fbpx

АШВАГАНДА – за подобар ФИЗИЧКИ ПЕРФОРМАНС и КОНДИЦИЈА!

tonus

Како една од најпопуларните и најдобро познати билки за справување со стресот, ашвагандата има низа на корисни здравствени ефекти. Особено е популарна кај спортистите и луѓето кои се често физички активни, бидејќи се смета дека ја подобрува и издржливоста и перформансот. Токму на оваа тема, односно ефектот на ашвагандата врз физичкиот перформанс, ќе зборуваме во оваа денешна статија.

 

Ашваганда – растение кое се употребува веќе илјадници години

Ашвагандата е растение од семејството Solanaceae, поточно се работи за Withania somnifera. Расте во топлите краишта, а се смета дека потекнува од североисточните делови на Индија. Се нарекува уште и индиски женшен или зимска цреша. Најчесто се користи нејзиниот корен.

Ашвагандата е богата со низа компоненти кои можат на различни начини да делуваат позитивно врз здравјето на нашиот организам.

"“Online”/

Поседува антиоксидативни, антивоспалителни и антистресни својства, заради што се смета дека може да допринесе за подобро општо здравје и долговечност.

Според податоците на некои истражувања, ашвагандата покажала заштитен ефект од некои малигни заболувања, дијабет и невродегенеративните заболувања, како Алцхајмер и Паркинсон.

Дополнително, таа покажала и смирувачки ефект, како и одредена улога во балансирањето на повеќе важни хормони во човековиот организам.

 

Како ашвагандата го помага и подобрува физичкиот перформанс и издржливост?

Повеќе студии покажале дека ашвагандата нуди неколку придобивки за лицата со редовна физичка активност. Една анализа на 12 различни студии, покажала дека суплементирање со ашваганда со дози од 120 до 1250mg на ден, резултирало со подобрен физички перформанс, повеќе сила и подобра потрошувачка на кислород за време на вежбањето. Друга анализа на 5 студии исто така покажала дека максималната потрошувачка на кислород се зголемила при физичка активност, кога се користи ашвагандата како суплемент. Оваа потрошувачка означува максимално количество на кислород кое едно лице може да го искористи за време на интензивна физичка активност. Со други зборови, тоа претставува мерка или индикатор за здравјето и „кондицијата“ на срцето и белите дробови

Друг ефект на ашвагандата кој бил проучуван е градењето на ново мускулно ткиво. Една студија од 2015 година утврдила дека испитаниците кои користеле 600mg ашваганда дневно, во период од 2 месеци, имале подобри резултати во силата и големината на мускулите, споредено со плацебо групата. Исто така, се смета дека ашвагандата го намалува оштетувањето на мускулното ткиво, со што болката од воспалени мускули е помала и перформансот е подобрен при наредното вежбање. Дополнително, ашвагандата преку намалување на стресот, подобрување на спиењето и зајакнување на имуниот систем, индиректно го подобрува и одржува физичкиот перформанс.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор