fbpx

Предлози за ЗДРАВИ ПИЈАЛАЦИ кои може да ги практикувате СЕКОЈДНЕВНО!

tonus

Иако имаме малку невообичаено време за овој период од годината, пред нас се неизбежно и топлите, летни денови. Кога температурите ќе пораснат, особено е важно да сме доволно хидрирани и да внимаваме на внесот на течности. Поради обилното потење, а недоволниот внес на течности, летото е период кога голем број луѓе имаат делумна или сериозна дехидрираност. Поради тоа, денес ќе зборуваме за важноста од внес на доволно течности, но и ќе погледнеме неколку најздрави и најдобри опции кои може да ја заменат обичната чаша вода.

 

Зошто е важен внесот на течности и добрата хидрираност?

Нашето тело во просек е изградено од околу 60% вода. Водата има клучна функционална, но и структурна улога во организмот. Таа е главниот агенс за прочистување на телото, но и средина во која се одвиваат повеќето физиолошки процеси. Така, водата е неопходна за секоја една клетка од телото и е потребна за нашиот организам да може да се ослободи од сите токсини кои се акумулираат во текот на денот.

Секое едно ткиво и орган во телото имаат потреба од вода за правилно да функционираат. Регулацијата на температурата, отстранувањето на непотребните материи, подмачкувањето на зглобовите, сите тие се процеси кои имаат потреба од вода.

"“Online”/

Под поимот хидрација, подразбираме внес на течности од храната и од пијалоците. Препорачаниот дневен внес за вода е околу 2,7 литри за жени и 3,7 литри за мажи. Ова се општи препораки за внес на течности кои во голема мера зависат од степенот на потење, физичката активност, здравствената состојба и сл. 

Од ваквите препораки за вкупен внес на течности, не значи дека целото потребно количество мора да го внесуваме преку пиење на вода, но препорачливо е да се избегнуваат пијалоците кои прават повеќе штета во телото, отколку што нè хидрираат. Како такви може да ги издвоиме пијалоците богати со додадени шеќери

Поради тоа, во продолжение ќе одвоиме дел од најздравите пијалоци кои може да ги консумирате секојдневно во претстојниот период на топли, летни денови. 

 

Неколку предлози за здрави пијалaци

1 . Лимонада без шеќер

Лимонадата е една од најдобрите опции за освежување и хидрирање. Доколку е без додаден шеќер, таа е одлична комбинација на витамини, минерали, но и природен шеќер кој доаѓа од лимоновиот сок. Таа е освежителна и може да се пие во речиси неограничени количини, бидејќи е навистина ниско-калорична. Имајте предвид дека поради самата киселост на пијалокот, честото пиење на лимонада може да ги оштети забите, па затоа се препорачува истата да се пие со цевка.

 

2 . Било каков хербален чај, особено зелен

Чаевите се исклучително здрав пијалок, богат со разновидни антиоксиданти. Во топлите денови, може да подготвите било каков хербален чај, да оставите да се олади, а потоа да го консумирате како ладен чај. Зелениот и црниот чај може дури да послужат како замена за кафето, бидејќи и тие содржат кофеин. Зелениот чај се смета за еден од најздравите чаеви, а тоа претежно се должи на исклучително богатиот состав на антиоксиданти наречени полифеноли. Дневно можете слободно да консумирате од 3-5 шолји на зелен чај. Наместо зелен, подготвен леден чај од нане, мајчина душица, планински чај, хибискус или па микс од сите наведени.

 

3 . Кефир 

Кефирот се смета за еден од најздравите ферментирани пијалаци. Тој е одличен извор на пробиотици, витамини и минерали, но и на протеини и масти. Се смета за пијалок кој особено влијае позитивно на дигестијата, а воедно е и доста освежителен и вкусен. Комбинирајте го со вашиот појадок или вечера. Повеќе информации околу сите придобивки од кефирот, може да најдете тука.

 

4 . Јогурт

Како и кефирот, јогуртот е еден од најдобрите пробиотски производи кој често се наоѓа на нашата трпеза. Ги има речиси истите својства како и кефирот, со можеби мали разлики во количините на протеини и масти. Ладната чаша јогурт оди одлично со голем број појадоци или вечери, а е одличен начин да се освежите и хидрирате. Дополнително, присутните масти и протеини го прават јогуртот намирница која лесно заситува, па комбинирајќи го со оброкот може да резултира во помал број внесени калории.

 

5 . Овошен шејк или смути

Иако технички не се смета за пијалок, шејкот или смутито може да биде одличен појадок или ужина. Тие се исклучително нутритивни, изобилувајќи со витамини, минерали, антиоксиданти, а доколку ги комбинирате со житарки, тогаш стануваат целосен оброк кој има и растителни влакна, јаглехидрати и протеини. Доколку ги помешате овошјата со вода и житарки, добивате напиток со релативно ретка конзистентност, а користењето на смрзнати овошја го прави овој рецепт уште по освежителен и летен. Ако сакате да подготвите вкусни и здрави рецепти за шејк, кликнете тука.

 

6 . Вода

Набројаните пијалаци се замена за вода, но таа сепак треба да биде приоритетна и најмногу консумирана. Водата има 0 калории, со што не влијае на телесната тежина. Како што споменавме, потребите за вода се индивидуални, но општите препораки се добар начин да се добие претстава за количеството вода кое ни е потребно. Водата може да ја внесуваме преку напитоците кои ги споменавме, директно како вода или преку храната. 

 

За лесно препознавање на дехидрираноста, препорачливо е да внимавате на следните најчести симптоми:

За возрасни лица:

      Екстремна жед

      Ретко мокрење

      Темна боја на урина

      Умор и вртоглавица

      Збунетост

 

За новороденчиња и помали деца некои од симптомите може да се:

      Сува уста и јазик

      Три или повеќе часа без мокрење во пелените

      Промени во изгледот на кожата околу очите и образите

      Надразливост и немање енергија

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор