fbpx

Која храна содржи најмногу ЗАСИТЕНИ МАСТИ?

tonus

Како едни од најозогласените нутриенти, мастите се често тема на голем број дискусии и најчесто се асоцирани со негативно влијание на здравјето. Тие се впрочем и најкалоричниот нутриент, па очекувано се асоцираат и со покачување на телесната тежина. Но, факт е дека нашето тело не би можело да функционира без внес на мастите. Тие се неопходен, исклучително важен нутриент кој е вклучен во огромен број процеси во организмот. Меѓутоа, постојат различни типови на масти, па така денес ќе се задржиме на помалку здравата форма на овој нутриент, а тоа се заситените масти и ќе зборуваме за неколку намирници кои се богати со нив.

 

Заситените масти се неизбежни во секојдневната исхрана, па затоа е важно да се лимитира и да се внимава на нивниот внес

Во реалноста не постои храна која што е составена само од еден тип на масти, туку најчесто тие претставуваат микс од заситени и незаситени. Дури и оние намирници кои се сметаат за здрави, како јатките и пилешкото месо, на пример, имаат одредено количество на заситени масти. Но, тоа количество не е ни приближно како она кај свинското месо на пример, или кај сирењето и останатите полномасни млечни производи. Најчест извор на овие масти се животинските производи, но исто така и некои растителни продукти имаат состав на масни киселини кој е доминантно заситен. Такви примери се палминото масло, кокосовото масло, самиот кокос итн.

Внесот на ваквите маснотии треба да го сведеме на минимум (особено кај луѓето кои веќе имале проблеми со кардиоваскуларното здравје), бидејќи многу студии ги поврзуваат со најразлични заболувања. Но, минимизирањето на внесот на храната богата со заситени маснотии не би требало да се замени или компензира со внес на храна, која на пример е богата со прости шеќери. Доволно е само да се намали внесот на намирници кои се добро познат извор на заситени масти. Како што споменавме, целосно елиминирање на ваквите масти е речиси невозможно, но и непотребно. 

"“Online”/

Според досегашните научни истражувања, се чини дека токму заситените масти се помеѓу главните причинители на кардиоваскуларните заболувања, некои видови на малигни заболувања, како и причинители за т.н инфламаторни или воспалителни процеси во телото.

Една студија спроведена во 2017 во САД, покажала дека ако заситените масти се заменат со здрави масти, односно незаситени, ризикот од кардиоваскуларни заболувања се очекува да се намали и до 30%

 

Која храна е извор на најголемо количество заситени масти?

Најголемиот извор на заситени масти во исхраната се, споменавме животинските продукти, но поконкретно, за да бидеме појасни, тоа се следните производи од секојдневнието: 

  • Црвено месо
  • Месни преработки
  • Полномасни млечни продукти – полномасно млеко, полномасна павлака, сирење, кашкавал, зденка, кајмак, млечни намази и сл.
  • Лиснати пецива, пица, пити итн.
  • Брза храна
  • Сладолед, торти, пудинзи 
  • Кондиторски производи – особено се нездрави бидејќи често се микс од заситени масти и рафиниран шеќер со што се и исклучително калорични
  • Кокосово и палмино масло 

 

За разлика од овие намирници, за извор на здрави, незаситени масти се сметаат:

  • Јаткастите плодови (бадеми, лешници, индиски ореви, ореви итн.)
  • Семиња (чиа, ленено семе итн.)
  • Риба 
  • Маслинки 
  • Речиси сите растителни масла – особено маслиновото

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор