fbpx

Како АЛКОХОЛОТ го отежнува и попречува СЛАБЕЕЊЕТО?

tonus

Секој од нас сака повремено да ужива во чаша добро вино или пиво со пријателите и блиските. Алкохолот е нешто што се асоцира со социјализација и е присутен во речиси сите прослави. Во умерени количини, кога ретко се консумира, тој не предизвикува сериозни проблеми по здравјето. Но, доколку е зачестена консумацијата или пак таа е во поголеми количини, тогаш тоа негативно се одразува на нашето здравје. Еден аспект е и телесната тежина, односно влијанието на алкохолот врз успехот и процесот на слабеење – нешто за што ќе зборуваме во продолжение.

 

Алкохолот може да е сериозен проблем за јавното здравје

СЗО го смета алкохолот за психоактивна супстанца со карактеристики што создаваат зависност. Но, алкохолизмот се смета и за социопатолошко нарушување, односно нарушување кое во значителна мера зависи, но и влијае на социјалните односи.

На годишно ниво, алкохолот директно придонесува за 3 милиони загубени животи, но веројатно претставува и причинител на повеќе сериозни здравствени и социјални проблеми на многу повеќе милиони луѓе. Во тие милиони не спаѓаат само директните жртви на алкохолот туку и нивните блиски, од повеќе аспекти. Според проценките на СЗО, алкохолот е директно одоговорен за дури 5% од сите болести, па така тој е значителен терет и за здравствениот систем.

"“Online”/

Значи, алкохолот покрај тоа што е ризик за уживателот, тој е ризик и за неговите блиски- семејно насилство, за здрвстевниот систем (оптеретување кое објективно може да се намали), но ризик и за неговата околина – пијанството е многу честа причина за сообраќајните несреќи.

Многу повеќе околу ризиците и начините за откажување од алкохолната зависност, прочитајте тука.

Во продолжение, повеќе околу една потенцијална опасност од претерување со алкохолот, претерување кое не мора да значи зависност – покачување на телесната тежина.

[Поврзано: ПИВСКИ СТОМАК – Мит или вистина? Зошто е толку опасен?]

 

Дали алкохолот го отежнува слабеењето?

Влијанието на алкохолот врз успехот од слабеењето е комплексно и зависи од повеќе фактори. Научните студии постојано покажуваат дека алкохолот може да ги попречи напорите за слабеење преку разни механизми. Прво, алкохолните пијалоци придонесуваат за т.н „празни калории“, обезбедувајќи енергија без притоа да содржат било какви хранливи материи, што доведува до зголемување на вкупниот внес на калории. Второ, се смета дека телото му дава приоритет на метаболизирањето на алкохолот пред другите макронутриенти, потенцијално забавувајќи го процесот на согорување на мастите.

Исто така, консумирањето алкохол е поврзано со зголемен апетит и влошен избор на храна и намирници, што значи и повеќе калории и внес на нездрава храна. Најчесто со пиење на алкохол, луѓето одбираат и масна, солена и калорична храна, значително зголемувајќи го дневниот внес на калории. Надвор од директниот калориски придонес, црниот дроб ја приоритизира обработката на алкохолот, лимитирајќи го ефикасното метаболизирање на мастите. 

Алкохолот може да го наруши и режимот на спиење, да влијае на целокупниот метаболизам и негативно да влијае на процесот на слабеење. За начинот на кој недостатокот од сон влијае на изборот на храна, имаме зборувано во претходна статија.

За да се максимизира успехот од програмата за слабеење, треба се лимитира внесот на алкохол, а фокусот да се стави на поздрави, помалку калорични пијалоци како што се: водата, чајот, лимонадата и сл. Доколку се консумира алкохол, тоа треба да е поретко и во умерени количини. Секако, прекумерноста со алкохолот е ризична и штетна по здравјето преку многубројни механизми – тој влијае негативно на кардиоваскуларното здравје, здравјето на црниот дроб, когнитивното и менталното здравје итн.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор