fbpx

ВАЖНО: како ПРАВИЛНО да си измерите крвен притисок во домашни услови?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Во една од претходните статии зборувавме подетално околу тоа што значи нормален, а што повишен крвен притисок. Дадовме и некои најосновни информации што секој поединец треба да ги има предвид, кога станува збор за крвниот притисок.

[Поврзано: Oсновни, а пресутни информации за крвниот притисок]

,,Тивок убиец”

Постојат повеќе митови на тема висок крвен притисок. Еден од најчестите е дека ваквата состојба не е толку опасна по здравјето и дека е дел од нормалниот, физиолошки процес на стареење. Фактите зборуваат нешто сосема поинакво.

"“Online”/

Имено, високиот крвен притисок, на долг, па и на пократок рок (ако е превисок), може да води кон навистина сериозни здравствени компликации!

Исто така, повишениот крвен притисок не е нормална појава во било кој период од животот, на било која возраст. Тој е сигнал дека нешто не е во ред.

Тој е еден од најважните ризик-фактори за кардиоваскуларните, но и некои други чести заболувања. За жал, ваквата состојба најчесто се појавува без никакво предупредување, односно нема симптоми. Заради овие причини, често пати високиот притисок се нарекува и ,,тивок убиец”.

Fibro Gel

Единствениот начин соодветно да му ,,влеземе во траг” е постојано да го следиме, преку редовно мерење (лицата со хипертензија или лица со зголемен ризик од неа).  Во продолжение, повеќе информации околу тоа како во домашни услови, на правилен начин да го следите вашиот крвен притисок.


Зошто и кога е важно дома да имате апарат за мерење на притисокот?

 Американската асоцијација за здравје на срцето, препорачува секој пациент со хипертензија редовно да ги мониторира или следи вредностите на својот крвен притисок, со соодветен апарат, во домашни услови. Истото важи и за лицата кај кои докторот ќе утврди зголемен ризик од висок притисок.

Ова е најдобриот начин да се види дали терапијата и менувањето на животните навики функционираат во насока на намалување на високите вредности за ,,горниот” и ,,долниот” крвен притисок.

Домашното редовно мерење на притисокот, исто така значително им помага на медицинските лица во дијагностицирањето на хипертензијата. Зошто? Некои луѓе, заради нервозата и возбудата, покажуваат нереално висок крвен притисок во канцеларијата на лекарот. Дополнително, реална слика за тоа колкав е притисокот не може да се добие од само едно или неколку мерења. На пример, притисокот варири во различни периоди од денот. Така, се наметнува потребата од подолготрајно следење.

Значи, серијата мерења во домашни услови, ќе му дадат на лекарот одлична основа во одлучувањето дали имате хипертензија или не.

 

Клучно е да се нагласи дека за да дојдеме до релевантни податоци за крвниот притисок, односно вредности кои можеме да веруваме дека се точни, потребно е да имаме добра техника за правилно мерење на притисоко и стриктно да следиме одредени постапки.

 

Како треба да го мерите вашиот притисок во домашни услови и со каков апарат?

 

За најдобри апарати се сметаат оние со дигитален екран, кој ги покажуваат вредностите за горниот, долниот притисок, но и за пулсот.

За да бидете сигурни дали апаратот е добар, најдобро е прво да се консултирате со лекарот кој ве следи. Секако, консултирајте се со медицинското лице и околу техниките и постапата правилно мерење притисок.

3 чекори за правилно мерење на крвниот притисок кои ние ви ги предложуваме:

 

  • Прашајте го докторот колку често треба да го мерите притисокот и во кои делови од денот. Најчесто препораките се мерењата да бидат наутро и навечер, во отприлика истото време. Ако притисокот со текот на времето во голема мера се стабилизира, нема да има потреба од толку чести мерења. За да добиете што пореални вредности, повторувајте ги мерењата 2-3 пати, во една сесија. Ако мониторот нема опција за меморирање на податоците, важно е да ги запишувате сите мерења.

 

  • Немојте да го мерите притисокот веднаш по наглото станување од кауч или од кревет (лежење). Мерете го притисокот пред доручекот. Избегнувајте кофеин, тутун, алкохол и физички активности најмалку 30-тина минути пред мерењето. Ако имате потреба, задолжително испразнете го мочниот меур. Дишете длабоко и останете смирени, барем 5 минути пред самото мерење.

 

  • Внимавајте на положбата. Треба да седите исправено на обично столче кое нема да биде ниту премногу високо, ниту прениско во однос на масата на која стои апаратот. Раката на која е поврзана манжетната од апаратот (веднаш над лактот), треба да биде слободна, исправена на масата, во висина на срцето. Пожелно е столчето да има потпирач на кој ќе ја ставите другата рака. Никако немојте премногу да ја стегате, опуштате или да ја поставувате манжетната над облеката. Манжетната треба да покрива ⅔ и обвиткува 80% од надлактицата која е целосно ослободена од било каква облека. Внимавајте цревата поврзани за манжетната да не бидат притиснати или превиткани

Можете да мерите крвен притисок на левата или десната рака, но секое следно мерење, манжетната ставајте ја на истата рака.

 

Други важни совети кој придонесуваат за правилно мерење притисокот:

  • Немојте да ги стегате мускулите на рацете или на било кои други делови од телото.
  • Не зборувајте во текот на мерењето
  • Изберете тиква просторија
  • Не го запирајте здивот додека мерите
  • Столчето треба да биде удобно и нозете не смеат да бидат прекрстени

 

Важно е да знаете дека дури и мерењата едно по друго, можат да дадат различни резултати. Сите тие треба да бидат запишани, а она што е значајно е просекот (просечната вредност од сите мерења). Одредени типови на аритмија, можат да направат проблеми во точното мерење на притисокот, па при такви случаи, мерењата се изведуваат во амбуланта.

Повеќе околу крвниот притисок и животниот стил, прочитајте тука.

Консултација со Д-р Митов за проблеми со високиот притисок, можете да закажете тука.

 

 

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X