали болките во зглобовите и до 65%. Мешањето на овој екстракт со екстрактите од други билки може дополнително да помогне. Се смета дека ова е резултат на антивоспалителните карактеристики на темјанот кои претходно ги опишавме. Ефекетот е позитивен и кај ревматоидниот артртис.

Оштетувања на кожата при радиотерапија (радиоактивен дерматит)
Податоците од истражувањата велат дека нанесувањето на маст(со 2% масло од темјан) може да помогне при радиотерапија, односно да превенира од појава на црвенила и чешање по терапијата.

• Улцеративен колитис
Утврдено е значително позитивно дејство на темјанот во подобрувањето на оваа дијагноза кај одредени пациенти. Тој покажал дејство слично на некои медикаменти за оваа дијагноза. Исто така, темјанот може да помогне и во процесот на опоравување, по операциите.


Дополнителни дејства на темјанот за кои постојат податоци во некои студии, но потребни се доста повеќе истражувања за да бидат потврдени, тоа се позитивни дејства при:

Стареење на кожата Почетните истражувања покажуваат дека кремата од темјан може да делува на намалување на брчките, грубоста и оштетувања на кожата од сончевите зраци кај жените.

• Астма – имајќи предвид дека астмата е инфламаторно иницирано заболување на респираторните патишта, научниците го истражуваат интензивно дејството на темјанот кој се смета за добар антивоспалителен агенс. Почетните истражувања покажуваат подобрено дишење и намалување на другите типични симптоми кај астма кај одредени пациенти.

• Малигни заболувања – повеќе студии укажуваат на одредени антиканцерогени дејства на темјанот. Ваквите дејства се должат на одредени негови компоненти кои го спречувале ширењето на малигните клетки, но имале и селективно уништувачко дејство на некои од нив. Лабораториските студии покажуваат вакво дејство кај ракот на дојка, простата, панкреас, меланом и карцином на дебелото црево.

• Главоболки

• Кроново заболување

• Некои дигестивни нарушувања

• Акни

• Тешки повреди на органи од нервниот систем
• Антибактериско дејство

Маслото од темјан не може да помогне при дијабет, стрес, срцеви заболувања, хормонски дисбаланс и фертилност. Постојат информации низ интернет просторот и за вакви дејства, но тие се, барем сé уште без научна основа.

Дозирање и можни негативни ефекти

Продуктите на база на темјан можат да се најдат во најразлични облици. Следете го составот и задолжително консулитрајте се со вашиот лекар пред употребата. Тоа важи и за употребата на било кои други суплементи.

Генерално се препорачува околу 300-400mg дневно од суплементите на база на темјан, за да се обезбеди доволно количество на босвелична киселина. Американската фондација за артритис ја препорачува оваа количина за продукти кои содржат 60% босвелична киселина.

Fibro Gel

Можните непосакувани ефекти се повраќање, гадење, дијареа, чешање на кожата. Екстрактот од темјан кој се внесува во телото може да реагира со одредени медикаменти како ибупрофен, аспирин и други нестероидни антивоспалителни лекови.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X