fbpx

Може ли здравата исхрана да го намали ризикот од Паркинсон?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Во некои од претходните статии зборувавме околу позитивното влијание на животниот стил врз различните видови деменција.

Денес ќе разгледаме и една нова студија која вели дека исхраната богата со свежи производи, јаткасти плодови, мешунки и минимално животински продукти (како што е Медитеранската исхрана) може да го намали ризикот од Паркинсоновото заболување (честа пропратна болест при деменцијата).

Што е Паркинсонова болест?


Паркинсоновата болест е прогресивно невродегенеративно заболување кое примарно влијае на моториката, односно на способноста за движење на пациентите. Често започнува со мал потрес на раката или вкочанетост на мускулите, па потоа постепено се влошува. Според статистиката, во поголем ризик од Паркинсон се мажите, посебно над 50 годишна возраст.

"“Online”/

За жал, не постои конкретен тест за нејзино утврдување, па неретко погрешно се дијагностицира.

Што ја предизвикува болеста?

Телото користи допамин при контролирање на движењата, а оваа болест всушност се јавува како резултат на нарушувањето на невроните кои го произведуваат допаминот. Потребни се поголем број на истражувања за целосно да се потврдат овие тврдења, но и да се утврдат точните причинители за нарушувањето и изумирањето токму на споменатите неврони.

За жал, не постои лек за Паркинсонова болест, но можни се ублажувања на симптомите преку користење лекови кои стимулираат создавање допамин.

Во продолжение, нешто повеќе за новото истражување кое вели дека здравата исхрана може да помогне во превенцијата и од ова заболување.

Не се само тешкотиите при движење

Поголемиот дел од проблемите кои ги создава Паркинсон се поврзуваат со отежнати движења – забавено движење, лесно губење рамнотежа, неразбирлив говор, несвесни движења (неконтролирано нишање на рацете, смеење итн.). Сепак, искуствата велат дека често кај луѓето со дијагностициран Паркинсон се јавуваат и немоторички симптоми, како констипација (запек), замор и поспаност во текот на денот и симптоми на депресија. Но, утврдено е дека споменатите немоторички симптоми можат да се појават дури и до 10 години пред да се почнат да се јавуваат проблемите со моториката или дивжењата.


Нешто повеќе околу студијата

Студијата била спроведена на над 47 илјади испитаници, почнувајќи од 1980-тите, кога тие биле средовечни луѓе. Специјални прашалници во однос на нивната исхраната биле спроведувани на секои 4 години, а испитаниците биле поделени во 5 групи според нивната исхрана.

Во 2012 година бил спроведен прашалник со кој било испитувано дали и во кој обем волонтерите ги имаат најчестите симптомите (констипација и нарушување на сонот во неговата РЕМ фаза) кои подоцна често водат кон дијагностицирање Паркинсон. Подоцна, бил спроведен и прашалник во однос на неколку дополнителни симптоми, како губење на чувството за мирис, наршено гледање на боите, прекумерно спиење во текот на денот, депресија и болки во телото.

Утвредно било дека групата која имала најконзистентна Медитеранска исхрана имала најдобри резултати. Испитаниците кои јаделе повеќе свежа храна, јаткасти плодови, мешунки и избегнувале животински продукти и алкохол, имале најмала веројатност од развивање на претходно споменатите симптоми. Во бројки, луѓето од оваа група имале дури 33% помала веројатност да развијат 3 или повеќе ,,предходечки симптоми, во однос на групата која била најдалеку од Медитеранската исхрана.

Што можеме да извлечеме како заклучок?

Значи, практикувањето на здравата исхрана кај средовечните луѓе (45 до 60 години), има поврзаност со намалување на симптомите (немоторичките) кои ѝ претходат на Паркиносновата болест.

Истражувачите заклучуваат дека иако сè уште не може да биде потврдена причинско-последична врска помеѓу здравата исхрана и превенцијата од симптомите на Паркинсон, утврдена е одредена релација, што е доволно за да нѝ даде уште една причина плус зошто треба да се храниме здраво. Во врска со тоа дали здравата исхрана може да го одложи или превенира развојот на Паркинсоновата болест кај луѓето кои веќе ги имаат споменатите ,,претходечките” симптоми, потребни се многу повеќе истражувања.

Важно е да се каже дека иако наведените симптоми, особено во комбинација се често ,,претходечки”, тие сепак не нужно значат развивање на Паркинсонова болест.

Извори:

https://neurosciencenews.com/

Fibro Gel

Diet pattern and prodromal features of Parkinson’s disease; Samantha Molsberry, Kjetil Bjornevik, Katherine C. Hughes, Brian Healy, Michael Schwarzschild, Alberto Ascherio

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X