fbpx

Врската помеѓу СПИЕЊЕТО и телесната тежина

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Често се чувствувате како да ви недостасува сон? Дефинитивно не сте сами. Модерното време создава притисок кон сите нас постојано да бидеме будни и сконцентрирани и спремни за акција. Ова е метафорички, но и буквално, што значи добриот сон кај поединецот сé почесто страда.

Релевантните здравствени институции за оваа тема, како што е Националниот институт за здравје на САД, на пример, препорачуваат 7-8 часа спиење во текот на 24 часа. Истражувањата во САД велат дека дури 40% од луѓето спијат помалку од препорачаното.

3 главни ,,одземачи на сонот”

Работните обврски и сé она што се подразбира околку нив, вклучително стресот кој го предизвикуват, се дефинитивно водечката причина за намалениот сон. Сепак, постојат и две дополнителни причини кои го нарушуваат сонот, особено кај помладите, а тоа се забавувањето/социјализацијата и изложеноста на паметна технологија.

"“Online”/

Паметни телефони, лаптопи, таблети, компјутери и сите други електронски уреди кои емитуваат сина светлина, значително го нарушуваат добриот сон. Како резултат на изложеноста на ваквите уреди непосредно пред спиењето, заспивањето е значително потешко. Дополнително, често е случај луѓето да го поминуваат времето наменето токму за сонот, со ваквите уреди.

Времето за квалитетен сон го одземаат  и различните типови на социјализација кои подразбираат пиење алкохол, но и кофеински пијалаци.

Зошто е спиењето толку важно?

Спиењето му нуди на телото шанса за обновување и ,,подмладување”. Речиси сите механизми за обновување на телото – мускулен раст, обновување на оштетени ткива, синтезата на протеини и лачење на хормони за раст- се одвиваат за време на спиењето.

Ова би значело дека последиците од нарушениот сон одат многу подалеку од обичен замор и слабост во текот на денот.

Експертите велат дека последиците се и во однос на:

концентрацијата и општото расположение
когнитивните способности
• кардиоваскуларното здравје
имуниот систем
регулацијата на апетитот – ризик од гојазност
нарушено либидо
влошен квалитет на кожа
нарушена меморија


Врската помеѓу спиењето и телесната тежина

Сé поголем број на студии покажуваат конзистентни резултати во однос на релацијата помеѓу должината на сонот(пократките периоди на спиење) и повисокиот индекс на телесна тежина кај возрасните, но и кај децата.

Една студија од медицински факултет од Катар ни дава податоци според кои може да се заклучи дека секое кратење на спиењето од само 30 минути, го зголемува ризикот од гојазност и инсулинска резистентност за 17% и 39%, соодветно.

Една пак студија од Колорадо Универзитетот од САД утврдила дека волонтерите кои не спиеле доволно, имале нарушени навики за оброци и биле склони почесто да одбираат нездрава храна.

Друга студија, утврдува дека испитаниците кои не спиеле доволно, јаделе повеќе калории од останатите и тоа од нездрава храна со заситени маснотии и шеќери. Се поставува прашањето: Зошто е ова случај?

Експертите сметаат дека тоа се должи на хормонскиот дисбаланс кој е поттикнат од нарушата навика за спиење. Недоволното спиење ги нарушува нивоата на грелин и лептин, два хормони кои се одговорни за регулирање на гладот и ситоста.

Грелинот сигнализира до мозокот дека е време за јадење. Што помалку спиеме, телото лачи повеќе грелин. Од друга страна, лептинот сигнализира заситување, а при нарушениот сон, неговите нивоа значително опаѓаат.

Според ова, логично е да се заклучи(а и истражувањата тоа го потврдуваат) дека лошите навики за спиење можат значително да го зголемат ризикот од гојазност.

Но, за жал, постои нарушување и во лачењето на еден друг хормон кој е поврзан со телесната тежина – кортизолот. Овој хормон, наречен уште и стрес-хормон сигнализира потреба од дополнителна енергија, која секако се добива од храната. При недоволно спиење, лачењето на кортизолот доживува пикови.

Повеќе за тоа како кортизолот, односно стресот, делува на зголемената телесна тежина прочитајте тука.

Fibro Gel

Кратки совети, како самите можете да си помогнте за подобар сон

 

Во текот на денот:

  • Внесот на кофеински пијалаци сведете го на минимум и не пијте кафе попладне.
  • Ако сте пушач, работете на тоа да ги оставите цигарите. Никотинот е докажан како нарушувач на сонот.
  • Изложувајте се на светлина во текот на денот.
  • Ако чувствувате замор, кратките дремки од 20-30 минути во првата половина на денот можат да бидат корисни.
  • Бидете физички активни! Но, вежбајте до 4 часа пред времето за спиење.

 

Во текот на ноќта:

  • Не употребувајте алкохол. Алкохолот може и да помогне за побрзо да заспиете, но е проблематичен кога станува збор за должината на сонот, односно ќе се разбудите побрзо.
  • Избегнувајте ги оброците, особено обилните, во текот на ноќта.
  • Најдете начини за релаксација (тоа може да биде и некој релаксирачки ритуал, како пиење чај на пример)
  • Немојте да лежите во креветот повеќе од 15 минути, ако не можете да заспиете.
  • Обидете се секоја вечер да легнувате во слично време, исто и за време на викендите.
  • Силното осветлување на домот не е паметен избор.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X