fbpx

Обезноста не е нормална појава ниту кај децата! Што можеме да превземеме за да ги заштитиме?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Сите сме свесни дека гојазноста, особено во последно време е со пандемски размери, а ниту децата не се поштедени. Според истражувањата од САД, дури 10% од децата помеѓу 2 и 5 години се сметаат за обезни. За среќа, овој процент е опаднат за разлика од пред 10 години, кога тој бил околу 14%!

Сепак, имајќи го во предвид фактот што земјите од нашиот регион ,,доцнат” во повеќе области, веројатно нема да претераме ако кажеме дека и кај нас ситуацијата е слична како во САД пред 10 години.

Заради бројните ризици кои доаѓаат со прекумерната тежина, родителите треба особено сериозно да го сфатат овој проблем и да не го игнорираат. Обезноста кај децата не е нормална појава и дел од нивниот развој!

"“Online”/

Кои се можните ризици по здравјето на децата?


• Зголемен ризик од гојазност подоцна во животот – голем процент од гојазните деца, стануваат и возрасни со повишена или прекумерна телесна тежина.

• Зголемен ризик од анксиозност и депресија – најчесто поради проблемите со социјализацијата, намалената самодоверба и исклученоста од средината. Фактори кои се поврзани.


  • Метаболен синдром– кластер или збир од повеќе метаболитички нарушувања (ризик-фактори), кои се појавуваат заедно, зголемувајќи го ризикот од кардиоваскуларни заболувања и дијбетес тип 2. Децата со повишена телесна тежина, имаат поголем ризик за метаболитички нарушувања. Од 25 до 40% од ваквите деца, го имаат овој синдром.

    Проблеми со црниот дроб – гојазните поединци имаат зголемен ризик од неалкохолно замастен црн дроб.

    Астма – огромен број на деца кои се гојазни имаат астма.

  • Нарушена навика за спиење– гојазните деца имаат зголемен ризик од развој на обструктивна спиечка апнеа. Нарушениот сон може да е ризик за дополнително зголемување на телесната тежина. Повеќе околу поврзаноста помеѓу нарушениот сон и телесната тежина, прочитајте тука.

  • Камчиња во жолчката– камчињата во жолчката се значително позастапени кај гојазните деца, во однос на останатите.

  • Менструални проблеми– гојазноста го зголемува ризикот од предвремен влез во пубертет кај девојчињата, а може да придонесе и за нерегуларни циклусиподоцна во животот.

  • Проблеми со зглобовите

  • Киселински рефлукс

Сите овие можни ,,компликации” од обезноста кај децата нема да се случат веднаш, туку со текот на времето. Но, можеби еден од најголемите ризици се лошите навики. Секако, тие се градат на помлада возраст, па со текот на времето стануваат доста цврсти и тешки за менување. Колку подолго траат лошите навики, толку се потешки за менување. Затоа, на проблемите со детската обезност треба сериозно да им се пристапи.

Како да знаете дали вашето дете е гојазно?

Рамките на она што значи ,,нормална” телесна тежина варираат значително, главно во зависност од висината на детето. Како и кај возрасните, така и за децата постојат т.н. BMI калкулатори кои по едноставното внесување на податоците (за висина, тежина, точна возраст итн.), ќе ви дадат информации за тоа во која ,,тежинска” категорија припаѓа вашето дете – неухранетост, нормална тежина, прекумерна тежина или обезност. Повеќе за калориите и што значат поимите BMI и BMR, прочитајте тука.
Споменатите калкулатори можат да дадат податоци за децата над 2 годишна возраст. Ако имате загриженост за помалите или бебињата, обратете се кај вашиот педијатар.

Fibro Gel

Зошто е калкулаторот многу значаен? Кога станува збор за децата, вредностите за телесната тежина според кои можеме да класифицираме одреден поединец како дете со нормална тежина или гојазно дете, се во многу тесни граници, па тешко можеме тоа визуелно да си го претставиме.

На пример, ако 2 годишно девојче има висина околу 93cm, со 13kg би се сметало за неухрането, со 15-17kg за дете со нормална тежина, додека за тежина над 19kg, би се сметало за гојазно дете. Затоа, BMI калкулаторот нѝ дава појасна слика.

За среќа, тежината се менува драстично (во позитивна смисла) откако децата проодуваат, но и понатаму.

Што да превземете ако вашето дете е обезно?

 

Како што рековме, тежината постојано варира, па нема потреба од паника, но не треба на обезноста да гледаме како ,,нормална” работа или нормален дел од развојот на детето. Потребна е одмерена загриженост и посветување на внимание, односно превземање на акција со што ќе му создадете здрави навики на вашето дете. Најпрво за исхраната.

Секако, особено за децата под 2 години ДИЕТИТЕ НЕ СЕ ИЗБОР, па ниту слабеењето. Клучно е да влијаете лошите навики кои му создале проблем на вашето дете да ги промените. Особено помалите деца, растат доста брзо, па позитивните промени ќе дојдат исто така брзо. Добро е да се консултирате и со педијатарот кој го води вашето дете, тој ќе има доста добри совети и околу здравата телесна тежина на вашето дете.

Кратки совети за тоа како вашето дете полесно да усвои навики за здрава исхрана

Без разлика колку килограми има вашето дете, имајќи предвид дека навиките најцврсто се формираат од најмала возраст, треба да направиме здрави промени во домот (во однос на стилот на живеење). Ако до тогаш сте имале бројни оправдувања зошто немате здрави навики, добивањето нов член во семејството е одличен мотив и момент целото семејство да почне да живее поздраво.

Кратки совети како да му го намалите ризикот од обезност на вашето дете:

• Секогаш на менито имајте храна која е со висока хранлива вредност

Нутритивно сконцентирана храна (свежа храна) и храна богата со здрави макронутриенти (сложени јаглехидрати, здрави масти и квалитетни протеини). Обидете се да ја подготвувате храната на интересен и вкусен начин, можеби и заедно со вашето дете, за да му ја направите попривлечна.

• Гледајте никогаш во домот да не се најде храна со т.н. празни калории

Ова е храна која нема хранлива, туку само енергетска вредност (газирани сокови, колачи, торти, пржена храна, различни грицки, чипсови итн.). Ваквата храна не само што е штетна за децата, туку нејзините силни вкусови карактеристики ќе го направат вашето дете зависно од неа, а јадењето свежа храна ќе го неправат невозможна мисија.

• Бидете добар пример

Претходно рековме дека е од особена важност додека е детето помало, во семејството да се направат здравите промени во однос на исхраната. Ако вие јадете нездрава храна, порано или подоцна и вашето дете ,,ќе ја открие” во фрижидерот. Ако вашето дете гледа дека другите членови од семејството не се физички активни, најверојатно и тоа ќе ја превземе таа навика. Затоа, секогаш бидете добар пример и во овој многу важен аспект од живеењето.

• Намалете им го времето за телефон и компјутер, а дадете им поголем простор за играње и активности во природа

• Целосно избегнувајте ги сите видови на засладени сокови

• Внимавајте секогаш детето да е добро наспано и да има добри навики за спиење

• Заинересирајте се што јаде вашето дете додека не е во домот (во градинка, училиште итн.)

[Поврзано: Болести типични за возрасни, сега се јавуваат и кај децата. Единствена причина: ВИШОК КИЛОГРАМИ!]

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X