Гостување во НулаМПлус ТВ Телма Акценти:
- Без нереални цели за рапидно слабеење. Нормално е за 12 месеци по породувањето да ја вратите тежината со која сте ја започнале бременоста. Значи, take it easy 🙂
- Во првите два месеци БЕЗ никакви диети или режими на исхрана. Оставете да се стабилизира лактацијата и да го пребродите постпородилниот период.
- Доењето води кон здраво слабеење. Месечно од 500 гр до 2 килограми намалување на телесната тежина. Се’ што е над тоа – е ризик за здравјето и можност за недостатоци во исхраната.
Д-р Митов